fbpx

НАТО не сака нова Студена војна со Русија, порача Столтенберг

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Букурешт рече дека Алијансата не сака нова Студена војна со Русија.

– Загрижени сме поради недостигот од (руска) транспарентност кога станува збор за воени вежби. Сепак, Русија е наш сосед и не сакаме да ја изолираме, ниту, пак, сакаме нова Студена војна со таа земја – рече Столтенберг на крајот на четиридневното заседание на Парламентарното собрание на НАТО во Букурешт.

Столтенберг рече дека членките на НАТО ги зајакнале своите воздушни патроли над Црното Море како одговор на „руското агресивно однесување во Украина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...