fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Давутоглу на средбата со Заев: Иднината на Македонија е во НАТО

Македонија веќе е успешна приказна и иднината на земјата е во НАТО, порачал поранешниот премиер на Турција и актуелен пратеник во турскиот парламент, Ахмет Давутоглу, на средбата со премиерот Зоран Заев. - Република Македонија веќе е успешна приказна, бидејки прогресот е видлив, државата е клучен фактор за стабилноста на Балканот и продолжете да работите со енергичната посветеност на реформите, вашата...

Готемелер: Приемот на Црна Гора во НАТО значи дека вратите се отворени и за Македонија

Членките на НАТО и на меѓународната заедница беа престрашени од насилството во парламентот во април оваа година и го поздравуваме прогресот што е направен оттогаш, изјави заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, на заедничката прес-конференција со министрите за одбрана и за надворешни работи на Македонија, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, кои се во посета на седиштето на...

Шекеринска и Димитров на состанок со Северноатлантскиот совет во Брисел

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се во работна посета на Брисел, каде утре ќе учествуваат на состанокот на Северноатлантскиот совет за Македонија во седиштето на НАТО. Како соопшти владината прес-служба, на состанокот, со кој ќе претседава заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, ќе се затвори 17. циклус на Акцискиот план за...

Заев: Наша цел е да ја вратиме демократијата и да ја забрзаме интеграцијата во НАТО и во ЕУ

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност на основните демократски вредности, добро владеење, владеење на правото и почитување на човековите права, рече премиерот Зоран Заев на обраќањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нациии во Њујорк. Заев оцени дека освен прилагодувањата на глобално ниво, потребно е секоја земја да се посвети на решавање и на домашните прашања. „Ние надминавме длабока политичка и институционална...

Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, соопшти владината прес-служба. На денешната агенда на македонскиот премиер е предвидена средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Виетнам, Фан Бин Мин, како и кратка средба со премиерот на Непал, Шер...

Путин и Шојгу ги пофалија воените вежби „Запад 2017“

Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, ги пофалија резултатите од руско-белоруските воени вежби „Запад 2017“. И покрај руските обиди за смирување на ситуацијата, членките на НАТО се многу загрижени поради воените вежби, а пред сè станува збор за источноевропските членки на Алијансата кои стравуваат дека Русија би можела да ги нападне. Руското министерство за одбрана...

Каракачанов: Темата за Македонци во Бугарија не е добра за односите меѓу двете земји

Сакам изрично да нагласам за да ги прекинам политичките шпекулации - ги поддржуваме државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Немаме проблем со името на Репубика Македонија, ја признаваме земјата под уставно име. Подготвени сме да помогнеме во решавање на спорот со други земји за конечно да се отворат вратите на Македонија за полноправно членство во НАТО. Ова денеска го...

Тачи тврди дека Косово ќе добие своја војска до крајот на годината

Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека до крајот на оваа година Косово ќе добие своја војска. Тачи, во интервју за „Радиотелевизија Косово“ изјави дека во формирањето на косовската војска очекува силна поддршка и соработка од САД и од НАТО, вклучувајќи ги и измените на косовскиот устав, како неопходен услов. „Војската ќе биде воспоставена оваа година во соработка со НАТО и со...

ДС: Граѓанската определба за НАТО и за ЕУ ќе биде валидизирана и на локалните избори

Демократскиот сојуз денеска повтори дека спроведувањето реформи и промени е важен услов за деблокада на евроатланските процеси. „На 15 октомври ќе се гласа и за локалната власт, но и за тоа во кој правец ќе се движи Македонија. Демократскиот сојуз смета дека национален, државен и стратешки интерес е Македонија што побргу да добие покана за полноправно членство во НАТО и...

Иванов – Креј: Македонија да го добие заслуженото место во НАТО

Македонија ги исполнува сите услови и критериуми за членство во НАТО, а со учеството во мировните мисии де факто се однесува како членка на северно-атлантската организација, истакнал претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на средбата со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, кој е во официјална посета на земјава. Во овој контекст Иванов изрази очекување за понатамошна интензивна...

Димитров: Паралелно да се одвиваат преговорите за влез во ЕУ и за спорот за името

Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската Унија да почне преговори и покрај тоа што сè уште не е решен спорот со Грција за името, изјави вчера шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Ројтерс“. - Ако ги спроведеме реформите во земјата, се надеваме дека ќе стигнеме до таа фаза (почеток на преговори за влез во ЕУ)...

Шекеринска: Сметаме на нашите стратешки партнери за членството во НАТО

Македонија смета на своите стратешки партнери, особено сега кога работиме забрзано и искрено за членството во НАТО, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по денешната средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, кој е во официјална посета на Македонија. - Македонија – членка на НАТО е заедничка цел зашто служи на двата крупни интереси – стабилен регион,...

Трудо до Заев: Го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во НАТО

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, упатил писмо со честитки за изборот за премиер на Зоран Заев во кое изразува надеж за плодна соработка во иднина, соопшти владината прес-служба. „Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите Вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на Вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации и...

Брглез: По Црна Гора, време е Македонија да влезе во НАТО

Фокусот од Црна Гора го префрламе на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО, порачал претседателот на словенечкиот парлемент, Милан Брглез, на средбата со премиерот Зоран Заев. „Ви честитам за сè што постигнавте по политичката криза и за успешните позитивни промени што се случуваат во државата, во односите со соседите и на меѓународен план. Добро е да...

Тилерсон: Работиме 26 години заедно во поддршка на аспирациите на Македонија

Државниот секретар на САД,  Рекс Тилерсон, ја честиташе 26-годишнината од независноста на Република Македонија. Tој во име на Владата на САД изрази најдобри желби за луѓето во Македонија. „Работиме заедно 26 години во поддршка на аспирациите на Македонија за влез во Европската Унија и во НАТО. Ја поздравуваме акцијата што ја презеде новата Влада да ја демонстрира посветеноста кон демократските...

Шекеринска и Бартол го честитаа Денот на независноста од врвот Мусица кај Крушево

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, денеска од врвот Мусица на Бушева Планина им го честитаа 8 Септември, Денот на независноста, на сите граѓани на Република Македонија. Придружувани од амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото Кралство, Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите на планинарското друштво „Ристо Карпуш“,...

Првата одбранбена линија на НАТО не може да издржи напад од Русија

Во случај да избие војна меѓу Русија и САД, американските интервентни сили во Европа не би го издржале нападот на руската војска, пишува белгискиот портал „Политико“. Анализирајќи го извештајот на „Пентагон“, порталот наведува дека силите на САД се несоодветно организирани и опремени со застарена технологија. Ова се однесува на 173. водушно-десантската бригата, која е стационирана во Виченци, а според планот...

Џафери – Коѕиас: Сега е моментот да се постигне компромис за отворените прашања

Сега е моментот да се постигне компромис за отворените прашања, што ќе овозможи соработка меѓу Македонија и Грција на сите полиња, вклучително и интензивирање на средбите на парламентарно ниво. Ова било истакнато на денешната средба меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Џафери, како што соопштија од Собранието, на средбата посочил дека и покрај...

Заев – Коѕиас: Ако Македонија се придвижи напред, тоа ќе биде добро за целиот регион

Само позитивен пристап во решавањето на отворените прашања меѓу државите, со меѓусебно почитување и разбирање, е иднината на регионот, истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, кој денеска е во посета на Македонија. На сребата, која, како што соопштија од владината прес-служба, поминала во пријатна и во конструктивна атмосфера, Заев и Коѕиас се заложиле...

Коѕиас: Сакаме нашиот мил северен сосед да биде дел од ЕУ и од НАТО, но да исполни услови

Грција ги поддржува евроатланските аспирации на целиот регион, истакна министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. - Сакаме да ѝ помогнеме на земјата, да ѝ ги пренесеме искуствата и слабостите. Одлуките од Букурешт мора да се реализираат за потоа земјата да стане членка на НАТО. Сакаме нашиот мил северен сосед...

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...