fbpx

Владите на Македонија и на Бугарија ќе имаат заедничка седница во Струмица

-

Македонија и Бугарија се пример за добрососедство и за соработка што ја зацврстува безбедноста на целиот регион и Бугарија недвосмислено ја поддржува Македонија на патот кон Европската Унија и кон НАТО и ќе помогне во остварувањето на стратешките цели на земјава. Ова било истакнато на средбите на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и со бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во Софија.

Бугарскиот премиер Борисов на средбата со Шекеринска, како што соопштија од Министерството за одбрана, рекол дека со преземањето на претседателството со Европската Унија, Бугарија ќе ѝ ја пружи сета поддршка на Македонија во нејзиниот евроинтегративен процес.

Шекеринска истакнала дека последните месеци покажале дека постои силна политичка волја за конкретна соработка, реални позитивни и пријателски односи меѓу двете земји и една нова клима на соработка.

– Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка помеѓу Македонија и Бугарија ги интензивираше контактите во сите области. Ние сме особено задоволни бидејќи како две пријателски земји, презедовме чекори за издигнување на одбранбената соработка на едно повисоко ниво – рекла Шекеринска, додавајќи оти очекува во следниот период да се дефинираат конкретни активности на соработка на двете армии, со фокус на заедничката обука на специјалните сили.

Министерката за одбрана рекла и дека претстојната седница меѓу двете влади во Струмица ќе покаже дека соработката се продлабочува.

Министерот за обрана на Бугарија, Каракачанов, изразил задоволство што со владата на премиерот Зоран Заев од 1 август до денес контактите меѓу Бугарија и Македонија се поинтензивни отколку во последните 20 години. Тој истакнал дека политиката на Бугарија за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ е јасна, а таа е – категорична поддршка.

Каракачанов рекол оти се надева дека Договорот за добрососедство набргу ќе го ратификуваат и двата парламенти.

Во рамките на посетата, Шекеринска ќе го посети и Националниот воен команден центар на бугарската армија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...