fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Еднодневна едукативна екскурзија за меѓуетничка интеграција во образованието

Ученици од прва до четврта година од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ и од струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и на УСАИД, реализираа еднодневна едукативна екскурзија и посета на туристичките локалитети во Охрид. Целта беше запознавање на заедничкото културно-историско наследство, со кое се презентираме пред светот и преку...

Учебната година ќе почне на 1 септември, одлучила Владата

Претстојната учебна година, сепак, ќе почне на 1 септември, одлучила Владата на вчерашната седница, на која била разгледувана иницијативата на хотелиерите, летниот распуст да трае до 15 септември поради лошата туристичка сезона во мај и во јуни. Владината одлука, денеска на прес-конференција ја соопшти заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, посочувајќи дека таа произлегла од консултациите со стручни лица...

Измените во законите за основно и за средно образование пред Уставен суд

„Средношколски пленум“ и „Наставнички пленум“ реагираа на измените донесени во законите за средно и за основно образование, кои ги нарекоа неуставни, за што ќе поднесат претставки од Уставниот суд. - Образованието е процес, а не проект. Со донесување законски решенија по скратена постапка или во три часот по полноќ, далеку од очите на јавноста, без никаква јавна расправа со засегнатите, не можеме да...

Екстерното заврши, следува период на приговори

Со завршување на школската година и со почетокот на летниот распуст, завршува и долго оспоруваниот процес на екстерно тестирање во основните и во средните училишта. Во процесот беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници од четврто одделение до трета година средно. - Процесот, како и во изминатите години, е полн со нелогичности, технички пропусти во тестовите, но и со немање...

Интернационалата за образование задоволна од компромисот меѓу МОН и СОНК

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, имаа средба со генералниот секретар на светска федерација на синдикати и организации во областа на образованието - Интернационалата за образование, Фред ван Лејвен, на која сите го искажаа задоволството од постигнатиот компромис меѓу МОН и СОНК. - На средбата дискутиравме за активностите и за проектите во образованието и...

Учебната година сепак ќе заврши на 10 јуни

Министерствоти за образование соопшти дека, сепак, учебната година ќе заврши на 10 јуни. Директорите на средните училиштата во кои имаше бојкот на наставата, сами ќе треба да најдат начин каако да ги надополнат изгубените часови. „Средношколски пленум“ ја бојкотираше наставата еден месец.

МОН подготвува измени на законите за основно и за средно образование

Министерството за образование подготвува измени на законите за основно и за средно образование заради исполнување на одредбите договорени со Спогодбата меѓу Министерството за образование и наука и СОНК, пишува „Академик“ (akademik.mk). „Со законот за изменување и за дополнување на Законот за средното образование и со законот за изменување и за дополнување на Законот за основното образование, се врши изменување и...

Подготвен е нов нацрт-закон за високо образование, „Студентски пленум“ ќе го бојкотира

Подготвена е новата верзија на предлог-концептот на законот за високо образование, соопшти ректорот на скопскиот универзитет, Велимир Стојковски, при тоа не откривајќи детали за промените. Концептот, кој како што вели ректорот, е прифатлив за професорите, студентите и за Министерството за образование и ги презема позитивните практики од развиените земји. - Тоа ќе биде закон кој ќе се базира на универзитетската автономија, финансиската автономија,...

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. - Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да бидат празни. Тие, како луѓе...

„Студентски пленум“ излегува од работните групи со МОН

Апсењето на студeнтите и упадот на полицијата во библиотеката „Браќа Миладиновци“ е причинта поради која студените ќе излезат од работните групи што ги формираа со Министерството за образование и наука, а во кои требаше да го подготват новиот закон за високо образование. - Поради крахирањето на политичките процеси и на демократските вредности, се зголемуваат нашите сомнежи во капацитетот на оваа влада...

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои можат да им ја...

Средношколците ќе ја водат битката и во институциите

Средношколците, заедно со своите родители и наставници, се собраа на трет протест пред Министерството за образование и наука, против лошите реформи во образованието. Тие најавија дека од понеделник битката ќе ја водат по институционален пат, а во тоа ќе им помогне Хелсиншки комитет. Средношколците, викајќи „Ние сме иднината“, „Зошто не нè слушате“, го свртеа грбот на зградата на МОН поради,...

Нов протест на средношколците во 17 часот пред МОН, бојкотот продолжува

„Средношколски пленум“ ги повика сите средношколци, родители и загрижени граѓани на протест во 17 часот пред МОН за да им покажат на надлежните дека не се откажале од нивната цел. Тие велат дека од понеделник ќе се вратат еден ден на настава за да им се ресетираат 25 дена дозволено отсуство. Средношколците го поканија министерот за образование и наука,...

Средношколците порачаа: Нема да си одиме

Средношколците со чадори, кабаници и со „вувузели“, викајќи „Нема да си одиме“, втор ден се собраа на протест пред Министерството за образование и наука, заедно со нивните родители и наставници за да го искажат револтот од лошите реформи во образованието. Утре изминуваат законските 25 дена дозволено отсуство на учениците од наставата. - Утре изминува 25. ден од бојкотот на наставата и...

Средношколците денеска во 17 часот на нов протест пред МОН

Средношколците денеска, во 17 часот, пред Министерството за образование и наука ќе имаат нов протест против лошите реформи во образованието. - Ќе се собереме денеска повторно на протест пред МОН, заедно со нашите родители и наставници, од кои имаме голема поддршка. Сè уште не сме договорени дали ќе имаме некаков перформанс или само мирно ќе протестираме – вели средношколецот Александар...

Средношколците ги фрлија униформите пред МОН

Средношколците денеска организраа протест пред Министерството за образование и наука, каде свирејќи со труби и извикувајќи „Искочете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања. Тие, за да го искажат револтот, ги фрлија униформите пред зградата на МОН. - Се собравме на мирен протест пред МОН за да покажеме дека сме тука, не се откажуваме од нашата борба и од нашите...

„Средношколски пленум“ ќе протестира само пред МОН

„Средношколски пленум“ го откажа едниот од двата најавани настани за денеска, а протестот од 17 часот пред Министерството за образование велат дека, сепак, ќе се одржи. За денеска во 20 часот беше закажан настап на македонската алтернативна фанк-рокерска група „Фанк шуи“, но тој е откажан, а најавата за протестот од 17 часот на „Фејсбук“, како што велат, е тргната од безбедносни...

Средношколците со писмо до Пешевски и до МОН: Сега знаеме како не треба

Средношколците кои протестираат во паркот пред Министерството за образование и наука (МОН) со писмо се обратија до вицепремиерот Владимир Пешевски и до МОН, откако на последната средба во четвртокот оваа недела биле изложени на арогантен и игнорантски однос од владините функционери, пренесува „Радио МОФ“. „Ја жртвуваме сопствената иднина за да го подобриме образованието. Го жртвуваме сопственото спокојство за добробит на...

Владата ги прекинува средбите со средношколците, договор нема, бојкотот продолжува

„Средношколски пленум“ и Владата не постигнаа договор и по третата средба. Од Владата велат дека се подготвени да го вратат стариот концепт на матура и математиката да не биде задолжителен предмет, но отстапки за екстерното не сакаат да направат. Средношколците велат дека не се согласуваат со ваков исход и дека нема да откажат од своите барања. - Владата и Минстерството за...

„Свирни за поддршка“, герила-акција на средношколците

По третата ноќ помината во кампот пред Министерството за образование, средношколците утрово почнаа герила-акција „Свирни за поддршка“. Застанати со транспаренти и со свирчиња на улицата пред Министерството за образование, тие бараат возачите да им изразат поддршка така што ќе свирнат од своите автомобили. Речиси сите возачи од двете колони на улицата свират и ги охрабруваат средношколците да бидат истрајни во оставарување на нивните...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...