fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Манчевски: Институциите мора да ја смират паниката кај граѓаните

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска на прес-конференција рече дека институциите мора подготвени да ги дочекаат земјотресите. Според него, моментално најголем хаос владее во образованието. - Училиштата немаат никакви насоки и се оставени сами на себе, стихијно да носат одлуки што ќе прават со наставата. Некои држат настава, некои ги враќаат учениците дома, а има и такви во кои една смена...

МОН: СДСМ заборава дека во нивно време не изградија ниту едно училиште

Во врска со информацијата дека почетокот на учебната година ги чини семејствата неколку илјади денари по ученик, би сакале да информираме дека Владата и Министерството за образование и наука веќе осма година по ред имплементираат концепт на бесплатно образование, кој опфаќа обезбедување бесплатни учебници за сите основци и средношколци, како и бесплатен превоз за тие што живеат на повеќе од 2,5 километри...

Новата учебна година ќе ја почнат околу 270.000 ученици

Учебната година за основците и за средношколците почнува денеска. Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци. Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука, зaпишaни се 21.250 првaчињa, нo oвoј брoј не е кoнечен зaштo уписите вo првo oдделение траaт и вo текoт нa септември. Денеска ќе пoчне нaстaвaтa и вo училиштaтa...

Втор уписен рок во средните училишта

Во средните училишта денеска се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок за запишување ученици во прва година во учебната 2016/2017 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули. Првото пријавување за упис во средните училишта за гимназиско, стручно и за уметничко обазование и за спортската академија се одржа на 28 и на 29 јуни,...

Екстерно тестирање: Многу стрес, дискутабилна објективност

Утре (10 јуни) завршува екстерното тестирање за учебната 2015-2016 година, кое почна на 7 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Поради уписите во...

Државната матура без проблеми

Во сите средни училишта во Република Македонија денеска без никакви проблеми помина полагањето на задолжителниот предмет од државната матура, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и во согласност со пропишаните правила и процедури. Испитот во сите училишта почнал во определеното...

МОН го објави распоредот за екстерно тестирање на учениците

Министерството за образование објави кои предмети учениците од основните и од средните училишта ќе ги полагаат за екстерното тестирање што ќе се одржи на 7 јуни. За вториот дел од екстерното тестирање, што ќе се одржи на 10 јуни, распоредот ќе биде објавен во вторник. На следниот линк  учениците можат да проверат кој предмет ќе го полагаат на 7 јуни.

Омбудсман: Изборите не смеат да ги поместат матурата и екстерното тестирање

„Груба повреда на правата на учениците претставува промената на рокот за полагање на државната матура од 4 јуни на 28 мај, во услови кога редовната настава за матурантите завршува на 20 мај. Со тоа на учениците им се скратува времето за подготовка за полагање на овој испит, со што уште еднаш се потврдува дека воопшто не се води сметка...

Изборите го одложија есктерното и ги поместија спортските турнири

Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна, но тоа не е поради изборите, неофицијално велат за „Мета“ од министерството за образование, по реакцијата на наставниците и родителите дека тоа значи и продолжување на учебната година. - Тоа не значи дека се пролонгира учебната година, туку само се поместуваат роковите за екстерно тестирање. Во недела на 5...

Адеми на Глобален образовен самит во Истанбул

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми викендов во Истанбул ќе учествува на Глобален образовен самит на кој ќе говори за „Новите трендови во образованието во 21 век“ и „Миграцијата и образовните политики“. Самитот ќе го отвори претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. „Адеми во рамки на првата тема ќе се осврне на реформите во образованието во Република Македонија, благодарение на...

МОН не дозволи децата од Центар да одат порано на распуст

Министерството за образование го одби барањето на Општина Центар за децата од сите седум основни училишта во таа општина да одат порано на распуст, поради енормното загадување на воздухот. Градоначалникот Андреј Жерновски, неодамна испрати барање до МОН децата да се ослободат од настава, поради високите нивоа на опасните честички ПМ10 и ПМ 2,5.

Министерот Адеми присуствуваше на конгресот на СОНК во Струга

„Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование наука и култура (СОНК) се долгогодишни партнери и сè што работиме е во насока на подобрување на образовниот процес во сите негови сегменти“. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на шестиот конгрес на СОНК во Струга. – До сите заеднички ставови сме дошле благодарение на постојаните средби, на...

МОН ќе додели 40 стипендии за Академија на менаџери

Министерството за образование и наука објави оглас за доделување нови 40 стипендии за студирање на Академијата на менаџери. МОН досега има доделено 120 стипендии во висина од 500 евра по лице за лица вработени во јавен или приватен сектор кои се на одговорни менаџерски позиции. - Овие модули овозможуваат нивна доквалификација и подготовка за поцелосен и поуспешен менаџмент на активностите и...

МОН ќе додели стипендии на 745 ученици

Министерството за образование и наука ќе додели 745 стипендии за учениците од државните и од приватните средни училишта. Од нив, 400 стипендии се наменети за социјална поддршка на учениците, 80 за деца без родители, 50 за ученици со посебни потреби, 150 стипендии ќе бидат доделени за талентирани ученици - спортисти, 50 за талентирани ученици и 15 за учениците од угостителско-туристичка...

„Средношколски пленум“: Ќе протестираме сè додека не ни ги исполнат барањата

Средношколци денеска се собраа во Градски парк во Скопје, на протест под мотото „Борбата продолжува“. Од „Средношколски пленум“ велат дека барањата им остануваат исти, односно укинување на екстерното тестирање и државната матура да остане иста за веќе запишаните средношколци, а за новите да се формира нов концепт во чие креирање ќе учествуваат засегнати страни. - Единствената средба помеѓу преговарачките тимови на...

Отворен нов објект во училиштето за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“

На светскиот ден за лица со оштетен вид се отвори новиот училишен објект за учениците со оштетен вид од државаното училиште „Димитар Влахов“. Објектот е изграден и уреден со донација од европската команда на американската војска, реализирана преку Амбасадата на САД во Скопје. - Новиот објект е со површина од 463 квадратни метри и е донација на европската команда на армијата...

„Студентски пленум“: Најавата на Груевски за нов студентски дом е популистички потег

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за телевизија „Сител“ најави изградба на нов студентски дом, што од „Студентски пленум“ го оценуваат како популистичка мерка, додавајќи дека е трагично што студентите мора да чекаат реакција од Владата само кога нивните животи се загрозени. Од Министерството за образование и наука кратко ни одговорија дека во наредните денови ќе се разработат деталите за изградба, финансиите и...

„Средношколски пленум“: Да се укине екстерното и да се врати стариот концепт на државна матура

„Средношколски пленум“ денеска до Министерството за образование и наука (МОН) и до Бирото за развој на образованието (БРО) поднесе две барања, со кои побара укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура за веќе запишаните, како и учество на средношколците во случај да се пристапи кон подготвување на нов концепт за матурата. Во барањето се вели: „Фаворизирањето...

Еднодневна едукативна екскурзија за меѓуетничка интеграција во образованието

Ученици од прва до четврта година од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ и од струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и на УСАИД, реализираа еднодневна едукативна екскурзија и посета на туристичките локалитети во Охрид. Целта беше запознавање на заедничкото културно-историско наследство, со кое се презентираме пред светот и преку...

Учебната година ќе почне на 1 септември, одлучила Владата

Претстојната учебна година, сепак, ќе почне на 1 септември, одлучила Владата на вчерашната седница, на која била разгледувана иницијативата на хотелиерите, летниот распуст да трае до 15 септември поради лошата туристичка сезона во мај и во јуни. Владината одлука, денеска на прес-конференција ја соопшти заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, посочувајќи дека таа произлегла од консултациите со стручни лица...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...