fbpx
Таг: Митко Чавков

таг: Митко Чавков

Одлуката за патување во Косово со лични карти стапи на сила

Меѓудржавната спогодба на владите на Македонија и на Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, од денеска официјално стапи на сила. Почетокот на одлуката денеска го означија македонскиот заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, дополнителниот заменик-министер, Митко Чавков, кои на граничниот премин Блаце се сретнаа со заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа. За...

Чавков: МВР работи нормално, владата ги исправи незаконските постапки на Спасовски

Министерството за внатрешни работи функционира нормално бидејќи овластувањата и надлежноста на министерот не се доведени во прашање туку доведени се во прашање со одлука на Влада само оние незаконски решенија и акти што тој ги има донесено од ноември, минатата година, досега, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков. Според Чавков, решенијата донесени од министерот за внатрешни работи,...

Чавков испрати телеграма до БЈБ и до УБК за враќање на разрешените началници

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска испратил телеграма до директорите на Бирото за јавна безбедност и до Управата за безбедност и контраразузнавање, како и до повеќе оддели во МВР, со која ги информирал дека се должни веднаш да ја вратат воспоставената претходна состојба каква што била пред донесувањето на решенијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. „Се...

Владата ги поништи сите решенија на министрите од СДСМ

Сите решенија што ги донеле министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава, Владата ги поништила на вчерашната седница на барање на дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Чавков и Диме Спасов, информираат од Владата. Во соопштението пишува дека во согласност со член 30, став 2 од Законот за влада, Владата има право и должност...

ДИК ги отфрли претставките на Митко Чавков

Како неповрзани со изборите, Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли претставките на заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на министерот Оливер Спасовски. Трите одлуки се однесуваат на именувањето на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „Алфи“, именувањето на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и именувањето на...

Чавков: Спасовски го наполни МВР со партиски војници на СДСМ

„Целиот свој професионален ангажман го имам поминато во полиција, поминувајќи ги сите хиерархиски нивоа од најниското до највисокото. Ваква ситуација како сегашната досега немам видено“, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, за функционирањето на МВР на чело со Оливер Спасовски во интервју за „Прес 24“. „Со доаѓањето на Оливер Спасовски на чело на Министерството, кое во согласност со Договорот од...

Чавков со телеграма им наредил на УБК и на БЈБ да ја спроведат одлуката на Управниот суд

Заменикот-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, утрово преку телеграма ги известил директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање дека се должни веднаш да ја спроведат одлуката на Управниот суд, кој вчера привремено ги поништи сите 29 решенија кои еден ден пред Нова година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пишува „Прес 24“. „Во...

Спасовски: Чавков лаже, крши закони и се однесува како судија на Управниот суд

Тоа што го зборува дополнителниот заменик-министер Митко Чавков е лага, обвини денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со одлуката на Управниот суд за решенијата што тој ги донесе пред Нова година, меѓу кои и тие за разрешување на началниците на пет сектори за внатрешни работи. Според Спасовски, Управниот суд не ги укинал решенијата туку донел само...

Спасовски ќе ја промовира „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“

Денеска во 11 часот, во ЕУ-инфоцентарот ќе се одржи промоција на „Стратегијата за развој на полицијата 2016 - 2020“, која, како што информираат од МВР, е еден од клучните документи од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капицитетите на полицијата“, финансиран од Европската унија. На презентацијата, свои обраќања ќе имаат раководителот на одделот за политички прашања, правда и внатрешни...

Чавков: Спасовски незаконски ги смени петте началници

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поднел тужба до Управниот суд поради одлуката на министерот Оливер Спасовски за смена на началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Велес, Битола, Охрид и во Куманово. Ова, како што пренесува порталот „Курир“, денеска во изјава за медиумите го соопштил заменик-министерот Чавков. Изјавата на Чавков претходно не беше официјално најавена, ниту, пак, имаше...

Спасовски ги пофали полицајците, Чавков ги искара грчките колеги

Оддавам признание на македонските полицајци кои денеска добро се справија со целата оваа ситуација и покрај повредените колеги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасвоски, кој синоќа заедно со заменикот-министер, Митко Чавков, ги посети полицајците што беа повредени при судирот со група мигранти на границата со Грција. Заменик-министерот Чавков рече дека поради специфичноста на состојбата, полицијата не можела соодветно да реагира...

Тодоров: Поставувањето на оградата е во согласност со одлуките на ЕУ

Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој е раководител на управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза и заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, попладнево пристигнаа во Гевгелија каде неколку часа претходно магрантите се судрија со полицијата поради поставувањето на жичаната ограда кај котата 59 на границата со Грција. Состојбата на јужната граница сега е мирна, но со засилено присуство...

Македонија ги активира филтерот и дневните квоти за транзит на мигранти?

Дневниот извештај на Министерството за внатрешни работи (МВР) за бројот на мигранти на кои вчера им биле издадени потврди за искажана намера за барање азил покажува дека полицијата на јужната граница регистрира само државјани на Сирија, Авганистан и од Ирак. „Во периодот од 00.00 до 24.00 часот на 19 ноември 2015 година, издадени се потврди на вкупно 2.589 странски државјани....

Чавков во Софија: Низ Македонија не треба да минуваат повеќе од 3.000 мигранти дневно

Бројот на мигранти што транзитираат преку т.н. западно-балканска рута, која минува и низ територијата на Македонија, е ограничен и не треба да надминува 3.000 мигранти дневно, изјавил меѓу другото, заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во рамките на третата работна сесија на Салцбург-форумот што се одржува во Софија, Република Бугарија. Чавков рекол дека спроведувањето на мерките од оваа новонастаната состојба ќе...

Чавков во Словенија на министерски состанок за мигрантската криза

Денеска, во Брдо кај Крањ, во Република Словенија, се одржа неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија и на Словенија, посветен на актуелната мигрантска криза, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како шеф на делегацијата на македонското МВР, на неформалната средба учествувал заменик-министерот Митко Чавков, кој бил придружуван од државниот секретар, Анастасија Илиеска, и помошник-директорот...

Спасовски ја презеде полициската фотелја од Чавков

Денеска во Министерството за внатрешни работи било извршено примопредавањето на должноста министер за внатрешни работи, соопштија попладнево од МВР. „Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го презеде кабинетот од претходниот министер, Митко Чавков“, стои во соопштението. Спасовски денеска со мнозинство гласови во Собранието беше избран за министер за внатрешни работи.

Чешка донираше опрема на МВР за Прифатниот центар за мигранти во Табановце

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и амбасадорот на Република Чешка во земјава, Мирослав Рамеш, денеска го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце и потпишаа декларација за донација за потребите на Прифатниот центар, соопшти МВР. „Донацијата се состои од 10 големи шатори со систем за греење, 150 кревети со душеци на надувување со соодветни пумпи, 150 ќебиња и 150...

Владата се координираше со ЕУ околу плановите за справување со мигрантите

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, вчера одржал координативен состанок со претставниците на Европската унија (ЕУ), други земји и на организации-донатори, на кој тема биле плановите и начините за справување со мигрантската криза, соопштија денеска од кабинетот на министерот Бесими. На состанокот, на кој присуствувал и министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, биле презентирани плановите на Владата...

Чавков и Попоски на конференција во Луксембург

Министрите за надворешни и за внатрешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и Митко Чавков, вечерва во Луксембург ќе присуствуваат на конференција за мигрантската рута Источен Медитеран - Западен Балкан. Во организација на Советот за внатрешни работи на Европската унија, шефовите на полициите и на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, заедно со нивните колеги од Западен Балкан, а предводени од...

Претседателот Иванов и министерот Чавков разговараа за бегалската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Митко Чавков, разговараа за мерките и за активностите што се преземаат за превенција и за справување со влез на илегални мигранти во регионите зафатени со кризната состојба и нивното движење низ територијата на Република Македонија. На средбата било констатирано дека сите субјекти кои учествуваат во системот...

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...