fbpx

Претседателот Иванов и министерот Чавков разговараа за бегалската криза

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Митко Чавков, разговараа за мерките и за активностите што се преземаат за превенција и за справување со влез на илегални мигранти во регионите зафатени со кризната состојба и нивното движење низ територијата на Република Македонија.

На средбата било констатирано дека сите субјекти кои учествуваат во системот за управување со криза, функционираат со зголемени активности и се соочуваат со недостиг на капацитети во материјална, кадровска, техничка опременост и превозни средства, информираат од кабинетот на претседателот Иванов.

– Министерството за внатрешни работи констатира дневен влез на 6.000 до 7.000 странски државјани, а информациите и анализите говорат за зголемување на бранот на мигранти во месеците кои доаѓаат. Полициските сили кои имаат поддршка од единици на Армијата ќе се соочат со работа во крајно сложена активност. Доколку се прекине коридорот и се затворат границите, но и поради временските прилики, Македонија ќе биде принудена да примени планови со соодветен одговор за да ја заштити својата национална безбедност – рече министерот за внатрешни работи.

Од претседателскиот кабинет велат дека Иванов побарал развој на програми за постојано информирање и за подигнување на свеста кај граѓаните и во општеството за заканата и за ризиците од илегалната миграција со која се соочува Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...