fbpx
Таг: медиуми

таг: медиуми

Ванхауте: Преговорите за медиумите во моментов се целосно блокирани

Очигледно нема договор, ситуацијата во моментов е целосно блокирана и сега спроведуваме билатерални консултации сo партиите на ниво на меѓународна заедница за да видиме како да продолжиме во наредните часови, изјави вечерва белгискиот посредник Питер Ванхауте, пренесува „Телма“. Според неговите очекувања, можно е околу 20 часот вечерва преговарачките групи на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино да одржат нов...

Ванхауте: Ако има добра волја, договор може да се постигне за неколку часа

Очекувам денеска да се постигне напредок и политичките партии да се договорат за реформите во медиумите, изјави олеснувачот Питер Ванхауте пред почетокот на денешната последна средба пред истекот на рокот за договорот околу реформите во медиумите. - Се надевам на напредок во преговорите и на конструктивност од сите партии. Денеска ќе разговараме за двете спорни прашања околу мандатот и членовите...

Нема договор за медиумите, преговорите продолжуваат попладне

По неколкучасовни преговори работните групи вчера не постигнаа договор за рефoрмите во медиумите. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте на својот профил на „Твитер“ најави дека разговорите ќе продолжат денеска попладне. Пред почетокот на вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, Ванхауте изјави дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека ќе продолжат со преговорите со надеж дека ќе се постигне договор. Најголем проблем во преговорите...

Ванхауте: Проблем се составот на Агенцијата за медиуми и владините реклами

Белгискиот посредник, Питер Ванхауте, пред почетокот на денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници, на која се преговара за медиумите, рече дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека преговорите ќе продолжат. - ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше консултации и наскоро ќе видиме дали има компромис и ако нема, дали ќе може да се постигне. Ако нема договор до петок...

Селмани предупредува: Предлагаат легализирање на владините реклами!

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, и претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, денеска пред Клубот на пратениците, каде што се одржуваат преговорите за медиумите, уште еднаш го потврдија ставот на здруженијата деека нема да прифатат каква било форма на владино рекламирање. Селмани рече дека слушнале шпекулации дека во преговорите има предлог со кој се...

Медиумите сè уште без решение, преговорите продолжуваат денеска

Без резултат завршија синоќешните маратонски разговори на работните групи на политичките партии за реформи во медиумите. Белгискиот посредник Питер Ванхауте по синоќешните преговори за медиумите на својот твитер-профил сподели два твита во 2 часот по полноќ. Во првиот твит тој напиша: „По долги преговори, време е за креативни решенија: спиење. Разговорите за медиуми продолжуваат утре“. https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/699757328862728192 На вториот твит, тој сподели слика на која пишува: „Ситуацијата...

Ванхауте не е оптимист, ама се надева на напредок во преговорите за медиумите

Се надевам на решение, но не сум оптимист, изјави белгискиот олеснувач Питер Ванхуате пред почетокот на средбата на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во Клубот на пратеници. - Ќе разговараме за сите предлози од политичките партии, новинарските здруженија и од организациите. Свесен сум дека има малку време, но ќе дадеме сè од себе да го...

Пендаровски: СДСМ нема да оди на избори само заради избори!

„Најмалку тројца членови од сегашниот состав на ДИК се под кривичен прогон на Специјалното јавно обвинителство. Тие што се под прогон на СЈО сега поднесуваат кривични пријави против јавните обвинители, кои со месеци беа опструирани и сатанизирани. Како може да се говори за избори на 24 апри? Ние на избори, само заради избори, нема да одиме“, дециден е Стево...

Три дена до проценката на странците кога ќе има избори, медиумите остануваат во ќор-сокак

Посредникот во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, деновиве има билатерални средби со политичките партии и со претставници на здруженијата и на организациите на новинарите, со надеж да се постигне решение за реформите во медиумите. Ова е едно од клучните прашања од кои ќе зависи оценката на меѓународата заедница за тоа дали на 24 април ќе...

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

Денеска, во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, новинари и уредници од поголемите медиуми во Македонија потпишаа Повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). На потпишувањето на повелбата присуствуваа и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп. Повелбата ја потпишаа сите национални телевизии,...

Mедиумите ќе потпишат повелба за етичко известување за изборите

Денеска, во 12 часот, во просториите на ЕУ-инфоцентар во Скопје, ќе се потпише повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Потпис на повелбата ќе стават медиумите што ја прифатиле нејзината содржина и кои преку тоа се залагаат за афирмирање на етиката и на професионалноста во известувањето. На настанот, покрај претставници на медиумите, ќе...

Совет на етика: Латас ја злоупотреби функцијата новинар, уредник и домаќин

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по вчерашниот разговор во информативната емисија на „Сител“ во 19 часот, изрази сериозна загриженост поради непрофесионалното однесување на главниот и одговорен уредник, Драган Павловиќ – Латас, и непристојниот и несоодветен третман кон гостинот Зоран Заев. Од Советот за етика во медиумите велат дека служењето со дискриминаторен речник, потценувачкиот и арогантен пристап, како...

Денеска во 13 часот средба на работните групи за медиуми

Работната група за реформа во медиумите денеска во 13 часот ќе одржи средба во Клубот на пратеници. Последна средба на работните групи се одржа во четвртокот, а преговорите се закочени од петокот, откако на билатералните средби со белгискиот олеснуваач Питер Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии од кои немаат намера да отстапат. На последната средба се зборуваше за законот што...

Заев и Шекеринска на средба со Заоралек и со Филе

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Радмила Шекеринска, попладнево се сретна со Лубомир Заоралек, министер за надворешни работи на Чешката Република, Штефан Филе, поранешен еврокомесар за проширување, Јири Новачек, заменик-министер за внатрешни работи на Чешка и со Мирослав Рамеш, амбасадор на Чешката Република во Република Македонија. Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија,...

Албанските партии барале преименување на МРТВ во „Радио и телевизија на Македонија“

Албанската страна во преговорите за медиумите, поднела амандмани кои треба да се додадат во предлог-законот за медиуми на посредникот Питер Ванхауте, пишува „Алсат-М“. Според нив, амандманите на албанската страна се однесувале на прашањата кои ги тангираат интересите на Албанците, односно медиумскиот простор во телевизиските канали и радиото на „Македонската радио-телевизија“. Предлогот на албанските партии, наводно, добил поддршка од посредникот Ванхауте. - Има...

Димитриев: За Владата е прифатлив кој било закон за медиуми од земјите-членки на ЕУ

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска се сретна со Роберт Бершински, заменик помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и за труд на Стејт департментот. Двете страни ја истакнале значајноста и приоритетот на организирањето фер, веродостојни и демократски избори. Била истакната нужноста за посветеност на сите политички партии во унапредувањето на довербата во изборниот процес. Димитриев ја истакнал определбата на...

Работните групи за медиумите во мирување, напредок нема

Не се знае дали денеска ќе продолжат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за медиумите, откако и последната средба минатиот четврток помина без придвижување на ставовите. Засега, според информации од партиите, белгискиот преговарач Питер Ванхауте нема закажано средба. Преговорите се закочени од петокот откако на билатералните средби со Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии...

Заев: СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми. Контролирани и зависни медиуми за контролирани граѓани, тоа е целта на Никола Груевски. Затоа лагите на провладините медиуми се платени со милиони евра, пари на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција во Струмица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. - Стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ е стравот од вистината за катастрофалната реалност, што ќе...

Преговорите на работните групи за медиумите повторно закочени

Преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за медиумите повторно се закочени откако и вчера, на билатералните средби со белгискиот посредник Питер Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии од кои немаат намера да отстапат. Засега нема закажано нова средба и не се знае кога таа би се одржала. Законот, пак, што го предложи СДСМ не е прифатлив ниту за...

ССНМ и ЗНМ: СДСМ да ни го достави предлог-законот за медиуми, да видиме за што се залага

„Според информациите од медиумите, се стекнува впечаток дека СДСМ бара санкционирање на новинари и на медиуми за непочитување професионални стандарди. Затоа бараме оваа пртија да ни го достави својот предлог-закон, а во спротивно тоа ќе го побараме од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници на денешната прес-конференција пред Клуб на пратеници. - ССНМ и...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...