fbpx

Ванхауте: Преговорите за медиумите во моментов се целосно блокирани

-

Очигледно нема договор, ситуацијата во моментов е целосно блокирана и сега спроведуваме билатерални консултации сo партиите на ниво на меѓународна заедница за да видиме како да продолжиме во наредните часови, изјави вечерва белгискиот посредник Питер Ванхауте, пренесува „Телма“.

Според неговите очекувања, можно е околу 20 часот вечерва преговарачките групи на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино да одржат нов состанок, но, како што вели Ванхауте, и тоа не е сигурно и допрва ќе се види што ќе се случува.

– Очигледно има различни ставови за повеќе прашања. Главните проблеми се околу составот на советот на Агенцијата за медиуми и програмскиот совет на МРТВ – рече Ванхауте пред Клубот на пратеници.

Крајниот рок до кога партиите треба да постигнат договор за медиумите истекува вечерва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...