fbpx
Таг: медиуми

таг: медиуми

Поповски: Предлог-законот на СДСМ за медиумите е нашата „црвената линија“

Опозицискиот СДСМ нема да отстапи од своите позиции околу предлог-законот за медиуми што вчера им го достави на другите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Според Роберт Поповски, член на преговарачкиот тим на СДСМ, тоа е нивната црвена линија во преговорите за регулацијата на медиумите. - Нашиот став е јасен и прецизен, ние предложивме законска форма во која ги...

Парите од граѓаните завршувале во провладините медиуми и во парцелите на Водно

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, објави документи од Централен регистар кои, според него, покажуваат дека пари на граѓаните завршувале во провладини медиуми. Според Шилегов, тоа е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите, не се можни фер избори и регуларен предизборен и изборен процес. - Според официјалните документи на Централен регистар, неделникот „Република“, во...

Предлогот на СДСМ за медиумите неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ

Преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино се очекува да продолжат денеска попладне, кога преговарачите треба да се произнесат за предлог-законот за медиуми поднесен од СДСМ. Според тоа што го пренесуваат провладините медиуми, овој закон е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ. СДСМ вчера до партиите потписнички на Договорот од Пржино го испрати својот предлог-закон за...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат намера да избегаат од фер и демократски избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи - ДПА, Зијадин Села, рече дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори. Заев рече дека без прочистен избирачки список и регулирани медиуми, избори не можат да се одржат. - Се надеваме дека овие услови...

ЗНМ и ССНМ инсистираат политичките партии да го прифатат предлогот на Ванхауте

Утре политичките партии продолжуваат со преговори за реформите во медиумите, па затоа ги повикуваме ЕУ и САД да инсистираат кај преговарачите да го прифатат предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани. Според него, овој предлог е најдобро решение затоа што во него се имплементирани најдобрите европски практики дополнети со искуствата...

СДСМ на работните групи денеска треба да им достави предлог-закон за медиуми

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска нема да одржат средба. Како што дознаваме, денеска СДСМ треба до другите политички партии да достави предлог-закон за медиуми. Предлог-законот што го подготвува СДСМ треба да ги содржи предлозите и забелешките што белгискиот олеснувач Питер Ванхауте ги презентираше кон средината на декември. Според нашите информации, нема поместување во преговарачките позиции на партиите...

Министерот Рот дебатираше со студентите: Сработете си ја домашната задача

Политичката криза мора веднаш да се реши, а времето е лимитарно за да се спроведат реформите и целосно да се имплементира Договорот од Пржино, рече Михаел Рот, државен министер во германското МНР, на дебатата со студентите на Правниот факултет. - Имплементацијата на Договорот од Пржино е далеку од тоа што треба да биде, сите рокови се пробиени, се опструира работата...

Кирацовски: „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ од Груевски добиле 13 милиони евра за три години

„Никола Груевски ги корумпира „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ со пари од народот. Во последните три години, во овие телевизии завршиле 13 милиони евра“, објави денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски. Според податоците што ги објави Кирацовски, телевизијата „Сител“ добила повеќе од 5 милиони евра, во „Канал 5“ влегле речиси 4 милиони евра, а во „Алфа“ повеќе од 4...

Ванхауте од Брисел ќе донесе нов предлог-закон за медиумите

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте се очекува утре да донесе нов предлог-закон за медиуми, кој ќе им биде презентиран на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Според нашите информации, посредникот викендов бил на консултации во Брисел за случувањата во Македонија. Утре попладне повторно ќе се одржи средба на работните групи во Клубот на пратеници, каде ќе се разговара паралелно и за методологијата за прочистување...

Февруари – месец со пет клучни политички датуми

Исполнување на пет рокови ги очекува овој месец политичарите, работните групи и институциите надлежни за спроведување на изборите. На 2 февруари (утре) работните групи треба да одржат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, на која ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали го прифаќа предлогот на СДСМ, опозицијата да ги повлече забелешките од методологијата за прочистување на избирачкиот список ако владејачката партија ги прифати...

Специјалното јавно обвинителство и Јанева најавуваат тужби за клевета и за навреда

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во соопштение до јавноста изразува загриженост за начинот на известување на одредени медиуми, поврзано со нивната работа, како и со работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Покрај демантот до одредени медиуми, од Специјалното јавно обвинителство најавуваат покренување на граѓански постапки за клевета и за навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување кривично дело. - Ова...

До вторник ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни за предлогот на СДСМ

Најдоцна до вторник ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на понудата на СДСМ за заемно повлекување на амандманите од преостанатите две нерешени прашања -медиумите и прочистувањето на избирачкиот список. Имено, пред почетокот на синоќешната средба на работните групи, СДСМ на владејачката партија ѝ предложи забелешките што ги имаат за методологијата за прочистување на избирачкиот список да ги повлече ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да...

СДСМ ќе ги повлече забелешките за ДИК ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предлозите на странците за медиумите

Ние ќе ги повлечеме забелешките што ги имаме за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ. - Ако и ова не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тие навистина не сакаат да се одржат фер и демократски избори - вели Манчевски. Тој појасни дека предлозите...

ЦРМ: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за реформи во медиумите се несериозни

Центарот за развој на медиуми смета дека предложените законски измени на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и неприфатливи. Според ЦРМ, сите резултати од преговорите што произлегуваат од Договорот од Пржино треба да бидат насочени кон обезбедување фер, непристрасно и објективно известување на медиумите, а, пред сè, на МРТ, во периодот до и за време на изборите. „Предлогот медиуми да бидат само оние информативни интернет-страници...

Прирачник на МИМ и на МРТВ за медиумско покривање на изборите

Македонскиот институт за медиуми и Македонската радиотелевизија подготвија прирачник за новинари „Етички и професионални принципи на МРТ за медиумското покривање изборни процеси“, кој содржи 10 принципи за непристрасно и независно информирање. Следната недела, претставници од јавниот сервис на Британија, „Би-Би-Си“, ќе ги учат новинарите од МРТ како да известуваат балансирано за време на изборите. Британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, вели дека овој...

ЗНМ и ССНМ: Законот на ВМРО-ДПМНЕ е напад врз независноста на медиумите

„Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите. Со законот се прави упад во мисијата, финансирањето и во уредувачката политика на медиумите. Ги повикуваме СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД категорично да го отфрлат ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте како...

Критични преговорите за медиумите во работните групи

Преговорите во работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, критично заглавиле во сферата на медиумските реформи, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. Според нашите информации, преговорите за реформите за медиумите не се мрднати од мртва точка, а нема ниту изгледи за брзо решавање на ова прашање. Дознаваме дека преговорите за методологијата за прочистување на избирачкиот список се одвиваат...

ВМРО-ДПМНЕ доставила нови предлози за избирачкиот список и за медиумските рефрми

ВМРО-ДПМНЕ доставила два предлога на денешната средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, која се одржа попладнево во Клубот на пратеници со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Едниот од предлозите се однесувал на прочистување на избирачкиот список, а другиот на медиумските реформи. Другите партии за меѓупартиски консултации имаат време до утре, до 18.30 часот, за кога е закажана нова...

Ванхауте: Едностраната одлука да се оди на избори ја уништи довербата во процесот

Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите, изјави белгискиот олеснувач во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, пред вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, која почна околу 18 часот. Како главна причина за ваквата состојба, Ванхауте го посочи датумот на изборите, односно „унилатералната одлука“ да се...

СДСМ: Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива

Цензурата на државната агенција МИА на веста дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресудил отштета на лустрираниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, ја прели чашата на пропагандата на Никола Груевски, реагираат од опозицискиот СДСМ. „Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива. Државната информативна агенција МИА, која ја плаќаат граѓаните, се обидела да сокрие информација од истите...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...