сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: медали | 21 резултати

Македонските средношколци со четири бронзи на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

12 декември 2022

Четири бронзени медали освоија македонските средношколци што учествуваа на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, соопшти од Друштвото на физичари. Добитници на медалите се: Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола; Теона Ана Георгиевска, ученичка во […]

Медалистите од Балканска олимпијада по информатика ги споделија своите импресии со претседателот Пендаровски

26 октомври 2022

Учениците кои се закитија со златен, сребрен и бронзен медал на на 29-тата Балканска олимпијада по информатика што се одржа во Букурешт, Романија денес се сретнаа со претседателот Стево Пендаровски. Благојче Павлески од Прилеп кој освои сребрен медал, Тео Китановски од Скопје кој освои бронзен медал и Благојче Павлески кој на паралелно организираниот РМИ интернационален […]

Математичарите освоија два сребрени и два бронзени медали во Осло

15 јули 2022

Сојузот на математичари на Македонија, синоќа соопшти дека на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), македонската репрезентација освоила два сребрени медали, два бронзени, како и две пофалници. „Нашите ученици постигнаа одличен резултат. На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки, нашите ученици Никола Спировски и Дамјан Давков освоија по 29 поени, односно сребрени медали, Блаже […]

Две бронзени медали и две пофалници за учество на нашите претставнички на ЕГМО 2022

11 април 2022

Македонскиот репрезентативен тим на Еврoпската женска математичка олимпијада (EГMO) оваа година имаше подобар екипен успех од минатата, а четирите девојки што ја претсвауваа земјава во Унгарија се вратија со две пофалници и две бронзени медали. Бронзен медал освоија Јасна Илиева и Марија Атанасова, а пофалници добија Емилија Николовска и Ивона Зикова. Оваа година ментор на […]

Седум бронзени медали освоија млади хемичари од земјава на меѓународна олимпијада во Јапонија

17 септември 2021

Младите хемичари од средни училишта во земјава освоија седум бронзени медали на 53-тата Меѓународна олимпијада по хемија која што се одржа онлајн, а нејзин домаќин беше Јапонија. Агенцијата за млади и спорт и оваа година ги поддржа нашите хемичари да учествуваат на 53-та олимпијада, при што земјава учествува на настанот од 2013 година. Годинава на […]

Македонските таеквондисти Филип и Анамарија со медали се вратија од Президент купот во Истанбул

17 септември 2021

По освоениот сребрен медал на Летните олимписки игри во Токио од Дејан Георгиевски, македонското таеквондо продолжува да ниже успеси на меѓународната спортска сцена. Таеквондистот Филип Додевски освои сребрен медал во категоријата – 87 килограми на Президент купот во Истанбул. На овој важен спортски настан таеквондистката Анамарија Георгиевска се стекна со бронзен медал во категоријата – […]

Четири медали за македонската карате репрезентација на Европското првенство во Финска

25 август 2021

Македонската карате-репрезентација се врати од 48. Европско првенство (ЕП) за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21 година), што се одржа изминатиот викенд во Тампере, Финска, со четири медали. Ова е огромен успех за македонското карате од причина што на ЕП во Тампере настапија над 1.000 натпреварувачи од 45 држави. „Со вакви успеси, каратето е […]

Јапонката Момиџи Нишија на 13 години освои златен олимписки медал во скејтбординг

26 јули 2021

13-годишната Момиџи Нишија им донесе огромна радост на Јапонците на Летните олимписки игри (ЛОИ) што се одржуваат во Токио. Нишија испиша историја со освојувањето на златен олимписки медал во новата олимписка дисциплина, скејтбординг, јавува Гардијан. Со своите 13 години и 330 дена, таа стана втората најмлада спортистка во историјата на Олимписките игри која добила шампионска […]

Нови национални рекорди и медали на балканскиот натпревар во местење Рубикова коцка без гледање

14 јули 2021

Балканскиот натпревар Back to Belgrade 2021 донесе голем успех за македонските натпреварувачи во кјубинг, информираат од Македонската Кјубинг Асоцијација. Александар Арсовски го постави новиот македонски рекорд 2:08.53 во решавање на Рубиковата коцка без гледање (3×3 Blindfolded) и воедно го освои второто место на балканскиот натпревар. На натпреварот во Белград, Ѓорѓи Чешмеџиевски успеа да сруши 13 […]

Четири медали за нашите млади математичари на Јуниорската балканска олимпијада

5 јули 2021

Македонската екипа оствари огромен успех со освојувањето на четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада 2021, информираат од Сојузот на математичари на Македонија. Нашите млади математичари освоија еден златен, еден сребрен и две бронзени медали. Дамјан Давков го освои златниот медал, Алексиј Тасиќ се стекна со сребрен медал, додека бронзените медали ги освоија Бранко Јангеловски […]

Пендаровски ги прими учениците кои освоија 4 медали по математика на балканската олимпијада

24 септември 2020

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими учениците – натпреварувачи на 24. Јуниорска балканска олимпијада по математика кои освоија златна, сребрена и две бронзени медали. Честитајќи им го успехот, тој истакна дека целата македонска јавност со голема радост ја примила оваа вест, која предизвика чувство на гордост и на среќа. „Сите не направивте горди. Вие сте […]

Учениците кои освоија медали на Oлимпијадата по природни науки во Доха на средба со премиерот

20 јануари 2020

Премиерот Оливер Спасовски денес ги прими учениците, основци кои во рамки на 16 – тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, во декември во Доха, главниот град на Катар, освоија две сребрени и три бронзени медали. Спасовски на учениците, кои беа придружувани од нивните ментори, како и од претставник на родителите, им честиташе за големиот […]

Успех на македонските учесници на Вториот светски куп за боречки вештини во Сер

8 мај 2017

Младите борачи од битолската академија за боречки вештини „За-нед-до“ постигнаа одличен успех и освоија 38 медали на Вториот светски куп за боречки вештини кој викендов  се одржа во Сер. На Вториот светски куп за боречки вештини учествуваа 30 држави, меѓу кои и Македонија. Членовите на битолската академија за боречки вештини постигнаа успеси во различни категории и […]

На казахстанските олимпијци им се одземени медалите од Пекинг

17 ноември 2016

Олимпискиот комитет на Казахстан денеска соопшти дека на тројца спортисти од земјата им се одземени олимписките медали по новите тестирања на примероците од Олимписките игри од Пекинг од 2008 година. Без сребрени, односно бронзени медали останаа Ирина Некрасова и Марија Грабиветсаја, кои се натпреваруваа во кревање тегови, како и освојувачот на бронза во борење, Асет […]

Иванов постхумно ги одликуваше полицајците што загинаа во настаните во Диво Насеље

5 мај 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска со „Орден за воени заслуги“ ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи (МВР), а со „Медал за храброст“ постхумно ги одликува осумтемина припадници на МВР кои загинаа во настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај […]

Џудо-клубот „Сеишин“ – Прилеп се врати од Грција со пет медали

30 јуни 2015

На 28 јуни, во Солун, во организација на џудо-клубот „Иркалис“- Солун, се одржа Меѓународен турнир во џудо „Итаки 2015 – Матсура куп“. На турнирот учествуваа околу 110 натпреварувачи од 15 клубови од Грција, Македонија, Бугарија, Србија и од Велика Британија. Џудо-клубот „Сеишин“ – Прилеп на овој турнир учествуваше со вкупно пет натпреварувачи, во сениорска конкуренција, а освоени […]

Винарницата „Стоби“ со четири златни медали на најстариот вински натпревар во светот

4 јуни 2015

Четири сортни вина на македонската винарска визба „Стоби“ добија златни медали на најстариот вински натпревар во светот „Вино Љубљана“, кој се одржа на крајот на мај во главниот град на Словенија. Овој престижен настан е рангиран меѓу десетте елитни вински случувања, а годинава беа оценувани 358 вина од 21 држава, меѓу кои и Јапонија, Уругвај, […]

Страна 1 од 1