Јапонката Момиџи Нишија на 13 години освои златен олимписки медал во скејтбординг

Photo by Bryan Turner on Unsplash

13-годишната Момиџи Нишија им донесе огромна радост на Јапонците на Летните олимписки игри (ЛОИ) што се одржуваат во Токио. Нишија испиша историја со освојувањето на златен олимписки медал во новата олимписка дисциплина, скејтбординг, јавува Гардијан. Со своите 13 години и 330 дена, таа стана втората најмлада спортистка во историјата на Олимписките игри која добила шампионска титула. Нишија освои 15,26 поени во натпреварувањето, доволно за освојување на првото место.

Скејтбордингот е олимписка дисциплина, во која младите спортисти и спортистки направија своевиден бум на ЛОИ во Токио. Второто место ѝ припадна на Бразилката Раиса Леал, која на 13 години го освои сребрениот медал со освоени 14,64 поени. 16-годишната Јапонка Фуна Накајама освои 14,49 поени во натпреварувањето и успеа да го добие бронзениот медал.

Инаку, историскиот рекорд на најмлад спортист што освоил златен медал на Олимписките игри го држи Американската Марџори Гестрин, која на 13 години и 268 денови на ОИ во Берлин во 1936 година го освоила златниот медал во скокови во вода.