Младите борачи од битолската академија за боречки вештини „За-нед-до“ постигнаа одличен успех и освоија 38 медали на Вториот светски куп за боречки вештини кој викендов се одржа во Сер.
На Вториот светски куп за боречки вештини учествуваа 30 држави, меѓу кои и Македонија.
Членовите на битолската академија за боречки вештини постигнаа успеси во различни категории и освоија 28 златни медали, девет сребрени и еден бронзен медал.