Две бронзени медали и две пофалници за учество на нашите претставнички на ЕГМО 2022

Фото: Фејбсук профил на Сојузот на математичари на Македонија

Македонскиот репрезентативен тим на Еврoпската женска математичка олимпијада (EГMO) оваа година имаше подобар екипен успех од минатата, а четирите девојки што ја претсвауваа земјава во Унгарија се вратија со две пофалници и две бронзени медали.

Бронзен медал освоија Јасна Илиева и Марија Атанасова, а пофалници добија Емилија Николовска и Ивона Зикова. Оваа година ментор на тимот беше дипломираниот математичар и виш лаборант, Ерблина Зеќири.

Успехот им го честита и Сојузот на математичари на Македонија со чија поддршка македонските учеснички беа дел од ЕГМО2022.

Инаку, и минатата година нашите претставници успеаја да освојат медали, Емилија Николовска освои бронза, Јасна Илиева сребро и Марија Атанасова златен медал.