среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Македонски железници Транспорт | 20 резултати

Бројни предности од воведувањето воз до скопскиот аеродром, власта незаинтересирана (инфографик)

јули 30, 2019

Воведувањето директен воз од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би можело да го скрати времето на патување и да ги намали трошоците на патниците, а да го зголеми комфорот при патување на оваа релација. Наспроти ваквите предности, засега нема интерес кај локалните власти за воведување ваков воз. До Град Скопје доставивме прашања за тоа […]

Патниците му дале тројка на квалитетот на услугите во македонските возови

мај 21, 2019

Патниците во македонски возови оцениле дека лани се подобриле условите за патување со воз во споредба со 2017 година. Квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните при патувањето со возовите на Железници на РСМ – Транспорт е 3,01, се наведува во Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година. […]

Железничкото депо „Лисиче“ делумно обновено со заем од ЕБОР

април 5, 2019

По три години изведба, целосно е обновена една од халите во железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Со 2 милиони евра се обнови работилницата за поправки и одржување на моторни возови и локомотиви, додека за останатите објекти од овој комплекс нема предвидено средства за реконструкција. Од Железници – Транспорт велат дека не се предвидени понатамошни зафати […]

Подемот и падот на железницата – за три децении за 12 пати намалено патувањето со воз (видео)

март 18, 2019

Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот. На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на […]

Вработувањата во железницата се неопходни, празните места ќе се пополнат по изборите

март 15, 2019

Огласи за вработување на над 200 лица беа објавени од двете железнички претпријатија во изминативе шест месеци. И покрај тоа што се натрупани во долгови, на двете компании за железнички транспорт и инфраструктура им се неопходни нови работници. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета“ велат дека пензионирањето на поголем број вработени довело до […]

Владата подготвува влез на приватен капитал во железничкиот сектор

март 13, 2019

Македонската влада се подготвува за влез на приватен капитал во железничкиот сектор. Избрана е консултантска куќа која што до крајот на 2019 година ќе ги определи моделите за преструктурирање на Железници на Република Северна Македонија – Транспорт, по што ќе се избере најсоодветниот начин за либерализација на железничкиот сектор во земјава. Од Министерството за транспорт […]

За 2,5 пати е намален превозот на стоки со воз од 2008 година (инфографик)

март 12, 2019

Македонски железници – Транспорт лани успеала да транспортира 1.668.000 тони стока во домашниот и меѓународниот железнички сообраќај. Превозот на стока со воз е зголемен за 7,1% во споредба со 2017 година, кога со товарни вагони биле превезени 1.557.000 тони стока. Сепак, ваквиот резултат во работењето е далеку од обемот на превезен товар од пред една […]

Kамења, бетонски цигли, контејнери: Вандалите со „иновативни“ методи удираат по возовите

март 11, 2019

Нема крај на фрлањето камења по возовите во движење и на поставувањето предмети на пругите. За помалку од еден месец, два пати беа каменувани возови во Скопје. Викендов беше повреден машиновозач при каменувањето на воз во населбата Скопје Север. Пред три недели, возот Скопје – Кичево беше каменуван на пругата помеѓу Сарај и Кондово. Од […]

Новите кинески локомотиви ова лето ќе почнат да возат по македонските пруги

март 4, 2019

Најдоцна до април ќе пристигне првата од четирите нови електрични локомотиви за Македонски железници – Транспорт, набавени од кинеската компанија ЦРРЦ Џуџоу. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека останатите локомотиви постепено ќе пристигнуваат во наредните месеци, а вкупната инвестиција во обновата на возниот парк на МЖ – Транспорт изнесува 7 милиони […]

И ТАВ би можел да се вклучи во воведување на директен воз до скопскиот аеродром

март 1, 2019

По неодамнешната најава на Министерството за транспорт и врски дека до 2030 година ќе се воведе директен воз меѓу Транспортниот центар и Меѓународниот аеродром во Скопје, експертите бараат од македонската влада што побрзо да инвестира во директно железничко поврзување на аеродромот со главниот град. Проектната документација за изградба на крак од постојната пруга Скопје – […]

Македонската економија заложник на запустената железница (инфографик)

октомври 11, 2018

Измина една недела откако „Македонски железници Транспорт“ информира дека поради појавени деформации на бетонскиот мост кој се наоѓа помеѓу станицата Градско и крстосницата Кукуричани, патниот правец Велес – Гевгелија е прекинат за сообраќај. Додека се санираше дефектот целосно беше стопиран товарниот транспорт кон Солунското пристаниште поради што македонските компании трпат огромни штети бидејќи се оневозможени производите […]

Железничарите го откажаа штрајкот, ќе ја чекаат ноемвриската плата

декември 25, 2017

Вработените во Македонски железници – Транспорт, се договориле да го одложат штрајкот кој претходно го договорија за утре, поради најавата од раководството на претпријатието и на Владата дека неделава ќе им биде исплатена целата плата за ноември. Пред извесно време, со штрајкот кој траеше три дена, вработените во МЖ – Транспорт издејствуваа да им биде […]

ЕЛЕМ и МЕПСО ќе дадат заем за исплата на заостанатите плати во Македонски железници

декември 22, 2017

На својата 44 седница вечерва, Владата меѓу другите точки направила подготовки за проект за транспортно и трговско поврзување на Западен Балкан, како и прифатила одлуки на двете државни енергетски претпријатија, ЕЛЕМ и МЕПСО, со кои му позајмуваат пари на АД Македонски железници – Транспорт, соопшти секторот за информирање на Владата. Со тие позајмици, се обезбедени […]

Министерството за транспорт и врски до утре исплати дел од платите во МЖ-Транспорт

декември 13, 2017

Министерството за транспорт и врски (МТВ) денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе обезбеди дел од потребните пари за покривање на загубите за патнички сообраќај во Македонски Железници – Транспорт, но вработените треба во најбрз рок да овозможат повторно да профункционира железничкиот сообраќај. Ова го соопштиле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и […]

Продолжи штрајкот на железничарите, возовите мируваат

јуни 6, 2017

Товарниот и патничкиот железнички сообраќај во земјава се во прекин поради штрајкот на машинскиот персонал на „Македонски железници – Транспорт“ што почна вчера. Денеска е пропуштен единствено експресниот воз  Белград – Скопје – Солун. Штрајкот ќе трае до исполнувањето на барањето за зголемување на коефициентот за работните места, исплата на вториот дел од платата за […]

Тројца гевгеличани продавале лажни билети од „МЖ-Транспорт“ на мигранти

ноември 19, 2015

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија до надлежното обвинителство поднела кривична пријава против тројца гевгеличани, осомничени дека изработувале и им продавале на мигрантите лажни возни билети од „Македонски железници“, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, пријава е поднесена против Ќ.С. (44), С.В. (19) и В.М. (22), кои се товарат за фалсификување исправа. „Во периодот од […]

Страна 1 од 1