Патниците му дале тројка на квалитетот на услугите во македонските возови

-

Патниците во македонски возови оцениле дека лани се подобриле условите за патување со воз во споредба со 2017 година. Квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните при патувањето со возовите на Железници на РСМ – Транспорт е 3,01, се наведува во Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година. Спроведената анкета меѓу патниците во возовите покажува дека тие најмногу се жалат на лошата хигиена во санитарните јазли (2,41) и хигиената во вагоните (2,77).

Наспроти ова, патниците сметаат дека возовите се доволно осветлени (4,82) и означени (4,34). Наспроти подобрувањето на генералната оценка за квалитетот на патничкиот железнички сообраќај, патниците лани се пожалиле на малубројните информации што ги добиваат за нивните права од страна на железничкото транспортно претпријатие. Дури 56% од анкетираните лица посочиле дека не се информирани за нивните права како патници, 30% биле делумно информирани, додека само 14% биле целосно информирани.

Анкетата ја спроведува Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор еднаш годишно во возовите што сообраќаат на сите релации во домашниот сообраќај. Преку структурни прашалници се добиваат информации за почитувањето на правата на патниците. Со години наназад, патниците најмногу се жалат на истите проблеми – возните редови не одговараат на нивните потреби и услугата е неквалитетна.

„Мета“ уште пред 2 месеци пишуваше дека патниците и експертите имаат слични размислувања за подобрување на патничкиот железнички сообраќај. Покрај повеќе возови на сите дестинации, за поквалитетна услуга е неопходно да се воведе комбиниран билет за воз и јавен превоз во Скопје, менување на фиксната цена за билетите, воведување на набавка на билети на Интернет и воведување на апликација за паметни телефони што ќе ги информира патниците за возниот ред и нивните права.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...