fbpx

Министерството за транспорт и врски до утре исплати дел од платите во МЖ-Транспорт

-

Министерството за транспорт и врски (МТВ) денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе обезбеди дел од потребните пари за покривање на загубите за патнички сообраќај во Македонски Железници – Транспорт, но вработените треба во најбрз рок да овозможат повторно да профункционира железничкиот сообраќај.

Ова го соопштиле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески  на денешната средба со менаџерскиот тим на МЖ Транспорт и со претставници на штрајкувачкиот одбор. Вработените втор ден штрајкуваат поради неисплаќање на вториот дел од платата за октомври.

„Министерството за транспорт и врски во рамките на своите надлежности и понатаму ќе продолжи со исплата на средства на име на трансфери и субвенции кон Железница, но потребно е да се создадат услови за нормално функционирање на железничкиот систем. Во случај на продолжување на блокада на железничкиот сообраќај ќе се доведе во прашање исплатата на заостанатите плати за сите вработени во железничките претпријатија“, стои во соопштението од МТВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...