недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: лица со попреченост | 57 резултати

Пендаровски на лицата со попреченост: Ќе бидам вашиот глас таму каде што треба

2 декември 2019

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателот Стево Пендаровски денеска го посети и се дружеше со ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, информираат од неговиот кабинет. Истакнувајќи дека попреченоста наместо основа за разлики треба да биде основа за сличност меѓу луѓето, претседателот Пендаровски рече […]

Психолошките бариери за девојките со попречености се поголеми од градежните

29 ноември 2019

Сведочења на млади жени и девојки со попречености укажуваат дека македонското општество треба уште многу да работи за вистински да ги прифати различните. Овие млади лица немаат пристап до работни места, а социјалниот живот им е само во рамките на семесјтвото. Ретко излегуваат, а кон тоа придонесуваат и бројните градежни бариери. Но некогаш психолошките бариери […]

Повик до младите за создавање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост

10 октомври 2019

Фондот за деца на Обединетите нации, заедно со Фондацијата „Телеком за Македонија“, денес објави отворен повик со кој се повикуваат младите иноватори да достават идеи за дигитални решенија за отстранување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и во секојдневниот живот. Националниот повик, со име „Младински предизвик – дигитална […]

По осум месеци, се става во функција возилото за лица со попречености во Штип

19 јули 2019

Комбето за транспорт на лица со попречености, кое ново стоеше на паркинг во Штип цели осум месеци, од понеделник ќе почне да си ја врши намената за кое е купено. Административен проблем со забраната за распишување на огласи за вработување со претседателските избори го оневозможи приемот на возач, па постапката се одлговлечи со месеци. Конечно, […]

Царовска: Заедно со жителите одлучивме дека во Тимјаник ќе има мал групен дом

26 јуни 2018

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков се сретнала со локалните жители, при што е постигната согласност да се надминат недоразбирањата и жителите на селото повеќе не се спротивставуваат на отворање мал групен дом  за деца со попреченост. […]

Веб-страницата на МИОА пристапна и за лицата со посебни потреби

7 јуни 2018

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска e со нова веб-страница, која исполнува дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост. „На овој начин го подобруваме пристапот на граѓаните до сите информации поврзани со работата на министерството. Покрај подобрување на визуелниот изглед и лесниот пристап до податоци, тоа што е ново […]

Владата го прошири опсегот на функционери што треба да кажат колку трошат

18 април 2018

Вчера Владата донела одлука најдоцна до 20 јуни годинава директорите и замениците на директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на министерствата и на инспекцискиот совет, на своите веб – страници да ги објават податоците за нивите службени трошоци за периодот од 01.12.2014 до 31.05.2015 година и за периодот од 01.12.2017 […]

За четири години со поддршка на УСАИД се вработиле 115 лица со попреченост

12 март 2018

Повеќе од 115 лица со попреченост се вработиле во периодот од 2012 до 2016 година како резултат на соработката на агенцијата на САД за меѓународна помош (УСАИД) со над 360 компании од приватниот сектор, со 40 организации кои работат во областа на застапување на правата на лицата со попреченост и со јавни институции и асоцијации. […]

Со помош на УСАИД се отвори првиот центар за поддршка на млади лица со попреченост

7 март 2018

Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија, организираше завршен настан и официјална промоција на првиот центар во Македонија и во регионот, што ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ-секторот. Исто така, центарот „ХабИТ“ ќе обезбедува услуги за компании за да ја зголемат […]

Лицата со попреченост бараат прилагодени тоалети во угостителските објекти

13 декември 2017

Под мотото „Живот без пречки, тоалет за секого“, вечерва од 18 до 21 часот во ресторанот „Александрија“ во скопската населба Влае ќе се одржи хуманитарен настан чија цел е да ги поттикне институциите и угостителските објекти да обезбедат тоалети погодни за користење од лицата со попреченост. „Лицата во инвалидска количка не може да се социјализираат […]

„Ларондина танцова група“ вторпат ќе настапува во Македонија

2 октомври 2017

Британската танцова група за лица со попреченост на Анџелина Алесендре, „Ларондина танцова група“, од 5 до 10 октомври вторпат ќе престојува во Македонија. Посетата на групата е во организација на Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби. Во рамки на […]

Лицата со попреченост четврти пат ќе кампуваат пред Собрание

20 јули 2017

Лицата со посебни потреби и нивните семејства од денеска во 22 јули четврти пат ќе ги постават своите шатори во паркот Жена –  борец, спроти Собранието. Граѓанската иницијатива „Пет до дванаесет“ ги повикува сите лица со попреченост, хендикеп или посебни потреби, заедно со нивните родители и семејства, да ја поддржат иницијативата и да учествуваат во […]

Лицата со попреченост кампуваат пред Собрание, Царовска им вети подобри услови

20 јуни 2017

Родителите и децата со посебни потреби од денеска во наредните три дена со шатори ќе спијат во паркот Жена борец спроти Собранието, од каде што повторно ќе испратат апел да се слушнат нивните барања кои се однесуваат на законските измени за социјална заштита, за здравствено осигурување и во образованието. Претставници на иницијативата „Пет до дванаесет“ […]

Страна 3 од 3