fbpx

По осум месеци, се става во функција возилото за лица со попречености во Штип

-

Комбето за транспорт на лица со попречености, кое ново стоеше на паркинг во Штип цели осум месеци, од понеделник ќе почне да си ја врши намената за кое е купено. Административен проблем со забраната за распишување на огласи за вработување со претседателските избори го оневозможи приемот на возач, па постапката се одлговлечи со месеци.

Конечно, Центарот за социјални работи го заврши конкурсот за прием на возач, кој со решението за работа стартува од наредната недела. Навидум овој банален случај  доби на актуелност во јавноста од родителите на децата со аутизам од Здружението „Сплотени срца“,  кои не можеа да ја разберат оваа бирократија. Тие постојано прашуваа, како е можно комбето купено од донации и општински пари и регистрирано, да стои на паркинг, додека тие секојдневно со такси возила ги носеа своите деца.

-Додека го набавивме возилото, се распишаа претседателските избори и се до нивното завршување, не можевме да распишеме оглас за вработување на возач за комбето. Веднаш по завршувањето на изборите, огласот беше распишан, се чекаше да поминат роковите за жалба, за приемот на работникот да стане правосилен и веќе од 22 јули, возачот е на работа – изјави Станко Димитров, директор на Центарот за социјални работи.

Родителите на децата со попречености се нестрпливи. За нив се апсурдни административните пречки, особено што набавката на возилото ја следеше трнлив пат. Имено, за возилото се собираа донации, Здружението вложи и дел од свои средства, а Општината Штип им одобри проект, преку кој се дополни неопходната сума за набавка на комбето.

-Треба да ја видите маката на родителите кои имаат веќе возрасните деца, а за транспорт користат такси возила. Еден од нашите членови си го скрши грбот, додека го ставаше своето дете во такси. Новото возило ќе може со рампа да ги крене количките и е далеку поедноставно за транспорт на овие лица. Ќе ни го олесни животот на сите нас – вели Зоран Мијалков од „Сплотени срца“ и татко на два деца со аутизам.

Мијалков нагласува дека набавката на возилото е голема заштеда и за државата, која сега плаќа такси-превоз за децата со порпечености за транспорт до училиште и дома, како и до двата дневни центри. Возилото за овие родители е мал чекор напред во решавањето на секојдневните проблеми.

Крупниот чекор е изградба на центар, каде што трајно би се вселеле возрасните лица со попречености, на што работат веќе неколку години.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...