fbpx

Aвтопатот Тетово – Гостивар годинава ќе добие проект за реконструкција и проширување (инфографик)

-

Дупки на коловозот, нерамен асфалт и немање можност за застанување со возилото на помошна лента. Ова е постојната слика на автопатот Тетово – Гостивар, кој е воедно и еден од најфрекветните патишта во земјава. За минување по оваа делница граѓаните за своите автомобили плаќаат по 60 денари во еден правец, а за возврат добиваат автопат што се наоѓа во лоша состојба. Според податоците на ЈП „Македонија пат“, просечниот годишен дневен сообраќај на овој автопат во 2017 година изнесувал 13.087 возила.

Од Јавното претпријатие за државни патишта посочуваат дека минатата година за прв пат се споменала идејата за реконструкција на коловозот и негово проширување со дополнителна помошна лента во двата правци. Ваквата идеја треба да се преточи во проектна документација, која годинава е предвидена во планот за јавни набавки.

– Предвидено е во 2019 година да се избере најповолен понудувач за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Тетово – Гостивар на ниво на стандарден автопат. По комплетирање на проектот, ќе се предвидат средства за изведба на истиот – велат за „Мета“ од ЈП за државни патишта.

Трасата меѓу Тетово и Гостивар беше првата автопатска делница од Коридорот 8 што се изгради на македонска територија. Делницата долга 22 километри се градеше со заем од Светската банка, а овој автопат беше пуштен во употреба во октомври 1996 година. Од моментот на отворање на автопатот за сообраќај до денес, не се извршени позначајни градежни зафати за негова реконструкција или надградба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...