fbpx

Царовска: Заедно со жителите одлучивме дека во Тимјаник ќе има мал групен дом

-

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков се сретнала со локалните жители, при што е постигната согласност да се надминат недоразбирањата и жителите на селото повеќе не се спротивставуваат на отворање мал групен дом  за деца со попреченост.

– Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање.Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа – рече министерката Царовска.

Тензијата се крена на 10 јуни, ден пред најавеното сместување на четири деца од Специјалниот завод Демир Капија во селото Тимјаник, кога жителите на селото најавија протест поради таквата одлука, а исто така и посочија дека приоритет е изградба на детска градинка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...