fbpx

Пендаровски на лицата со попреченост: Ќе бидам вашиот глас таму каде што треба

-

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателот Стево Пендаровски денеска го посети и се дружеше со ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, информираат од неговиот кабинет.

Истакнувајќи дека попреченоста наместо основа за разлики треба да биде основа за сличност меѓу луѓето, претседателот Пендаровски рече дека денес треба да зборуваме за пречките коишто постојат во општеството, а не за пречките кај луѓето.

– Ќе го споменам пристапот за инвалидски колички, патеките за лица со оштетен вид, литературата со брајово писмо, преводите за глувонеми. Точно е дека има напредок и точно е дека многу институции и организации ги отстрануваат овие препреки, но ни останува уште многу работа како држава – потенцираше претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека многу посериозен проблем, којшто сѐ уште постои, се старите предрасуди и стереотипи.

– Секој обид за дискриминацијата на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство на човековата личност. Овој Меѓународен ден е потсетување за нашата човечка должност да се грижиме за вашите права и слободи и вашата слобода да носите одлуки за вашите животи – подвлече претседателот Пендаровски.

Во рамки на денешниот настан „Преку игра до пријателство“, а по повод одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ беше домаќин на шаховски натпревар. На него учествуваа 15 ученици со оштетен вид и учесници од училишта од општина Кисела Вода и приватното училиште НОВА. Дел од натпреварот во шах беше и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во рамки на посетата на „Димитар Влахов“, претседателот Пендаровски го посети и новиот објект на средното училиште, а се запозна и со начинот на функционирање на целиот објект.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...