Таг: лица со попреченост
таг: лица со попреченост
ХКЧП: Неодговорноста на надлежните ја минира инклузијата на децата со попреченост
Вклучувањето на децата со попреченост во образовниот систем е процес кој се запоставува, нанесувајќи огромна штета на децата и нивните родители. Иако средното образование е задолжително, и оваа учебна година започнува без образовни асистенти во средните училишта, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП).
За проблемот со необезбедување на образовните асистенти за средношколци „Мета“ пишуваше неодамна, изнесувајќи ги невољите на...
Тренчевска: Инклузијата и почитувањето на правата на лицата со попреченост е еден од нашите клучни приоритети
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на Националната работилница за подготовка на „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“ на која што присуствуваше и Премиерот Димитар Ковачевски, Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф и Директорот на ГИЗ Канцеларијата на Северна Македонија Давид Оберхаубер.
Работилницата беше во организација на Владата на Република Северна...
Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови
На возраст од 0 до 14 години во државата има 1.674 деца со попреченост, 43,5 отсто се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а 54,8 отсто се на возраст од над 65 години. На пописот, 38.499 луѓе се изјасниле дека имаат проблем со движењето, 12.371 рекле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со слухот, 3.896 со комуникацијата,...
Вистиномер: Социјалните реформи не се доволни за децата и за лицата со посебни потреби
Иако земјата во 2019 година усвои некои нови услуги за лицата со попреченост, сепак тоа не ја намалува дискриминацијата на оваа ранлива категорија граѓани. Она што ЕК го забележа во извештајот за 2021 година е дека оваа категорија граѓани и понатаму се соочува со дискриминација, недостаток на инфраструктура, информации и услуги, пишува Порталб.мк
Пишува: Наиле Даути
Северна Македонија постигна одреден напредок...
Промовирана апликацијата „Сиборд“ за унапредување на инклузивноста на децата со попреченост
Претставништвото на УНИЦЕФ и партнерите, организацијата „Отворете ги прозорците“ во Северна Македонија денес го промовираа имплементирањето на дигиталната апликација и алатка за асистивна технологија, „Сиборд“, креирана за да им помогне на децата кои имаат тешкотии во комуникацијата и нарушувања на говорот за да можат да комуницираат и да ги искажат своите потреби, чувства и мисли.
Станува збор за бесплатна апликација...
Тренчевска-Галовеј: Продолжува соработката со Британија за социјална и детска заштита, како и родовата еднаквост
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство (ОК) во земјава, Рејчел Галовеј. Теми на разговор беa досегашните и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада, соопшти министерството.
На средбата се разговарало за процесот на деинституционализација на децата без родители и лицата со попреченост. Министерката информирала...
Лицата со попреченост се ослободуваат од партиципација за студирање
Сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи во земјава се ослободуваат од партиципација за студирање. Ваква Уредба донесе Владата на иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.
Од Влада велат дека оваа уредба им овозможува на лицата со попреченост да...
Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Во организација на Владата на Република Северна Македонија, Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), беше одржана свечена седница со којашто беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.
На седницата беше укажано на предизвиците што ги наметна пандемијата со КОВИД-19...
„Специјална олимпијада“ со кошарка и музика го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Со песната „Дозволи ми да победам“ и онлајн активности во рамки на „Европската кошаркарска недела“ - Специјална олимпијада Македонија го одбележува 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
„Ударот кој што го зададе пандемијата со ковид-19 сериозно го намали квалитетот на живот на атлетите на Специјална олимпијада Македонија, но и генерално на лицата со попреченост глобално, така што...
Шахпаска: Со инклузија на лицата со попреченост создаваме општество во кое различностите се почитуваат
Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. Ја изработивме и апликацијата Аудио – читач, за слепите и лицата со оштетен. Градиме инклузивни градинки, ги вклучуваме сите деца во предучилишното образование. За роднините што се грижат за лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од...
„И јас сум тука“: Фотографии, книга и документарец против предрасудите за лицата со попреченост
Вечерва во холот на Кинотеката во 19:00 часот ќе се одржи фотографската изложба „И јас сум тука“ инспирирана и посветена на лицата со попреченост и борбата против предрасудите.
Во изложбата се вклучени 20 лица со посебни потреби на различна возраст. Нивните портрети ќе бидат придружени со кратки приказни посветени на нив.
Автори на изложбата се новинарката Сребра Ѓорѓиевска и фотографот Тоше...
Утврдена директна продолжена дискриминација од страна на ДИК кон лицата со физичка попреченост
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост од страна на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Карпош.
По допрен глас од лице со физичка попреченост кое се пожалило дека не може да го депонира својот потпис за поддршка на извесна независна кандидатска листа за локалните избори, Комисијата одлучила...
Промоција на инклузивна сликовница „Буква по буква – азбука“ по повод празникот на просветителите Свети Кирил и Методиј
Во дворот на Клубот на пратеници денеска беше одбележан празникот на сесловенските учители и просветители Светите браќа Кирил и Методиј, со промоција на инклузивната сликовница-буквар со наслов „Буква по буква - азбука”. Таа е создадена во три форми на азбука, кирилица, знаковниот јазик и брајовата азбука, за луѓето без и со попреченост да можат да комуницираат меѓу себе.
Во присуство...
Порталб: Здружението „СОС ВИТА“ бара од Министерството за култура да им се исплатат пари за проект кој го добиле лани
Здружението на лицата со посебни потреби „СОС ВИТА“, вчера пред Министерството за култура одржа прес-конференција во знак на револт бидејќи не им се префрлени средствата во износ од 290.000 денари за проект што го добиле во 2020 година. Тие побараа од премиерот Зоран Заев и министерката за култура, Ирена Стефоска да ги префрлат средствата што е можно поскоро, известува...
Потпишани 10 нови договори за грант со општините за пружање услуги на стари лица и лица со попреченост
Општините Чучер Сандево, Бутел, Јегуновце, Теарце, Желино, Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица се новите локални самоуправи кои потпишаа 10 нови договори за грант за развој на социјалните услуги со Министерството за труд и социјална политика. Со нив, тие се обврзуваат на давање услуги на старите лица и на лицата со попреченост,...
Паметна инвалидска количка која се управува со окото – проект на младите херои Мартин, Давид и Благојче
„From Zero To Hero“ (Од нула до херои) – вака гласи името на тимот кој сè почесто се среќава во медиумите, а од кој дел се студентите Мартин Динев, Давид Лазароски и средношколецот Благојче Павлески. Освен тимот, нив тројца ги спојува и заедничката желба да им помогнат на другите луѓе.
Плод на нивната соработка и вложен труд е проектот за...
Студенти од ФЕИТ креираа алатка „Говорко“ за полесна комуникација на децата со попречен говор
Неколку студенти од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во соработка со експертите од Здружението „Отворете ги прозорците“ и Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца „Креатива Исток“ ја креираа алатката „Говорко“ кој ќе им помогне на децата со пречки во комуникацијата полесно да ги изразат своите мисли, потреби и чувства. Алатката функционира на принцип со...
Се трансформираат посебните училишта во центри каде учениците со попреченост ќе добијат индивидуален пристап
Од следната учебна година секое дете со попреченост пред влезот во образовниот систем ќе оди на проценка на функционалноста за да се определи поддршката што детето треба да ја добие во образовниот систем – образовен/личен асистент, поддршка од други стручни работници, адаптација на просторот, односно разумно прилагодување на училишната средина, укажа министерката за образование и наука, Мила Царовска на...
Мила Царовска: Ковид-19 ни покажува зошто ни треба цврст образовен систем (видео)
Последиците од пандемијата со ковид-19 недвосмислено покажаа оти нашата држава треба да научи дека планирањето на инвестициите во образованието значат многу. Голем е предизвикот да се започне учебната година на ваков начин, со ресурсите кои и досега ги имаа училиштата, бидејќи екстра ресурси, нема. Ова во интервју за Мета го вели Мила Царовска, новата министерката за образование и наука...
Посебен режим за движење на лицата со попреченост за време на полицискиот час
Во текот на работната недела, во периодот од 19 до 20 часот и за викендите од 11 до 13 часот, лицата со попреченост ќе може да се движат со придружник. Оваа одлука ја донесе Владата, по предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.
За останатите граѓани важи полицискиот час од понеделник до петок, почнувајќи од...