fbpx

Психолошките бариери за девојките со попречености се поголеми од градежните

-

Сведочења на млади жени и девојки со попречености укажуваат дека македонското општество треба уште многу да работи за вистински да ги прифати различните. Овие млади лица немаат пристап до работни места, а социјалниот живот им е само во рамките на семесјтвото. Ретко излегуваат, а кон тоа придонесуваат и бројните градежни бариери. Но некогаш психолошките бариери кај тие од окружувањето на младите жени се потешки за совладување од тие градежните, беше нагласено на третата конференција во рамките на кампањата за родова рамноправност и родова инклузија на жени и девојки со попреченост, која се одржа денеска во Штип.

Здружението на лица со церебрална парализа од Велес во изминатите 14 месеци работело на истражување спроведено меѓу 60 млади жени и девојки со попреченост, потоа меѓу 10 мажи и 30 стручни лица кои работат со жени со попреченост.

– Резултатите покажаа дека жените и девојките со попреченост се двојно дискриминирани од тоа што се жени и се со попреченост и за нив се потребни повеќе услови за да бидат вклучени во општественото живеење. Како главни поенти од истражувањето е дека треба целосно да се имплементира Конвенцијата за правата на попреченост. Жените и нивните семејства зборуваат колку не можат да го формализират своето образование и да најдат вработување, и тоа вработување да биде според нивните потреби, колку малку излегуваат во јавност, затворени се во четири ѕида, а здравствените ординации се со градежни бариери – вели Далиборка Златева, претседател на Здружението на лица со церебрална перализа од Велес.

Како дел од кампањата се снимени неколку видеа со искажувања на лица со попречености и се прикажани сите пречки кои овие лица треба да ги поминат да имаат еден обичен ден.

На крајот од кампањата ќе биде објавен документарен филм, во кој ќе бидат претставени позитивни приказни, но и многу тажни примери на тоа колку општеството ги оневозможува овие млади жени и девојки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...