fbpx
Таг: кривичнипријави

таг: кривичнипријави

Секој секого тужи – поплава од кривични пријави во Македонија

Состојбата во Македонија, која некои ја нарекуваат политичка криза, предизвика поплава од кривични пријави, особено против и за политичари, јавни личности и за новинари. Во мала земја како што сме ние, се чини дека во моментов секој секого тужи и секој секому поднесува кривична пријава. За помалку од три месеци - од 31 јануари до денеска - кривични пријави поднеле или...

Опозицијата поднесе 21 кривична пријава за изборни нерегуларности

Опозицискиот СДСМ денеска до надлежното обвинителство поднесе 21 кривична пријава, против повеќе од 17 сторители на, како што рече заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, кривични дела против изборниот процес. Според Шекеринска, пријавите се однесуваат на кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, принуда, предизвикување општа опасност, фалсификување исправи, противзаконско посредување, повреда на избрачкото право, повреда...

Двајца тетовци осомничени за 10 тешки кражби

Тетовската полиција поднела кривични пријави против Е.А. (21) и Р.Х. (25), осомничени дека изминатите неколку месеци извршиле вкупно 10 тешки кражби во градот, соопшти полцијата. Како што информираат оттаму, Е.А. се товари за осум, додека Р.Х. е осомничен за две тешки кражби. Дваесет и едногодишниот тетовец, според полицијата, најголем дел од кражбите ги извршил во возила, паркирани на различни места во...

Кривичните пријави на СДСМ, Oбвинителството „ги зело во работа“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска попладне со соопштение информира дека кривичните пријави за неовластено прислушување што ги поднесоа СДСМ, лидерот на партијата, Зоран Заев, неговата заменичка, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, „биле земени во работа“. „Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е...

СДСМ: Скандалозно е ВМРО-ДПМНЕ да ја оценува основаноста на кривичните пријави

За СДСМ е скандалозно тоа што центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ оценува дали поднесените кривични пријави се основани или не, реагираат од најголемата опозициска партија, која денеска поднесе три кривични пријави против премиерот Никола Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против Мартин Протоѓер и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. „СДСМ пријавите...

„Чекан“ удри врз двајца гостиварски полицајци

Двајца полицијаци од Гостивар се упасени во продоложение на акцијата „Чекан“, осомничени дека биле членови на криминалната група што беше разбиена во декември минатата година, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што инфромираат оттаму, станува збор за Р.Б. (39), вработен како полициски службеник во одделение за полиција при полициската станица од општа надлежност Гостивар и Ш.Д. (41), командир...

Жители на Горно Јаболчиште купувале бензин со фалсификувани денари

Велешката полиција поднела кривична пријава против Р.З. (37) и Џ.З. (41) од селото Горно Јаболчиште, осомничени за фалсификување пари, соопшти полицијата. Според информациите оттаму, осомничените на почетокот на септември минатата година, на бензинска станица платиле со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Вработените на бензинската го пријавиле случајот во полиција, чии екипи ги пронашле осомничените и при преглед над нив и на возилото...

Петмина осомничени за серија тешки кражби

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против пет лица, осомничени дека во периодот од април минатата година до февруари годинава извршиле серија тешки кражби на територијата на Скопје, меѓу нив и кражбите во театарот „Комедија“ и Албанскиот театар, соопшти МВР. Против петтемина осомничени е поднесена кривична пријава за тешка кражба, додека уште три лица полицијата ги...

Криминална група сечела дрва на диво и ги легализирала преку фирма-параван

Седуммина скопјани и еден кичевец се осомничени дека како членови на криминална група, преку фирма-параван, формирана за таа намена, ја легализирале и прикривале нелегалната сеча на дрва за огрев, оштетувајќи ја државата за сума од околу 14,6 милиони денари, соопшти МВР. Министерството за внатрешни работи денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција поднело кривични пријави против осомничените,...

Кривична пријава против петмина навивачи на „МЗТ Скопје“

Скопската полиција поднела кривична пријава против пет момчиња на возраст од 20 до 25 години, осомничени дека вчера, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на МЗТ Скопје и Партизан, во обид да го пробијат полицискиот кордон, повредиле двајца полицајци, оштетиле возило на полицијата и искршиле стакло од прозорец на спортскиот центар „Јане Сандански“, информираат од МВР. Пријави за кривично...

Тројца штипјани одгледувале марихуана во викенд-куќа

Тројца штипјани се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, откако при претрес на викенд-куќа во населба во градот, полицијата пронашла насади со марихуана и околу 2.600 семки канабис, информираат од МВР. Станува збор за Д.Ч. (46), М.Б. (38) и К.С. (35), против кои СВР Штип поднел кривична пријава. Според полицијата, нивни екипи по добиени сознанија и...

Полицаец од Кратово осомничен дека си натпишувал прекувремени работни часови

СВР Куманово поднел кривични пријави против двајца полициски службеници од полициската станица во Кратово, осомничени за внесување невистинити податоци во евиденцијата за прекувремени работни часови и за невршење надзор во евиденцијата, информираат од МВР. Првопријавениот И.А. (49) се товари за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување или уништување на деловни книги, а второосомничениот, Г.А. (45), за несовесно...

Директор на Институтот за медицина на трудот, осомничен за проневера на 145.000 евра

Управата за финансиска полиција поднела кривични пријави против тројца вработени во Институтот за медицина на трудот, меѓу нив и директорот на Институтот, осомничени дека проневериле поголеми износи пари од дневниот промет, пренесува „Нетпрес“. Финансиската полиција, по извршениот увид во благајничкото работење и во сметководствената евиденција на Инситутот, утврдила дека прометот извршен преку фискалниот апарт редовно бил предаван во сметководството, но...

Уапсени петмина дилери на дрога и запленети 100 грама хероин

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, викендов, во рамките на акцијата „Мрежа“, разбил канал за трговија со хероин, соопшти МВР. Во полициската акција биле уапсени пет, од вкупно шестмина осомничени и биле запленети околу 100 грама хероин. Од уапсените, четворица се скопјани, еден е гостиварец, а осомничениот кој не им е достапен на органите за прогон е турски...

СВР Битола поднела 25 кривични пријави за нелегална сеча на дрва

СВР Битола, по преземените акции на подрачјата што се под нејзина надлежност, а во рамките на пообемната полициска акција „Гора“, од јуни до средината на овој месец, поднела вкупно 25 кривични пријави за нелегална сеча на дрва, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, пријавите се поднесени против 37 физички лица и три фирми за вкупно 28 кривични дела кражба, пустошење...

Албански државјани осомничени за илегален транспорт на седум мигранти

Регионалниот центар за гранични работи поднел кривични пријави против двајца албански државјани кои завчера биле приведени додека превезувале седум илегални мигранти, соопшти МВР. Против Б.К. (25) од Поградец и Ч.Е. (29) од градот Либразд се поднесени пријави за кривично дело нелегален транспорт на мигранти, а против второсомничениот е поднесена кривична пријава и за давање поткуп. Судија на предходна постапка на двајцата им...

Кривични пријави против 10 лица и една фирма за малверизации со набавка и со превоз на дрва

Велешката полиција, за два одвоени случаи, до надлежните обвинителства поднела три кривичи пријави против 10 лица и една фирма за несовесно работење, кражба и за други кривични дела, а во врска со набавка и со превоз на огревни дрва, соопшти МВР. Кривични пријави се поднесени против две физички лица, осуммина вработени во јавното претпријатие „Македонски шуми“ и против една фирма. Во...

МВР запленило 350.000 парчиња пиротехника на Бит-пазар

Екипи на МВР вчера заплениле околу 350.000 парчиња разновидни пиротехнички средства од импровизирани тезги на скопски Бит-пазар, информираат од Министерството. Акцијата била спроведена по добиени оперативни информации од единицата за недозволена трговија, а петардите и другите пиротехнички средства биле запленети од две имровизирани тезги на Бит-пазар. - Исто така, изминатата недела, постапувајќи во рамки на овој вид активности, Единицата за недозволена...

Акција „Чекан“: Криминална група шест години царувала во Гостивар

Осумнаесет гостиварци и еден скопајанец се осомничени како членови и помагачи на криминалната група што дејстувала во западниот дел на државата, информираат од МВР. Во полициска акција под оперативно име „Чекан“, утрово се уапсени 15 членови на групата, две лица се надвор од државата, а по двајца од осомничените сè уште се трага. Пет лица се осомничени како организатори на криминалната група,...

78 лица и пет фирми осомничени за фалсификување документи за добивање субвенции

Штипската полиција поднела кривични пријави против сопственикот и управител на фабриката БМФ - Зрновци и против уште 77 физички и пет правни лица за фалсификување или за уништување деловни книги, бидејќи внесувале поголеми количества откупена оризова арпа од реалните за да добијат поголеми суми од субвеници. Меѓу петте фирми, против кои е поднесена кривична пријава е и БМФ - Зрновци. Како што...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...