fbpx

Албански државјани осомничени за илегален транспорт на седум мигранти

-

Регионалниот центар за гранични работи поднел кривични пријави против двајца албански државјани кои завчера биле приведени додека превезувале седум илегални мигранти, соопшти МВР.

Против Б.К. (25) од Поградец и Ч.Е. (29) од градот Либразд се поднесени пријави за кривично дело нелегален транспорт на мигранти, а против второсомничениот е поднесена кривична пријава и за давање поткуп.

Судија на предходна постапка на двајцата им одредил 30 дена притвор.

Како што информираат од МВР, осомничените во понеделникот, околу 20.45 часот, биле забалежани од екипа на сообраќајната полиција кај наплатната рампа Градско, како со две возила, „голф“ и „ауди“, се движат по автопатот Демир Капија. „Голфот“ кој се движел прв, продолжил кон Скопје, додека „аудито“, по кратко следење, полицијата го запрела во близината на Каласлари.

Во автомобилот што го управувал Ч.Е. полицијата открила тројца илегални мигранти, двајца од Сирија и еден од Ирак, на возраст од 25 до 34 години.

Возачот, во обид да се извлече, на полицајците им понудил првин 100, а потоа уште 100 евра поткуп, но тие го одбиле и го привеле.

„Голфот“ што го управувал Б.К. по баркотница со полицијата, во која возачот се обидел да се ослободи од патниците и да побегне, бил запрен во близина на клучката Велес и Штип. Во автомобилот осомничениот превезувал четворица илегални мигранти од Сирија, на возраст од 6 до 27 години.

Осомничените и мигрантите биле приведени во полициската станица во Велес, каде било утврдено дека Б.К. мигрантите ги презел во близина на Гевгелија, а второсомничениот кај Демир Капија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...