fbpx

СВР Битола поднела 25 кривични пријави за нелегална сеча на дрва

-

СВР Битола, по преземените акции на подрачјата што се под нејзина надлежност, а во рамките на пообемната полициска акција „Гора“, од јуни до средината на овој месец, поднела вкупно 25 кривични пријави за нелегална сеча на дрва, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, пријавите се поднесени против 37 физички лица и три фирми за вкупно 28 кривични дела кражба, пустошење шуми, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа, фалсификување и уништување деловни книги и фалсификување исправа.

На подрачјата на полициските станици Македонски Брод и Крушево, според МВР, било откриено пустошење на шума и бесправна сеча на дабови стебла од вкупно 520 кубни метри, со што била предзвикана материјална штета од околу 1,5 милион денари.

При акциите полицијата запленила повеќе од 270 кубни метри огревно дрво, претежно даб, а биле одземени седум товарни возила, 38 автомобили, осум трактори, 19 запрежни возила, еден шпедитер, 14 моторни пили, 10 рачни пили и пет секири.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска...