fbpx
Таг: Kovid19verifikacijamkd

таг: kovid19verifikacijamkd

Вистиномер: Големиот ресет во неколку чекори е фантазија и дезинформација

Наведеното во книгата, а и во постот што се споделува на Фејсбук, дека има некаков план за тоа како да се направи генерален ресет во неколку чекори, е незаснован на факти и претставува чиста фантазија и дезинформација. Опишаните 10 чекори во постот не се исполнија досега. Смртноста е најголема кај невакцинираните  и обратно, многу ниска кај вакцинираните. Ковид не...

Вистиномер: „Мајк Тајсон“ ја клевети штипската болница дека ликвидира ковид пациенти!

Ние имаме во целата пандемија само еден или двајца пациенти кои биле на респиратор. Конкретниот пациент, за кој се тврди дека сме го убиле, имал хронична опструктивна белодробна болест, донесен е, не од Струмица, туку од Валандово, со сатурација 55 и наод на двете белодробни крила: масивна пневмонија. Тој беше на кислородна поддршка, односно сипап маска, примен е во...

Вистиномер: Со вирално видео од антиваксерскиот протест се шират невистини за вакцинацијата и ковид-19 пандемијата

Повеќе полуинформации и невистини беа изнесени во говорот на Гордана Гоџо на антиваксерскиот протест. Невистина и непознавање на системот е да се каже дека „сите држави поднесоа кривични во Хаг против своите држави – каде сме ние?“ Говорничката мисли на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но, сепак, таму државите сами против себе не можат да поднесат кривични пријави....

Вистиномер: Во вакцините против ковид 19 нема графен оксид, луцифераза или спајк протеин

Дезинформација е тврдењето изнесено во постот дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид, луцифераза или спајк протеин, а споменувањето на другите состојки во фотографијата на постот во контекст на заплашување и спречување на вакцинацијата го сметаме за манипулативно, зашто содржи полувистини, невистини и извртувања, пишува во анализата на „Вистиномер“ што подолу ја пренесуваме во целост: Ензим луцифераза, спајк протеин...

Вистиномер: Немојте да постите 40 дена на вода како детоксификација после вакцина!

Објавата, освен што дезинформира, е и опасна по здравјето на луѓето, затоа што доготрајниот пост на вода не смее да се практикува без медицински надзор, особено не 40 дена! Научни студиии поажуваат дека долгорочните пости на вода се поврзани со нездраво слабеење, губење мускулна маса, постојан замор и може да му наштетат на имуниот систем. Што се однесува до...

Контраспин: Со измислиците за „фашистички мерки“ во владината кампања ВМРО-ДПМНЕ шири антиваксерство

Задоцнетиот почеток на масовната вакцинација, „фашистичките (рестриктивни) мерки“ и цената на кампањата, се три столба врз кои главната опозицска партија комуницира со јавноста дека кампањата е непотребна, што е класично извртување на вистината или спин, што пак, може да се толкува и како антиваксерски став или принцип, се одбележува во најновиот „Контраспин“ на „Вистиномер'. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во...

Вистиномер: Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините

Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање...

Вистиномер: Британските научници не кажале дека вакцините не даваат имунитет

Со намерно испуштање на клучни зборови и дополнителни информации, објавата ја доведува во заблуда јавноста дека вакцините не даваат никаков имунолошки одговор на ковид-19 и дека „џабе“ е вакцинирањето. Британските научници, предводени од шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард никогаш не кажале дека вакцините не даваат имунититет и дека не треба да се аплицираат, туку, напротив, ја...

Вистиномер: Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати

Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи  за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи, пишува „Вистиномер“ во анализата на дезинформација што беше објавена во еден Фејсбук-пост и на некои веб-сајтови. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Видео од тепачка, за која се тврди дека се случила...

Вистиномер: Тестот за ковид не е наменет во него да се тестира вода, туку примерок од нос или грло

Во една од своите анализи „Вистиномер“ рецензираше пост на Фејсбук во кој се тврди дека тестот за детекција на коронавирусот излегува позитивен на вода. Овој текст го пренесуваме во целост: Како обид за докажување на таквото манипулативно тврдење презентиран е видео материјал, во кој лица кои личат на медицински персонал од лабораторија, а кои зборуваат на шпански јазик, го спроведуваат...

Вистиномер: Хигиеничари на лондонска железничка станица не се фотографирале за да инсценираат лажна пандемија

Овој пост е со испуштен контекст, односно со ненаведување на информации и нивно намерно или ненамерно прикривање, во јавноста се креира сосема погрешна слика. Објавата дезинформира дека хигиеничарите на железничка станица во Велика Британија се преправаат дека нешто работат, за да предизвикаат страв и за да добијат публицитет во медиумската кампања за заплашување на граѓаните дека постои пандемија од...

Вистиномер: Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат

Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“, пишува „Вистиномер“ во својата...

Вистиномер: Антедатирана објава на Фејсбук манипулира дека вирусот бил предвиден пред 12 години

Овој пост се прикажува како дека е објавен на 29 јули 2009 година, а всушност е објавен на 29 јули оваа година. Вистинскиот датум на објавата се гледа веднаш под името на тој што ја објавил, на знакчето што изгледа како часовник. Освен манипулацијата со датум на објавата, статусот е проблематичен и затоа што изнесува еден куп лажни податоци...

Вистиномер: Лага е дека коронавирусот е контролиран од 5Г мрежата преку вакцините

На „Фејсбук“ се споделува пост којшто ја дезинформира јавноста дека со вакцинацијата против ковид-19 се вбризгува метален прав и со помош на 5Г мрежата се потикнува нов ковид бран. Во составот на вакцините против ковид нема метали. Пандемијата со ковид-19 ниту е причинета од 5Г мрежата, ниту, пак, има каква било поврзаност меѓу вирусот и оваа мобилна технологија. Иако,...

Вистиномер: Сè повеќе млади заразени со корона – вакцинацијата и за нив е најсилното оружје против ковид-19

Од прегледите може да се заклучи дека голем дел од младите не обрнуваат многу внимание на протоколите и заштитата, што впрочем се потврди со тоа што најголем процент од заразените биле на концертите во Охрид во периодот пред и по продолжениот викенд за 1 август. За голем дел од нив вакцинацијата е уште тема за која одбиваат да разговараат,...

Вистиномер: Со мешање „баби и жаби“ се прави обид да се дискредитира вакцината

Објава на Фејсбук намерно, на еден манипулативен начин прави несоодветна споредба, паушално изведува проценти на новозаразени вакцнирани лица и во јавноста создава искривена слика за ефикасноста на вакцините. Статистиката за којашто говори министерот Филипче – дека само 0.02 проценти од ревакцинираните се заразиле со ковид, се однесува на ниво на целата држава и на периодот пред 27 јули, кога...

Вистиномер: После вакцинацијата не станувате магнет

Ниеден научен факт, студија или аргумент не потврдува дека во вакцината од кој било производител се содржи графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. За тоа дека вакцината немаат магнетизирачко...

Вистиномер: ПЦР тестот не регистрира настинка и грип божем се ковид, туку е специфичен само за коронавирусот!

ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип, како што дезинформира оваа објава на Фејсбук. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот,...

Вистиномер: Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на...

Вистиномер: Додека пола држава гори, Ангелов твита спинови за политичките противници

Неспорно е дека државните институции треба навремено да реагираат на лажните вести. Но, демантите треба да бидат во насока на целосно, точно и транспарентно информирање на јавноста. А, не како во конкретниот случај со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, да се долева „масло на огнот“ преку спинови кои се во функција на партиска пропаганда и...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...