fbpx
Таг: Kovid19verifikacijamkd

таг: kovid19verifikacijamkd

Вистиномер: Вакцините против ковид не се експериментални, а децата може да се заразат со делта варијантата

Подолу интегрално пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на видео објавено на Фејсбук со неточни тврдења дека вакцините против ковид-19 се експериментални и штетни: Во вирално видео на Фејсбук во непознато лице шири неточни информации. Иако ова лице тврди дека вакцините се експериментални, според истражувањето на Порталб, ова не е вистина. Лицето додава дека младите не треба да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи...

Вистиномер: Лага е дека вакцинираните се причината поради која вирусот мутира

Два неспорни факти зборуваат спротивно од тврдењето на научникот што се залага за драстично намален обем на вакцинација од она што сега се прави во светот. Првиот е Малоун се пласира како изумител на вакцините што користат нови платформи и технологија, а не е, вториот е бројките од статистичките податоци и студиите не се совпаѓаат со тврдењата на Малоун....

Вистиномер: Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема

Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење.  Што се однесува до вакцинацијата, таа во земјата е доброволна. Никој  никого не присилува да се вакцинира. Но, доколку некој не се вакцинира, тогаш тој може да има рестрикции во движењето – ограничувања каде може, а каде не може...

Вистиномер: Лага е дека австралиските деца позитивни на ковид-19 се одвојуваат од родителите

Во продолжение ја пренесуваме рецензијата на „Вистиномер“ на објава на Фејсбук што дезинформира дека во Австралија децата позитивни на ковид-19 насила се одвојуваат од родителите: Рецензираме пост на Фејсбук кој е прилично вирален на социјалните мрежи. Станува збор за видео од Австралија за кое се тврди дека прикажува како полицијата насила одзема дете од таткото, бидејќи било тестирано позитивно на...

Вистиномер: Чиј имунитет е подобар, на вакцинираните или на прележаните?

Најновата одлука на Владата да дозволи нерестриктивен влез во објекти и настани од отворен карактер, за оние граѓани што прележале ковид-19 најмногу пред 45 дена, наиде на остри реакции кај дел од медицинската заедница. Се кршат копјата околу тоа кој имунитет е подобар и подолг, дали оној што е создаден по прележување на болеста или оној што е создаден...

Вистиномер: Епифизата на децата не е афектирана од бесконтактен топломер!

„Вистиномер“ рецензираше објава на Фејсбук во која се тврди дека на децата им се мери телесната температура со дигитален топломер, затоа што на тој начин се таргетира епифизата која е „чакра односно центар за комуникација со повисоките сфери”. Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“: ,,Еве зошто ги „бушат“ луѓето (ОСОБЕНО ДЕЦАТА) со оној дигитален топломер, точно во челото...

Вистиномер: Првичните сознанија за ламбда сојот се загрижувачки

Ламбда сојот на корона вирусот се уште не е детектиран во Северна Македонија, но го има и во Британија, и во Австрија, и во Италија. Првите сознанија, иако неревидирани од научната заедница, упатуваат на загриженост, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Во лабораториите на МАНУ и на Институтот за јавно здравје досега не е детектиран...

Вистиномер: Сода бикарбона не е лек против вируси

Сода бикарбоната и лимонот не се никаков „спасоносен лек“ за заштита од вируси воопшто, а најмалку за заштита од коронавирусот, како што се тврди во објавата, која може да влијае на задоцнет третман и ненавремена имунизација кај населението како единствена ефикасна заштита од ковид-19. Оваа мешавина нема ефикасни ефекти, а може да биде многу опасна, ако содата се зема...

Вистиномер: Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина.  Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви  докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа...

Вистиномер: Дезинформации за присилна вакцинација и измислици за наводно труење на ученици

Не постои никаков план и заговор за присилна вакцинација на децата и нивно труење со вакцини, како што се тврди во Фејсбук објавата што ја рецензираме, ширејќи вознемирувачки пораки и потткнувајќи паника кај родителите. Имунизацијата за младите од 12-18 години се спроведува единствено по претходна пријава, со согласност од родител и во вакциналните пунктови, а за децата под 12...

Вистиномер: Не е точно дека децата не заболуваат од ковид!

Подолу интегрално пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на тврдења за заразување на децата со ковид-19, изнесени во Фејсбук-пост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека децата не се заразуваат со ковид. Авторот на постот прашува како може децата да се тестираат и да носат маски, кога „воопшто не фаќаат ковид“. Ова не е точно. И во земјава и во светот,...

Вистиномер: Лаги, лаги и лаги дека ковид 19 е измама!

„Вистиномер“ рецензираше објава на Фејсбук во која е изнесена теорија на заговор, односно пост во кој се тврди дека ковид е измама и глобален координиран напад со цел да се уништи светската економија, да се воведе светска дигитална валута, присилно вакцинирање, идентификација со микрочипови. Го пренесуваме текстот во целост: Според авторот на постот, зад сето ова стојат групи кои го...

Вистиномер: Лекарите не се масони, секташи и не извршуваат масовни убиства

Фејсбук објава ја злоупотребува критичната ситуација со големиот наплив на новозаразени од ковид-19 во Тетово и ги деградира и сатанизира лекарите, нарекувајќи ги убијци, масони и секташи. Во невистинитата објавата е присутен говор на омраза, кој влева страв и вознемиреност кај граѓаните, додека лекарите водат беспоштедна битка да обезбедат здравствена помош и хоспитализација за огромниот број на новозаразени пациенти,...

Вистиномер: Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид

Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и невакцинираните можат да ја...

Вистиномер: Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“

Австралија, според Worldmeters, има 25.836.750 жители. Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци, излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт. Така...

Вистиномер: Целосно вакцинираните не одат во изолација, иако биле во контакт со позитивен на ковид

Во изолација одат сите позитивни граѓани, како и невакцинираните и непрележаните нивни контакти. Вакцинираните со две дози, како и прележаните пред максимум 45 дена, не одат во изолација, иако имале контакт, велат од Центарот за јавно здравје – Скопје. Според протоколите на СЗО, во изолација не оди вакциниран со две дози, ако поминале 14 дена од втората доза. Во...

Вистиномер: Лага е дека треба да поминат најмалку 6 месеци од вакцинирањето пред да се планира бременост

Ниту еден од производителите на вакцини не тврди дека жените после вакцинација треба да почекаат одреден период пред да се обидат да зачнат бебе. Ниту еден официјален извор на информации не препорачува да се чека помеѓу шест месеци и две години пред да се планира бременост, како што дезинформира овој пост на Фејсбук. Такво нешто не е наведено ниту...

Вистиномер: Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата

Во продолжение ја пренесуваме во целост новата анализа на „Вистиномер“, во која се раскринкува дезинформација пласирана на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните...

Вистиномер: ПЦР тестот не се исфрла од употреба, туку се подобрува за да детектира истовремено и ковид и инфлуенца

Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни

Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август - неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред Ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме,...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...