fbpx

Вистиномер: Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“

-

Австралија, според Worldmeters, има 25.836.750 жители. Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци, излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт. Така што, протестите не биле огромни, како што се прикажува во постот. Исто така, тврдењето дека e „започната револуција“ е далеку од реалноста, бидејќи на протестот не беа изнесени политички барања и не се бараше промена на власта. Демонстрантите со извиците „слобода“ бараа укинување на полицискиот час и на рестриктивните мерки, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Во Фејсбук пост е споделено видео од протестите во Австралија, со краток опис:

Огромни анти-ковид протести во Австралија. Народот излезен на улица во огромна бројка а полицијата на нив со водени топови и гумени куршуми.

Дефинитивно е започната револуција низ целиот свет за целата лага во врска со Ковид 19.

Прво, постот којшто е многу вирален – досега (24.08.2021) има 9.700 прегледи, 3.900 споделувања и 860 коментари – тврди дека граѓаните излегле на револуција против „целата лага во врска со ковид-19“. Но, луѓето кои излегоа на протести во Австралија протестираа против строгата блокада и полицискиот час, кој во дел од најголемиот австралиски град, Сиднеј, трае повеќе од два месеца. Светските медиуми пренесуваат изјави на австралиската власт, која оценува дека седењето дома и вакцинирањето се мерки што даваат резултати. Австралија, во целиот период на пандемијата од година и пол, има регистрирано 43.000 случаи на ковид-19 и 978 смртни случаи.

Второ, за да се каже дека се тоа огромни протести, треба да се има предвид големината на земјата и градовите во кои се излегло на протести, која е илустративна сама по себе. Според Worldmeters, Австралија има 25.836.750 жители (состојба до 23.08.2021). Во сите четири градови каде имаше протести, заедно, според полициските податоци излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт.

Гардијан, во извештајот за протестите, пренесува изјава на министерот за внатрешни работи на Нов Јужен Велс, Дејвид Елиот, кој најавува дека се насочени кон „идентификација на секој од 3.500 демонстранти“ во Сиднеј.

И трето – тврдењето дека започнува револуција е далеку од реалноста, бидејќи на протестот не беа изнесени политички барања и не се бараше промена на власта. Демонстрантите со извиците „слобода“ бараа укинување на полицискиот час и на рестриктивните мерки.

Според медиумскиот извештај, анкетата на агенцијата за истражување на пазарот „Utting Research“ покажа дека само 7 отсто од Австралијците ги поддржуваат честопати насилните протести (анкета спроведена на крајот на јули).

Од почетокот на пандемијата Австралија применува строги и рестриктивни мерки, што, според оценките, се клучни за успехот во борбата против коронавирусот и ниските бројки на заболени. Сепак, голем предизвик е четвртиот бран на инфекцијата, што почна од Сиднеј во средината на јуни, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...