сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: kovid19verifikacijamkd | 274 резултати

Вистиномер: Третата доза нема да ги убие луѓето, туку ќе ја зголеми заштитата против „делта“ варијантата на ковид – 19

август 10, 2021

Краток пост од само два реда, но кој содржи повеќе од две дезинформации за вакцините против ковид-19, споделен на Фејсбук од лицето Хубејб Нуман, содржи тврдење дека третата доза на вакцината има за цел „да убива“ луѓе, но научните факти силно го демантираат ова тврдење. Третата доза од вакцината е препорачана од компанијата „Фајзер“ и […]

Вистиномер: Лага е дека Израел почнува со чипирање на децата

август 10, 2021

Објава на Фејсбук споделува видео во кое има изјава на Бенџамин Нетанјаху, поранешен премиер на Израел, дадена пред една година, претставувајќи ја како нова и лажно тврди дека Нетанјаху бил за чипирање на децата. Но, тој никаде не спомнува чипови за деца, туку само вели сензори кои ќе алармираат доколку децата се приближат на помало […]

Вистиномер: Во Велика Британија нема над 1.500 мртви како последица од вакцината

август 10, 2021

Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени „жолти картони“, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство. Пријавите може да ги пополни секој кој има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. […]

Вистиномер: Нејасно видео со анонимни француски научници шири невистини за составот на вакцините

август 9, 2021

Видеото кое е пренесено во постот, нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен […]

Вистиномер: Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

август 9, 2021

Пост на Фејсбук шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во […]

Вистиномер: Со ковид-19 вакцините не се вршат репресии и експерименти врз луѓето

август 8, 2021

Постот што ги рецензираме изнесува неточни и манипулативни тврдења дека невакцинираните ќе бидат подложени на репресии и присилни тестирања, кои наликуваат на дехуманизираниот однос на нацистите кон Евреите за време на Холокаустот и дека вакцинацијата ќе стане задолжителна. Засега, пак, има само најави за можни рестрикции за невакцинираните лица, исклучиво заради заштита на јавниот интерес […]

Вистиномер: Делта варијантата на коронавирусот е научно докажана реалност

август 8, 2021

Објава на Фејсбук опасно дезинформира дека делта варијантата не постои и дека вакцината е штетна. Според Светската здравствена организација, делта варијантата на коронавирусот е официјално идентификувана во 124 земји. Здравствените авторитети постојано укажуваат дека бенефитите од ковид вакцината се поголеми отколку ризиците од неа. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази […]

Вистиномер: Невистинити информации за вакцините против ковид-19 продолжуваат да се споделуваат на социјалните мрежи

август 7, 2021

На социјалните мрежи продолжува дезинформативната кампања за вакцините против ковид-19. Иако медицинските експерти постојано тврдат дека вакцините немаат магнетизирачки ефект и не содржат магнетизирачки состојки, на интернет продолжуваат да кружат видеа во кои се тврди дека во содржина на вакцината има метал што се вбризгува во човековото тело. Теориите дека вакцината го магнетизира телото, беа […]

Вистиномер: Доктор Жарко Караџовски не е на платниот список на Рокфелер

август 7, 2021

Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со […]

Вистиномер: Не е вистина дека има поголем број новозаразени од лани ова време

август 6, 2021

Бројот на новозаболени сега не е поголем отколку минатата година во истото време. Ако се споредат двата периода се доаѓа до заклучок дека оваа година имало речиси двојно помал број на новозаразени на речиси четирипати поголем број на тестирања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:   Преку објава на Фејсбук […]

Вистиномер: Вакцините против ковид не се генетска терапија и не содржат графен оксид

август 4, 2021

Пост шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето […]

Вистиномер: Нема докази дека млад Французин починал од вакцината – обдукцијата не е завршена

август 4, 2021

Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, […]

Вистиномер: Дури и ако се разболат, вакцинираните многу полесно се справуваат со ковид-19 од невакцинираните

август 2, 2021

Во постот што го рецензираме, со испуштање на важни информации, се креира погрешен впечаток. Дури и да има заразени со ковид по 2 примени дози од вакцината (има такви случаи во сите земји од светот, па и во нашата), тие во најголем дел се со полесна клиничка слика, ретко умираат и ретко се хоспитализирани со […]

Вистиномер: Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

август 2, 2021

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – […]

Вистиномер: Бил Гејтс нема план масовно да ги убие луѓето во светот со вакцина

јули 30, 2021

Монтирaно и извадено од контекст е видеото во кое се споделува лажен наратив дека Бил Гејтс спроведува масовна вакцинација со цел да го намали бројот на живи луѓе во светот. Вакцините, напротив, ги спасуваат животите на луѓето и доколку нечија скриена агенда беше да се намали светската популација, тогаш воопшто немаше да има вакцини, туку […]

Вистиномер: Вакцината не е поврзана со демонски сили

јули 30, 2021

Вакцината не претставува смртна опасност, ниту пак, докторите ги трујат граѓаните, како што дезинформира постот. Досега во Северна Македонија нема пријави за смртни случаи од ковид-вакцината. Од Агенцијата за лекови и медицински средства во земјава (МАЛМЕД) објаснуваат дека досега пријавените несакани реакции од вакцините не отстапуваат од опишаните во упатствата за употреба и дека не […]

Вистиномер: Варијанти на ковид кои веќе постојат, претставени како „идни и планирани“

јули 29, 2021

Постот што се споделува на Фејсбук е мaнипулативен и невистинит. Варијантите на ковид: ета, јота, капа и ламбда, се веќе детектирани и се предмет на интерес на СЗО. Но, наспроти тоа што го говорат фактите, оваа објава манипулира дека тие допрва ќе бидат сукцесивно објавувани во медиумите, наводно, како план за замајување на јавноста и […]

Вистиномер: Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози

јули 28, 2021

Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликации од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон, пишува Вистиномер.мк.   Рецензираме пост на […]

Вистиномер: Антиваксерска дезинформација шири паника дека вакцинираните со мРНА вакцина ќе починат од срцева слабост

јули 27, 2021

Објава на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвотокот, што ќе доведе до смртни последици. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти. Тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години […]

Вистиномер: Не е точно дека лажица се лепи за рамо поради вакцинација

јули 26, 2021

Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни […]

Страна 13 од 14