fbpx

Вистиномер: Невистинити информации за вакцините против ковид-19 продолжуваат да се споделуваат на социјалните мрежи

-

На социјалните мрежи продолжува дезинформативната кампања за вакцините против ковид-19. Иако медицинските експерти постојано тврдат дека вакцините немаат магнетизирачки ефект и не содржат магнетизирачки состојки, на интернет продолжуваат да кружат видеа во кои се тврди дека во содржина на вакцината има метал што се вбризгува во човековото тело. Теориите дека вакцината го магнетизира телото, беа демантирани и од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Содржината што ја рецензираме е пост на Фејсбук, објавен на 1 август 2021 година и за само неколку дена истиот е прегледан над 55 илјади пати, има над 250 коментари и реакции. Постот се состои од видео кое трае 33 секунди и во кое се слушаат гласови на двајца мажи кои зборуваат на руски јазик, а истовремено едниот од нив со парче „метал“ поминува по горниот дел од раката на својот соговорник. Во продолжение на постот е напишано:

„СубханАлах. Алах да не чува. Како може да биде вистина ова со вакцините?…”

Овој пост со вознемирувачка содржина е споделен од страната Слушај Куран-Албански, која има над 52 илјади следбеници на Фејсбук.

Но, постот не нуди никакви докази за вистинитоста на тврдењето дека феноменот прикажан на видеото е предизвикан од вакцината. До денес нема никакви научни докази дека вакцините имаат магнетизирачки ефект. Рецензираниот пост е една лична идеја која не се базира на научни докази и факти, туку на конспиративни теории, кои целиот овој период на глобална пандемија беа доста присутни на социјалните мрежи.

Без разлика на производителот, ниедна од вакцините не содржи метал.

Лекарите многупати изјавиле дека во ниту една од вакцините нема состојки што предизвикуваат лепење на метални предмети на рамото, односно вакцините немаат магнетизирачки ефект. Оваа тема често е третирана и од Вистиномер.мк.

Американските медиуми исто така се занимаваат со разјаснување на оваа теорија на заговор, во консултација со експерти. Проверката на факти во весникот „УСА Тудеј“ теоријата за магнетизирачкиот ефект на вакцината ја нарекува „чисто лудило“.

Тврдењето дека вакцините против Ковид можат да предизвикаат магнетна реакција е неосновано и чисто лудило. Вакцините не го магнетизираат вашето рамо. Лицето го лепи магнетот на рамото со нешто, можеби пот од раката или нешто друго“, вели вирусологот Aнгела Размусен од Универзитетот во Џорџтаун, за слично видео објавено во Соединетите Држави.

Не е познато што се користи за магнетот да се залепи, дали е тоа лепак, селотејп, или само пот од раката, пишуваФорбс.

Вашето тело е составено од истите биолошки елементи како и материјалите во вакцината, така што едноставно нема шанси инјектирањето на толку мала количина од овој материјал да има некаков ефект. Голем дел од храната се состои од слични молекули и нејзиното консумирање не ги претвора луѓето во магнети, изјави за Фулфектпрофесорот по биомедицинска технологија, Ал Едвардс.

Вакцината нема да го претвори вашето тело во магнет затоа што во вакцините нема метали. Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) нагласува дека не е точно дека вакцината ќе ве направи магнети, посебно на местото на вакцинацијата, односно рамото. Вакцините против ковид-19 не содржат состојки кои што можат да создадат електромагнетно поле на местото на инјектирање.

Која е целта на вакцините против ковид-19?

Вакцините против ковид-19 не се експериментални. Тие ги поминаа сите потребни фази на клиничките испитувања. Обемното тестирање и мониторирањето покажа дека овие вакцини се безбедни и ефикасни. Целта на секоја вакцина против ковид19 е да го подготви имунолошкиот систем на вашето тело да произведува антитела кои ќе се борат против инфекцијата, односно антитела кои можат да го нападнат токму вирусот САРС-КоВ-2. За да се постигне оваа цел, при обработката на вакцината се користат различни научни методи.

Научните студии покажуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни во спречувањето на инфекцијата со ковид-19. Примањето на која било која вакцина ги ублажува симптомите на вирусот и во случаите кога вакцинираното лице се разболува со ковид19. Вакцините против коронавирусот го учат имунолошкиот систем како да го препознае и да се бори против вирусот што предизвикува ковид-19. По вакцинацијата на телото обично му се потребни неколку недели за да развие заштита (имунитет) против вирусот што предизвикува ковид-19. Луѓето се сметаат за целосно вакцинирани по примени две дози од вакцината и откако ќе помине одреден временски период по втората доза, карактеристичен за секој производител, посочува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...