недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: клинички центар | 85 резултати

СДСМ: Новата влада ќе изгради нов клинички центар, Тодоров си оди!

април 23, 2017

„Нов клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска влада. Како што е предвидено во програмата за работа на новата влада, граѓаните на Македонија ќе добијат модерен и функционален универзитетски клинички центар, што ќе обезбедува висококвалитетни услуги за сите граѓани“, порача СДСМ денеска, откако министерот за здравство на техничката влада ги објави победниците на тендерот […]

„Гранит“, „Бетон“ и италијанска компанија ќе го градат новиот клинички центар во Скопје

април 23, 2017

Новиот клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании, „Гранит“ и „Бетон“, во соработка со една италијанска компанија, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. – Оваа понуда е избрана како најприфатлива за доделување на договорот за изведба, а истовремено ги исполнува сите […]

Сите затруени работници од „Леар“ се на домашно лекувањe, истрагата е во тек

април 1, 2017

Увидот е завршен, претстојат вештачења, по што дополнително ќе се произнесеме, велат од Основното јавно обвинителство Тетово, во врска со истрагата за затруените работници од фабриката „Леар“ која работи во состав на технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Од Клиничката болница Тетово, Здравствениот дом Тетово, Центарот за јавно здравје и од Санитарната инспекција посочија дека рано е […]

СДСМ ветува укинување на партиципацијата за болничко лекување

март 25, 2017

Новата реформска влада ќе ја укине партиципацијата за болничко лекување и ќе има бесплатно болничко лекување за сите осигуреници, изјави денеска на прес-конференција Јагода Шахпаска, пратеничка и членка на Комисијата за здравство на СДСМ. – Освен што ќе го направиме бесплатно болничкото лекување за сите, ќе овозможиме и достоинствени услови за лекување на клиниките. Ќе […]

Српскиот бизнисмен Пецони e ранет во центарот на Белград

март 22, 2017

Српскиот бизнисмен Предраг Ранковиќ – Пeцони вечерва е ранет во вооружена престрелка во хотелот „Праг“, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тој бил префрлен во клинички центар, но не е во животна опасност. Според неофицијалните информации, Ранковиќ седел во ресторанот на хотелот „Праг“ со група луѓе. Кон нивната маса пришол маж, кој почнал […]

Со нож нападнати двајца тетовци

март 20, 2017

Двајца тетовци на возраст од 26 и од 30 години, ноќеска биле нападнати со нож, при што добиле повреди по вратот, грбот и на екстремитетите. Двајцата повредени, со возило на итна медицинска помош, биле пренесени во тетовската клиничка болница. Помладиот од нив, поради сериозноста на повредите, префрлен е во Клиничкиот центар во Скопје. Осомничени за […]

СДСМ: Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно

февруари 3, 2017

Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година. Тоа значи дека секој месец лани, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата додаваат дека со 40 милиони […]

Шилегов: Ќе изградиме нов и функционален Клинички центар

јануари 2, 2017

СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија. Здравствените услуги ќе бидат висококвалитетни, порача портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција пред Клиничкиот центар во Скопје. – Ќе го вратиме концептот на единствен универзитетски клинички центар во кој сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да […]

Црква се гради во кругот на Клиничката болница во Штип

ноември 14, 2016

На денот на свети Кузман и Дамјан, беа поставени темели на истоимената црква во дворот на Клиничката болница во Штип. Владиката Иларион најави дека осветувањето ќе биде следната година. Уште со најавата дека ќе се гради црква до болницата, социјалните мрежи беа преполни со негодувања. – Зошто наместо за бетон, парите да не се употребат […]

Почина четиригодишното дете што беше удрено со автомобил во Куманово

јули 2, 2016

Четиригодишно дете што пред една недела беше удрено со автомобил во Куманово, почина во Клиничкиот центар во Скопје, јавуваат медиумите на албански јазик. Според пишувањата, детето било удрено намерно. Медиумите пренесуваат дека семејството на починатото дете чекало ред пред амбуланта во Куманово и притоа одлучило да пуштат друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за […]

Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“

мај 26, 2016

Вчера околу 15 часот на Клиниката за радиологија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, 46-годишниот И.И. револтиран бидејќи му бил пресакажан рокот за „Мој термин“ почнал да го навредува персоналот, а потоа нападнал болничар и го искршил стаклото од вратата во ходникот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, по инцидентот веднаш интервенирало обезбедувањето на […]

На границата е мирно, еден од повредените полицајци задржан на клиника

април 11, 2016

Еден од полицајците што вчера беа потешко повредени во инцидентот на јужната граница, е задржан на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека четворица се пуштени на домашно лекување. Вчера при интервенцијата на македонските безбедносни сили кон толпата од неколку илјади мигранти, кои се обидоа нелегално да влезат на македонска територија од […]

Четири момчиња нападнале соученик пред скопската гимназија „Лазар Танев“

февруари 18, 2016

Ученик од трета година во скопското средно училиште „Лазар Танев“ вчера бил физички нападнат од негови соученици пред влезот на гимназијата, информираат од полицијата. Момчето, по инцидентот, со возило на итната медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар, каде му била укажана лекарска помош. Екипа од полициската станица Карпош привела тројца малолетници, ученици во гимназијата, […]

Скопското обвинителство поднесе обвинение за пукањето во хирургот во Клинички центар

февруари 5, 2016

Скопското основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против осомничениот кој пукаше и го рани абдоменалниот хирург Љубомир Огненовиќ на клиниката за дигестивна хирургија во ноември минатата година, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството, тој се товари за обид за убиство и за неовластено изработување, држење и посредување и тргување со оружје и со распрскувачки материи. Против […]

Кривична пријава за џебни кражби извршени во Клиничкиот центар

јануари 19, 2016

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција на СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство со кривична пријава го предаде лицето С.И.М. (53) од бугарскиот град Плевен, поради основано сомневање дека извршила две кривични дела џебна кражба, соопшти МВР. Судија на претходна постапка ѝ одреди мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од пет години. […]

Новороденче починало на пат од Куманово кон Клиничкиот центар во Скопје

ноември 24, 2015

Ноќеска во полициската станица Центар, кумановец пријавил дека новороденчето што на свет го донела неговата снаа, починало неколу часа по раѓањето. Како што информираат од МВР, ноќеска, околу 2 часот, во полициската станица Центар во Скопје, 54-годишниот Н.Н. од Куманово пријавил дека во понеделникот вечерта во 22 часот, на одделот за гинекологија во кумановската болница […]

Караѓозов: До петок нема да оперираме поpади револт од известувањето на медиумите

ноември 11, 2015

Лекарите на Клиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе работат само на итни случаи, а ваквата одлука, според директорот Александар Караѓозов, пренесува МРТВ, била донесена поради револт за начинот на кој медиумите известувале за вооружениот инцидент во кој беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ. Караѓозов изјавил дека за одлуката добиле поддршка и од министерот […]

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

ноември 10, 2015

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, […]

СДСМ: Што уште треба да се случи за Никола Тодоров конечно да замине?

ноември 9, 2015

Толку е лоша состојбата со здравството во Македонија, што денеска беше пукано во лекар, a уште три лица беа поврдени во престрелка на Клиниката за абдоминална хирургија, реагираат од опозицискиот СДСМ. – Со Никола Груевски и со Никола Тодоров, каубојските филмови станаа реалност и во болниците. Недозволиво е во еден клинички центар во кој секојдневно […]

Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

ноември 9, 2015

Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент. Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоминална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент. Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата. Влезот во болницата бил забранет и имало зголемено присуство на полицијата и на […]

Страна 4 од 5