недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: клинички центар | 85 резултати

Новиот клинички центар во Ѓорче Петров може да биде готов за четири години

февруари 9, 2019

Новиот клинички центар, кој ќе се гради во Ѓорче Петров, би можело да биде готов за четири години, информира на денешниот брифинг со новинарите министерот за здравство, Венко Филипче. – Иницијативата за локацијата во Ѓорче Петров ја даде пратеникот Илија Димовски. Општината достави елаборат, врз основа на што Владата одлучи дека таму ќе се гради. […]

Владата одлучи да ја отстрани оградата, новиот Клинички ќе се гради во Ѓорче Петров

февруари 6, 2019

На својата вчерашна 118-та седница, Владата ја одредила најповолната локација за новиот Клинички центар, а тоа е месноста Веле Поле во Ѓорче Петров, а донела и одлука да ја отстрани железната ограда околу владиното седиште. Исто така е донесена одлука да се отворат амбасада во Атина и генерален конзулат во Солун. Владиниот кабинет го прифатил […]

Ѓорчев до Заев: Ништо не преземавте за полнењето кутии за референдумот

октомври 31, 2018

За време на референдумот на некои избирачки места за пола час „гласале“ 500 луѓе, а не се ни потпишале на избирачкиот список, а кутиите беа наполнети со 50.000 ливчиња, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на собраниската седница за пратенички прашања. – Ниту поддржувам ниту сакам во мојата земја од било кој […]

Тевдовски: За сегашната нова зграда на Клинички парите ќе се враќаат

август 27, 2018

Државата ќе врати 70 милиони евра во Банката на Советот на Европа што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар и од септември, заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија, ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравствена услуга на едно место. Тоа […]

Дел од Хематологија во Клинички центар ќе се префрли на Дерматологија

јули 26, 2018

Клиниката за хематологија во скопскиот Клинички центар поради реновирање од 1 август ќе префрли дел од одделите во просториите на Клиниката за дерматологија, односно во „Машки оддел“ во објектот на Интерни клиники. Како што соопштија од Хематологија, таму ќе бидат преселени амбулантите и шалтерот.

„Комунална хигиена“ ќе го преземе чистењето на Клинички центар

јули 13, 2018

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ утрово спроведоа чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а како што велат од Град Скопје, планирано е ова претпријатие да го преземе чистењето на болничкиот комплекс. Но за тоа да се случи ќе треба да „ги решиме правните аспекти на набавката“, велат од Град Скопје, апелирајќи граѓаните […]

Филипче: „Комунална хигиена“ од денеска го расчистува ѓубрето во Клинички центар

јуни 20, 2018

Со градоначалникот на Град Скопје, постигнавме договор од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а направивме и договор и во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го […]

Архитектите ја поздравија одлуката новиот Клинички центар да се гради во Злокуќани

март 9, 2018

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја поздрави одлуката на Владата и Министреството за здравство, со која се разреши дилемата околу изградбата на новиот Клинички центар, кој треба да се гради во Злокуќани. „Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата новиот Клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што […]

Архитектите бараат дислокација на Клиничкиот центар

февруари 10, 2018

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) порача дека не смее да се случи ново „Скопје 2014“ и побара од Владата да ги вклучи во донесувањето оценка при изборот на локацијата за изградба на најзначајниот здравствен комплекс во земјава. Претседателот на ААМ, Мартин Пановски вели дека од ниту една релевантна институција, која се занимава со архитектура […]

Новиот Клинички центар ќе чини 120 милиони евра и ќе се гради 3,5 години

јануари 24, 2018

Владата до крајот на февруари ќе ја донесе одлуката за тоа, дали ќе гради нов Клинички центар. Од таму, не сакаа да откријат дали Клиничкиот центар ќе се гради на нова локација или новиот објект ќе биде изграден кај веќе постоечките болници. – Рокот за изградба на новиот објект ќе биде 3,5 години и дополнителна 1,5 […]

Владата го стега ременот, наскоро одлука дали ќе се гради нов Клинички центар

јануари 23, 2018

На денешната седница, Владата, меѓу големиот број мерки, донела одлука за поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошењето на јавните финансии. Исто така, донесена е и програмата за нејзината работа во оваа година, како и заклучок дека наскоро може да се очекува одлука за тоа дали ќе се гради нов Клинички […]

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да каже кои експерти одлучуваат за изградбата на клинички центар

септември 23, 2017

По загубени четири месеци, Владата и министерот за здравство, Арбен Таравари, сфатија дека не можат да градат нов клинички центар на друга локација освен во рамките на веќе постојниот каде што владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за градба и се обезбедија пари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за здравство, Арбен Таравари. […]

СДСМ: Здравството тонеше поради криминалните апетити на Тодоров и на Груевски

септември 9, 2017

„Лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во здравството, бидејќи сите ги чувствуваат последиците од катастрофалните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во здравствениот систем. Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во здравството, руинирани болници, понижени пациенти и лекари, неупотреблива опрема и огромни долгови на здравствените установи“, реагира СДСМ на денешната прес-конференција […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи цунами во здравството

септември 9, 2017

„Ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами. Изминативе 100 дена од доаѓањето на власт неспособната влада на СДС ветуваше разно-разни реформи и подобрување на услугите во здравството, а од сето тоа македонските граѓани не видоа ништо“, обвини денеска Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пред Министерство за здравство. […]

Таравари подготвува нови смени на директори и извод за роденчињата уште во болница

јули 16, 2017

Хигиената во болниците останува главен проблем и во следните пет-шест месеци еден од моите главни фокуси ќе биде хигиената во сите болници, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, по денешното чистење на слободниот простор меѓу клиниките во скопскиот Клинички центар. Тој истовремено најави дека наскоро ќе бидат обелоденети и наодите на инспекциите во некои болници, а […]

Уште едно лице починало од пукањето во Бутел, причините за инцидентот и понатаму непознати

јули 2, 2017

Скопската полиција сè уште ги истражува причините и работи на расчистување на случајот во кој 84-годишниот П.Т., жител на населбата Бутел, вчера во својот дом пукаше во сопругата, нивната ќерка и во внукот, а потоа се самоуби. Триесет и двегодишниот внук, од сериозноста на повредата, почина на самото место, а како што соопшти денеска полицијата, […]

Разрешени Лука Кржалоски, Филип Петровски и портпаролот на Влада, Александар Ѓорѓиев

јуни 27, 2017

Владата на денешната седница го разгледала планот за изградбата нов објект на Клиничкиот центар во Скопје, при што констатирала повеќе проблематични делови во врска со постапката, локацијата и со други прашања поврзани со проектот, стои во соопштението од владината прес-служба. „Донесена е одлука премиерот, министерот за здравство и заменикот на претседателот на Владата задолжен за […]

ЛДП бара поништување на „скандалозниот“ договор за изградба на нов клинички центар

мај 19, 2017

Никола Тодоров, Никола Груевски и Емил Димитриев денеска потпишаа и поддржаа скандалозен и бескруполозен договор за изградба на нов клинички центар во Скопје, свесно произведувајќи нови линии на поделба и беззаконие во Рeпублика Македонија, обвинуваат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Оттаму велат дека потпишувањето на ваков договор од страна на лице „кое не е ништо друго, […]

Шилегов: Нов клинички ќе изгради новата реформска влада, а не оваа во заминување

мај 19, 2017

„Ќе има ревизија на работењето на владата со технички овластувања во заминување. Меѓу другото, ќе бидат преиспитани и процедурите преку кои во последен момент, пред трансферот на власта, Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов клинички центар што треба да се реализира во иднина“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој вели […]

ОЈО-Скопје: За смртта на лекарката се вршат сослушувања

мај 10, 2017

Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО-Скопје) соопшти дека за случајот со пронајденото мртво тело на лекарката Ј.М.С., се вршат сослушувања на луѓе кои би помогнале во расчистувањето на случајот и утврдување на причините за смртта. Според ОЈО-Скопје, вчера е извршен увид на улицата Елисие Поповски – Марко, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде беше пронајдено телото […]

Страна 3 од 5