fbpx
Таг: кампања

таг: кампања

Собранието ќе врати 41 отсто од парите за кампања за референдумот

По барањето на Собранието за одобрување на финансиски средства за кампањата за референдумот која што ќе се спроведува од овластениот предлагач на Одлуката за референдум, Владата префрли 80 милиони денари на посебната наменска сметка на Собранието, која што ќе се користи исклучиво за спроведување на кампањата за референдум, информираат од Собранието. „Алоцираните финансии исклучиво ќе бидат користени само за намената...

Заев: Одбројуваме до денот кога народот ќе излезе за европска Македонија

Одбројуваме до денот кога нашиот народ ќе излезе за европска Македонија. Само еден настан во поновата историја може да се спореди со предизвикот со кој се соочуваме. Тоа е настанот од пред 27 години, тоа е денот кога сите гласавме за независна Република Македонија. Тоа се двата големи настани што ги преземаме како одговорни граѓани. Заедно ќе ги обезбедиме...

Заев: Македонија избра иднина наместо неизвесна и бесмислена изолација

Република Македонија го направи изборот. Избра иднина, наместо неизвесна и бесмислена изолација. За прв пат во својата историја, Република Македонија седна на масата како рамноправен партнер, со медијаторство на Обединетите нации, за да ја разговара, да преговара и да одлучи за својата иднина, порача премиерот Зоран Заев на платото пред Македонска Опера и Балет (МОБ), на отпочнувањето на кампањата...

Жбогар: Јазикот на Конески и Матевски ќе биде официјален јазик на ЕУ

Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската унија преведен како никогаш порано....

Во среда ќе знае кои пратенички групи ќе водат кампања за референдумот

Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во пратеничката група. Кампањата за референдумот се...

Истекува рокот пратениците да се изјаснат за учество во кампањата за референдумот

Денеска е последен ден од рокот што претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во петокот го достави до пратеничките групи во кое треба да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот и каква кампања ќе водат, односно дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Талат Џафери изутринава ќе има средба со координаторите на пратеничките групи, на...

Мицкоски: Сите партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати апел до сите политички партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот, по примерот на неговата партија. -Апелирам до владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназија во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од другите политички партии да не ги користат средствата коишто се предвидени,...

Џафери до Милошоски: Нема да се делат пари за кампања на секој пратеник посебно

Откако денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави дека ќе се вклучи во јавната пропаганда за референдумот со повици за бојкот и побара Собранието да му додели пари за неговата кампања, од Собранието стаса негативен одговор. Во соопштение за јавноста, од Собранието информираа дека до претседателот на Собранието, Талат Џафери, пристигнал допис од пратеник со кој бара да му се...

Милошоски ќе го бојкотира референдумот и побара пари за кампања

Пратеникот Антониjо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до Претседателот на Собранието, Талат Џафери извести дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум. „Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а...

Бошњаковски: Кампањата на социјалните мрежи ќе чини 6,5 илјади евра

Владата за кампањата за референдумот ќе троши пари од сопствениот буџет и од буџетот на Генералниот секретаријат на Владата, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Комуникацијата преку социјалните мрежи ќе се реализира со 400.000 денари (6,5 илијади евра) од тековниот буџет на Генералниот секретаријат, појасни тој. Владиниот портпарол посочи и дека Владата ќе организира и прес-конференции, интервјуа,...

Координативното тело за референдумот ќе го води Џафери, ВМРО-ДПМНЕ не дојде на координација

Собранието на Република Македонија ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања. Ова е еден од заклучоците донесени на денешната координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Собранието и претставник на Владата, соопштија собраниските служби. Со Координативното...

Владата в среда ќе соопшти колку ќе потроши за кампањата за референдумот

До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата. Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на...

Димитров: Македонија се зацврствува со Договорот, никој нема да не дели и распарчува

Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа како држава. Никој нема да не дели и распарчува, напротив земјава станува полноправна членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за „Телевизија 24“. Тој од идниот четврток еднаш неделно на „Прашајте го министерот“, ќе одговара на директни прашања од граѓаните...

Владата допрва ќе решава колку ќе потроши за кампањата за референдумот

За три дена од денеска, министерствата и другите органи од државната управа ќе мора да му рапортираат на Министерството за финансии колку средства имаат на располагање за владината кампања за референдумот, но Владата ќе ја води кампањата транспарентно, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа на прес-конференција. Тој вели дека за тоа ќе се користат и средства заштедени од репрезентација на министрите, а...

Владата ќе водела информативна и објективна кампања за референдумот

Владата на вчерашната седница донесе одлука да спроведе кампања од јавен интерес за референдумот базирана врз принципите на објективност, транспарентност и отчетност, информираат од владината прес-служба. Владиниот советник за евро-атлантски интеграции Бојан Маричиќ, најави дека по завршување на летните одмори кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен...

Заев: Време е за одлука, одиме напред во НАТО и ЕУ

Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на неговата официјална „Фејсбук“ страница. „Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ“, напиша Заев на постот на кои се додадени хаштазите #МКвоЕУ #МКвоНАТО #ФактиЗаДоговорот. На постот е прикачено и видео на кое се прикажани споменикот „Илинден“ во Крушево, Матка,...

Мицкоски: Македонија е на дното во Европа по економскиот пораст

Денеска Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање. Тој додава дека со пораст на домашниот бруто-производ од 0,1 отсто „убедливо сме на дното“. „Притоа, од приходна страна, пад од цели 37 отсто забележува градежниот сектор, што всушност и ја отсликува не-работата на Владата. Немањето на сопствени проекти и...

Возачите на камиони ќе се штитат од нелегалното уфрлување на мигранти

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата заедно со Стопанската комора на Македонија почнуваат координирана акција за сузбивање на нелегалното уфрлување на мигранти и бегалци во камионите на возачите од земјава кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, од страна на трговците со луѓе, информираат од Стопанска комора на Македонија. Целта е, како што велат, да се гарантира безбедноста на возачите,...

Владата на Орбан лани потрошила 40 милиони евра на анти-Сорос пропагандата

Вкупно 40,5 милиони евра потрошила минатата година Владата на Унгарија на пропагандата против невладините организации и Институтот „Отворено општество“ на американскиот мултимилијардер роден во Унгарија, Џорџ Сорос, пишува унгарскиот центар за истражувачко новинарство „Atlatszo“, изнесувајќи ги резултатите од своето истражување. Притоа, истражувачките новинари утврдиле дека третина од тие пари завршиле во џебот на Леринц Месарош (Lőrinc Mészáros), близок пријател на...

Собранието се обои портокалово

Собранието на Република Македонија вчеравечер, заедно со голем број знаменитости низ светот, заблеска во портокалово во поддршка на ставањето крај на насилството врз жени и девојчиња, со што беше означен почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. На настанот, кој го организираа Обединетите нации и Собранието на Република Македонија, се обратија претседателот на Собранието, Талат Џафери,...