fbpx

Заев: Одбројуваме до денот кога народот ќе излезе за европска Македонија

-

Одбројуваме до денот кога нашиот народ ќе излезе за европска Македонија. Само еден настан во поновата историја може да се спореди со предизвикот со кој се соочуваме. Тоа е настанот од пред 27 години, тоа е денот кога сите гласавме за независна Република Македонија. Тоа се двата големи настани што ги преземаме како одговорни граѓани. Заедно ќе ги обезбедиме нашите граници, ќе го обезбедиме нашето културно богатство. Исто како во 1991 година, овој нов референдум ќе се оствари со консензус, односно сите граѓани ќе бидат заедно за европска Македонија, порача премиерот Зоран Заев во Клубот на пратениците во Скопје каде што ја промовираше кампањата за референдумот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“.
Таа, рече тој, брои стотина различни субјекти, но се очекува да расте.

– Ни претстои настан со историски пропорции што ќе влијае на годините кои доаѓаат. Со целосна политичка одговорност коалицијата „Заедно за европска Македонија“ составена од партиии, здруженија на граѓани, политички партии, граѓански здруженија, стопански комори, синдикати,  кои на претстојниот референдум сме согласни заеднички и одделно да ги повикаме граѓаните на 30 септември да излезат и да гласаат за подобра Македонија – рече тој, повикувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот.

– Знам дека се за европска Македонија, но и знам дека се против Договорот за името. Немојте да ја пропуштите оваа шанса да станеме дел од ЕУ. Ги повикувам Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ни се приклучат оти Европа и НАТО се над партиската политика – порача Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелски тенкови влегле во Рафах

Израелските сили вчеравечер влегле во Рафах со тенкови. Во градот во јужна Газа биле забележани напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и дронови, пренесува Гардијан. Нападите врз Рафах изминатиот месец принудија...