Џафери до Милошоски: Нема да се делат пари за кампања на секој пратеник посебно

-

Откако денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави дека ќе се вклучи во јавната пропаганда за референдумот со повици за бојкот и побара Собранието да му додели пари за неговата кампања, од Собранието стаса негативен одговор.

Во соопштение за јавноста, од Собранието информираа дека до претседателот на Собранието, Талат Џафери, пристигнал допис од пратеник со кој бара да му се обезбедат пари за кампањата, но дека Собранието не може да доделува пари на секој пратеник посебно, туку, според повикот од Џафери, ќе закупува медиумски простор за пратеничките групи и само за пратениците што не се во пратеничка група.

„За појаснување, водењето на јавна кампања не подразбира дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво. Затоа претседателот Џафери, во текот на вчерашниот ден,  упати известување до пратеничките групи и до  пратениците кои не се организирани во пратенички групи, во рок од три дена да го известат дали ќе учествуваат во јавната кампања и каков ќе биде нивниот став по референдумското прашање „за“ или „ против“. Врз основа на добиените податоци, пропорционално, Собранието ќе закупи медиумски простор  за учество на дебатни емисии, пишани медиуми и интернет портали“, стои во соопштението.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...