fbpx
Таг: Јани Макрадули

таг: Јани Макрадули

ДЗР контра Макрадули: Ревизорскиот наод дека индустријата загадува е точен

Сите податоци кои се презентирани во Меѓународниот ревизорски извештај за квалитет на воздухот, кој неодамна беше објавен од страна на Државниот завод за ревизија се релевантни и се обезбедени од надлежни институции од страна на ревизорскиот тим, се вели во писмената реакција на Државниот завод за ревизија, откако „Мета“ побара коментар на изјавата на Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина...

Владините мерки против загадувањето стартуваат со замена на неефикасните печки

Владата во текот на месецов стартува со реализација на програмата за справување со загадувањето преку директна помош на семејствата со полош социјален статус за замена на нивните неефикасни печки со енергетски поисплатливи и еколошки поприфатливи системи на греење, најави на денешната средба со претставниците на граѓанскиот сектор заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули. Владата планира во 2019 преку 90...

Макрадули: Ако и утре продолжи загадувањето ќе стапат на сила времени мерки

Дефиниран е надминат праг на информирање односно сме во состојба на информирање за загадувањето на воздухот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило, изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули. За надминувањето на прагот на информирање, Макрадули рече дека е информирана јавноста и институциите...

Екологистите: „Планот за чист воздух“ е нереален, неконкретен и без прецизни рокови

Иако сметаат дека е добро што Владата го препознала проблемот со аерозагадувањето како сериозен и усвоила план како да почне да се справува со него, екологистите сепак велат дека владината програма за борба со аерозагадувањето наречена „План за чист воздух“, за чие што финансирање во Собранието беше одржана и донаторска конференција, не дава прецизни одговори кои чекори се приоритетни,...

„О2“: Од Макрадули чекаме точни анализи и статистики, а не брза пропаганда

Каква е оваа статистика, кога од неа се исклучени станиците кои покажуваат историски највисоки вредности, најголема загаденост со ПМ10, Лисиче и Гази Баба?, го прашуваат екологистите од Иницијативата „О2“ заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули. Тој завчера излезе во јавност со делумни податоци од мерните станици во државата, кои покажуваат тренд на намалување на загадувањето на воздухот во некои...

Не може да се активираат итните мерки за загадувањето без мерните станици во Лисиче и Гази Баба

Нефункционалните мерни станици за загадување со ПМ10 честички во Лисиче и Гази Баба ја оневозможуваат Влада на Република Македонија да ги активира интервентните мерки против аерозагадувањето, велат од „Скопје смог аларм“. „Согласно уредбата, доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честички е над 200 микрограми на кубен метар во два последователни денови во најмалку две мерни станици во Скопје, тогаш стапуваат на...

Макрадули: Има мораториум на ДУП-от во Центар, зградата кај ГТЦ не може да се гради

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, при денешната посета на Цементарница УСЈЕ во рамки на отворениот ден на компанијата, прашан за изградбата на висококатницата кај паркингот пред „Холидеј ин“, рече дека во овој момент ДУП-от има мораториум. - Според изјавата на градоначалникот на Општина Центар не мислам дека е се поизвесно градењето на таа висококатница. Во овој момент, тој ДУП...

Цементарница УСЈЕ: Ако не работат филтрите, процесот на работа во фабриката застанува

Цементарница УСЈЕ денеска ги отвори вратите за сите заинтересирани граѓани, организации и институции за да се запознаат со работата на компанијата и да добијат одговори на прашањата за загадувањето. Главниот извршен директор Борис Хрисафов најдоговорно тврди дека Цементарница УСЈЕ во целост работи според сите законски прописи и ги почитува регулативите кои се пропишани од македонското, па и европското законодавство. Тој уверува дека...

Макрадули вечерва на „Фејсбук“ ќе одговара на прашања за загадувањето

Денеска во 20.30 часот на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, граѓаните ќе можат да му поставуваат прашања од доменот на борбата против загадувањето на воздухот на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и тој ќе одговара на нив во живо. Прашањата, исто така, ќе можат да бидат поставувани и преку „Твитер“, со користење на хаштагот #ЗаЧистВоздух. Оваа информација беше...

Ќе се исфрла нафтата за греење во две училишта во Ѓорче Петров

Во основните училишта „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ и „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров наскоро ќе се исфрли нафтата како енергенс во училишните системи за затоплување и ќе се замени со поеколошки горива, најавија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Макрадули појасни дека пренамената ќе се направи следната година. - Во рамките...

Догодина ќе се набават нови инструменти за сите 18 мерни станици за загадувањето

Нефункционирањето на инструментите за ПМ10 честички на мерните станици нема да биде прикажано како намалување на загадувањето на воздухот во годишните извештаи, изјави заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули како одговор на новинарско прашање на „Мета“. - Не, нема да бидат прикажани како намалување на загадувањето бидејќи не работат. Сакам да го потенцирам уште еднаш Планот за чист воздух кој...

Владата не планира да ја стопира прекумерната изградба за да го спасува зеленилото во Скопје

Дел од мерките кои Владата ги предвидела во Програмата за намалување на аерозагадувањето за ревитализација на зеленилото во Скопје се и подигнување на зеленило со средствата добиени од изградбата на гасоводот на Водно, редизајнирањето на јавните запуштени површини, посебно локациите покрај Kејот на реката Вардар и покрај Лепенец, стимулирањето на изградбата на зелените покриви како и трансформација на други...

Макрадули: Со „Планот за чист воздух“ за 2 години аерозагадувањето ќе се намали до 50%

Намалување на загадувањето на воздухот за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови во следните две години, предвидува „Планот за чист воздух“ на Владата кој денеска го презентираше заменикот-министер за животна средина, Јани Макрадули, а започна да се применува од вчера. За овој план во буџетот за 2019 година предвидени се 1,5 милиони евра почетни...

„Го сакам Водно“ и власта не се договорија околу гасоводот

Претставниците на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно и на власта – заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, не успеаја да најдат заеднички јазик околу спорната траса на гасоводната делница 5, Скопје-Тетово-Гостивар, преку Водно. Тие ги вкрстија аргументите на јавната дебата  на тема „Гасовод преку Водно“ што, поради симболика,...

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Навредите кон активистите, не се добра пи-ар стратегија

Еко-активистите кои се против изградбата на гасоводот на Водно, упатија отворено писмо до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој во една прилика, ги нарече дека се каприциозни. „Во понеделникот пред медиумите зборувавте дека активистите против изградбата на гасовод низ Водно, ги игнорирале фактите и биле каприциозни. Во изминативе неколку месеци, на тема гасовод низ Водно, стотици аргументи и факти...

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Макрадули во врска со судењето со Мијалков

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) денеска донесе една пресуда за две жалби во случајот на Јани Макрадули против Република Македонија и две одлуки со кои како несоодветни ги отфрли жалбите на Емрана Хасани против Република Македонија и на Исмет Бајрамовски против Република Македонија. Со тоа ЕСЧП донесе пресуда според жалбата на Јани Макрадули на, според порталот „Сведок“, судските...

Пуштена во употреба новата пречистителна станица во Радовиш

Новата пречистителна станица за третман на отпадни води во Радовиш денеска и официјално беше пуштена во употреба. Во рамките на проектот поддржан од ЕУ, исто така е  ревитализирана и проширена е примарната канализациона мрежа во општината Радовиш, со што се решава проблемот со отпадните води, а се намалува и надземното и подземното загадување. Во рамките на проектот се изградени...

Заев и „О2“ се договориле дека ако треба ќе се зголеми буџетот за заштита од загадувањето

Премиерот Зоран Заев и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули синоќа се сретнале со претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух“ откако иницијативата најави дека ќе ја тужи Македонија до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе поднесе жалби до сите меѓународни институции поради алармантната загаденост во државата. На средбата, премиерот, коалицијата, граѓанските здруженија и...

Богоев и Макрадули договориле дополнителни мерки против загадувањето во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска имал средба со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, и со директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Мирослав Богдановски, на која било разговарано за дополнителни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во оваа општина. Како што се наведува во соопштението на Општина Карпош, на средбата биле утврдени задачи...

Макрадули: До 2020 година ќе биде забрането греењето со јаглен

Греењето на јаглен во Македонија до 2020 година ќе биде забрането, истакна заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, кој учествуваше на Светската климатска конференција во Бон. Тој додаде дека оваа мерка е дел од македонските заложби за заштита на животната средина и од борбата со климатските промени кои се предизвикани од огромната емисија на јаглеродни гасови во атмосферата, со што...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...