сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Јани Макрадули | 42 резултати

Пратеници, појавете се во Собранието и донесете забрана за увоз на отпад, апелираат од О2

јануари 27, 2020

Застанете зад вашите зборови и појавете се во Собранието утре, ставете ја точката за гласање и изгласајте ја конечно. Престанете да нè лажете како мали деца –  им порачаа на пратениците на владеачката коалиција од граѓанската Иницијатива О2 откако минатата недела не помина како точка на дневен ред предлогот за забрана на увоз на отпад […]

Иако опасен отпад увезуваме само како суровина или енергенс, екологистите тврдат дека и тоа се злоупотребува

декември 28, 2019

Дали во Македонија се увезува опасен отпад или не и за која намена воопшто се увезува отпад во земјава е дилема со која се соочуваат граѓаните откако во јавноста се појавија фотографии на увезен отпад. Ова прашање е регулирано со постојниот Закон за управување со отпад, а последниов месец дена државата во неколку наврати демантираше […]

Светска Банка со поголем фокус на борбата со загадувањето во земјите на Западен Балкан

ноември 21, 2019

Годишно во светот умираат 4,2 милиони луѓе од последиците на загадениот воздух, а речиси 91 процент од светската популација живее во услови на загаденост, рече Марко Мантованели директорот за регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка на денешната регионална конференција за земјите од Западен Балкан  „Управување со квалитетот на воздухот на Западен Балкан […]

Општина Кочани избра лабораторија за дополнително мерење на аерозагадувањето

ноември 14, 2019

Лабораторијата „Еколаб“ од Прилеп, е избран изведувач за дополнително мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Кочани. Задачата на лабораторијата е да ја утврдува состојбата со ПМ-честичките и издувните гасови во воздухот на локации детектирани од страна на инспекциските служби. Аерозагадувањето во Кочани има константно повисоки вредности, поради што, по вонредната инспекција компанијата „Пејпр мил“ […]

„Fridays for Future“ од Скопје упаднаа на конференција за аерозагадување: Бесконечни конференции – нула резултати!

октомври 4, 2019

Ги анализиравме сите мерки од сите министерства кои се поврзани со аерозагадувањето во последната година и нашите анализи кажуваат дека околу 30% од мерките се спроведени. Ова го соопшти на денешната прва Регионална конференција за аерозагадување Ана Чоловиќ Лешовска од организацијата „Еко свест“, како домаќин на конференцијата во Скопје. Заменик министерот за животна средина, Јани […]

Екологистите за Планот за чист воздух: Mногу „ќе“, a слаба реализација

септември 17, 2019

Од Програмата за намалување на аерозагадување за оваа година, сè останува на „ќе“, стои во реакцијата на О2 Иницијативата на интервјуто на заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули за „Слободен печат“, во која тој тврди дека еко-активистите погрешно ги разбрале податоците со кои тој пред една недела излезе во јавноста за да го презентира што […]

Остри реакции од еколошките здруженија за спроведувањето на Планот за чист воздух и за Макрадули

септември 13, 2019

Девет месеци откако беше најавен како стратешки приоритет на Владата за справување со аерозагадувањето во државата, Планот за чист воздух влезе во фаза на реализација, проследен со критики од еколошките здруженија. Јани Макрадули, заменик министерот за животна средина задолжен од Владата за спроведување на Планот за чист воздух, вчера го презентираше сработеното: 64 милиони евра […]

Владата пренаменува два милиона евра за замена на нееколошките системи за греење

август 27, 2019

Владата ќе пренамени 121 милиони денари (околу 2 милиона евра) од буџетот за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година. Дополнителните средства од буџетот се наменети за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените и административните објекти во најзагадените градови со горилници на плин, […]

Швеѓанката Грета ја покрена и Македонија: На Запад дуваат нови ветрови, мораме да ги следиме

август 21, 2019

Домашната јавност веројатно слушнала за малата Швеѓанка Грета Тунберг и нејзините петочни штрајкови пред Парламентот на оваа земја со барање политичарите сериозно да разберат дека мораат нешто да сторат за да се спречи глобалното затоплување пред да биде предоцна, но, впечаток е дека климатските промени се далеку долу на листата проблеми кои ја загрижуваат. Група […]

Една година по протестите уште се чека законот за Водно

август 15, 2019

Речиси една година откако беше најавен дека ќе биде донесен во најкус можен рок, законот за заштита на Водно се уште е заглавен во институционалните лавиринти. Во подготовката на законот, покрај Град Скопје учествува и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетитие нации (УНДП). Како што е познато, проблемот кој се појави со трасата за […]

И мерната станица во Центар жртва на горештините: Крахира мониторингот на аерозагадувањето

јули 3, 2019

Мониторинг системот на мерната станица Центар е надвор од функција и не го мери аерозагадувањето во центарот на Скопје. Последните податоци кои ги испраќаше оваа мерна станица континуирано покажуваа зголемени вредности на ПМ 2,5 честичките од 62 микрограми на кубен метар, а вчера од 18 часот оваа мерна станица е исклучена. Претходно на истата станица […]

Аерозагадувањето расте, греење нема, мерачите се исклучени, нови дури догодина

јуни 28, 2019

Загаден воздух со вредност од дури 404 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички кај скопски Ректорат беа забележани на страницата „Мој воздух“ денес во 11 часот. На половина од календарската 2019 година, државата се уште не ја извршила набавката на инструментите од мрежата на 17 мерни станици во земјата кои го мерат аерозагадувањето, а […]

Струмичките екологисти контра Макрадули: Не веруваме во стандардите за кои зборувате за Иловица

мај 2, 2019

За какво почитување на закони, светски пракси и техники зборувате господине Макрадули кога зборувате за рудникот Иловица-Штука, кога токму за овој рудник државата досега прекршила неколку закони, промашени и истечени се сите законски рокови веќе со години, го прашуваат струмичките екологисти заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, по повод изјавата што тој ја даде на […]

Се намалува ДДВ-то за парното од 18 на пет отсто

мај 2, 2019

Данокот на додадена вредност (ДДВ) на парно-греењето ќе се намали од 18 на пет отсто информираше денеска премиерот Зоран Заев по одржувањето на состанокот на Интересорската група за животна средина. „Намалувањето на данокот ќе значи и пониски сметки за парно греење за околу 11 отсто или за 220 денари месечно, односно 2.600 денари годишно. Намалувањето […]

Со 160-те мали централи ќе ја бетонираме земјата, а нема да ја постигмене целта

март 25, 2019

Дури и да се изградат сите 160 мали хидроцентрали кои се планирани да бидат изградени во државата, Македонија нема да го достигне таргетот на ЕУ до 2020 година да произведува 25 проценти од енергијата од обновливи извори. Ова беше соопштено на денешната меѓународна конференција „Хидроенергетски проекти и заштита на природата – предизвици и решенија“, што […]

„Го сакам Водно“: Предложениот закон далеку од ветувањата на Шилегов за заштита на Водно и Матка

март 7, 2019

На толку дебати, состаноци, средби и средства на даночните обврзници дадени за експерти и дневници, работните групи кои се задолжени за изработка на овие закони ни даваат старо-нов закон за Водно, без битни промени, и буквално препишан од пред 40 години. Ова е реакцијата на граѓанското здружение „Го сакам Водно“ по повод денешната изјава на […]

ДЗР контра Макрадули: Ревизорскиот наод дека индустријата загадува е точен

февруари 11, 2019

Сите податоци кои се презентирани во Меѓународниот ревизорски извештај за квалитет на воздухот, кој неодамна беше објавен од страна на Државниот завод за ревизија се релевантни и се обезбедени од надлежни институции од страна на ревизорскиот тим, се вели во писмената реакција на Државниот завод за ревизија, откако „Мета“ побара коментар на изјавата на Јани Макрадули, […]

Владините мерки против загадувањето стартуваат со замена на неефикасните печки

јануари 16, 2019

Владата во текот на месецов стартува со реализација на програмата за справување со загадувањето преку директна помош на семејствата со полош социјален статус за замена на нивните неефикасни печки со енергетски поисплатливи и еколошки поприфатливи системи на греење, најави на денешната средба со претставниците на граѓанскиот сектор заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули. Владата […]

Макрадули: Ако и утре продолжи загадувањето ќе стапат на сила времени мерки

декември 24, 2018

Дефиниран е надминат праг на информирање односно сме во состојба на информирање за загадувањето на воздухот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило, изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули. За надминувањето на прагот на информирање, Макрадули рече дека […]

Екологистите: „Планот за чист воздух“ е нереален, неконкретен и без прецизни рокови

декември 11, 2018

Иако сметаат дека е добро што Владата го препознала проблемот со аерозагадувањето како сериозен и усвоила план како да почне да се справува со него, екологистите сепак велат дека владината програма за борба со аерозагадувањето наречена „План за чист воздух“, за чие што финансирање во Собранието беше одржана и донаторска конференција, не дава прецизни одговори […]

Страна 1 од 2