fbpx

Заев и „О2“ се договориле дека ако треба ќе се зголеми буџетот за заштита од загадувањето

-

Премиерот Зоран Заев и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули синоќа се сретнале со претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух“ откако иницијативата најави дека ќе ја тужи Македонија до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе поднесе жалби до сите меѓународни институции поради алармантната загаденост во државата.

На средбата, премиерот, коалицијата, граѓанските здруженија и активистите детално разговараа за сите 16 „жешки точки“ кои ја загрозуваат животната средина во Република Македонија и за мерките за решенија како гасификацијата, десулфуризацијата, субвенциите за фотоволтаици, енергетските фасади, планското пошумување, интензивното зголемување на зелените површини во урбаните средини, зголемувањето на буџетот за Инспекторатот за животна средина, пречистителните станици, заштитата на Охридското езеро и подрачје од неконтролиран развој на туризмот, изградбата на ветерници, мерните станици, решавањето на проблемот со депониите и друго.

Од владиниот кабинет информираат дека двете страни се согласиле дека буџетот нема да биде цел на краен договор.

„Доколку е неопходно, во моментот кога ќе бидат дефинирани нови и соодветни квалитетни решенија, Владата е подготвена да направи релокација на средства или ребаланс на Буџетот во интерес на заштита на животната средина, со цел да не постои пречка за реализација на квалитетни еколошки мерки“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Во делот на рудниците, заеднички констатирале дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека се работи на изнаоѓање правно-формални аргументи и механизми за решавање на проблемот со што ќе се заштити животната средина и во исто време ќе се обезбеди интересот на државата.

Од Коалицијата „О2“, пред средбата со премиерот соопштија дека бараат да се зголеми буџетот за животна средина од 0,45 на 2,5 проценти каков што е европскиот просек и да има повеќе пари за конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...