fbpx
Таг: Исламска држава

таг: Исламска држава

ИД ја презеде одговорноста за нападот на погреб

Сунитската екстремистичка група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад на погреб во близина на Багдад, во кој загинаа 16 лица. Во вчерашниот напад во градот Таџи, со мнозинско сунитско население, на 22 километри северно од Багдад, ранети се 34 лица. Нападот е извршен на погреб на татко на двајца членови на провладината милиција, позната како Сахва,...

ИД ликвидирала 120 свои борци

Екстремистичката сунитска организација Исламска држава во последните три месеци ликвидирала 120 свои припадници, повеќето странски борци кои сакале да се вратат дома, јави Сириската организација за заштита на човековите права, со седиште во Лондон. Организацијата, која своите податоци ги темели на информации добиени од активисти и од жители на Сирија, вели дека бруталната милитантна група ги убила џихадистите кои се...

Сирија: 40 цивили се убиени при напад на позиции на ИД

Најмалку 40 цивили загинаа при напади на сириските воздухопловни сили на позиции на припадниците на Исламска држава во градовите Ал Баб и Кбасин во провинцијата Алепо, соопшти Сириската организација за заштита на човековите права со седиште во Лондон. Како што јавува организацијата, која собира податоци од активисти и од жители од Сирија, десетици се повредени, од кои повеќето се во...

Курдските сили убија околу 60 џихадисти на ИД

Околу 60 екстремисти на Исламска држава биле убиени денеска во судир со курдските сили на северот на Сирија, соопштила сириската Опсерваторија за човекови права, пренесуваат медиумите. Во судирот кој избувна во градот Касијаб во провинцијата Касака, на североистокот на Сирија, курдските сили успеале, по дводневни борби, да го заземат градот кој беше под контрола на ИД. Како што пренесуваат медиумите, од...

САД: ИД не го урна јорданскиот Ф16

Вашингтон денеска негираше дека припадниците на сунитското екстремистичко движење Исламска држава успеале во источниот дел на Сирија да го соборат јорданскиот авион Ф-16, кој бил дел на меѓународната коалиција предводена од САД. Според САД, доказите укажуваат дека ИД не го соборила авионот, но не ги откри причините за падот. Сепак, американските воени власти потврдија дека припадниците на ИД успеале да...

ИД собори јордански авион и го зараби пилотот

Припадниците на Исламска држава урнаа јордански борбен авион, потврдија јорданските власти. Исламистите објавија фотографии од заробениот пилот. Авионот е соборен во близина на градот Рака, упориште на ИД на северот на Сирија. Веднаш по уривањето џихадистите го заробиле пилотот. طيار أردني لم يجد إﻻ مياه الرقة ليستمتع بالسباحة و اﻵن ستداعبه سكين الزرقاوي .. هنيئآ مريئآ pic.twitter.com/dht5BiTUhK — السلطان سنجر ✒ (@Alsultansinjer2)...

Сирија: 20 загинати во неуспешен напад на воена база

Најмалку 20 џихадисти, припадници на Исламска држава (ИД), како и двајца припадници на сириската армија, загинаа во вториот по ред неуспешен напад во последниот месец на една воздушна база на истокот на Сирија, соопшти Сириската организација за човекови права (СОЧП). Деветнаесетте загинати припадници на ИД се Сиријци, а еден е Мароканец. Џихадистите при повлекувањето со себе однеле и неколку противавионски ракети, соопшти...

Во Сирија загина уште еден македонски државјанин

Во Сирија загина уште еден Албанец од Македонија, кој бил припадник на џихадистите на Исламската држава. Е.А. од скопско Инџиково, кој имал 23 години, заминал да војува на сирискиот фронт пред три месеци. Ова е 13. македонски државјанин што загинал на воените полиња во Сирија. Според процените на американската разузнавачка агенција ЦИА, Исламската држава располага со околу 30.000 борци.

ИСИС уби 150 жени во Фалуџа

Турските медиуми пренесуваат дека Исламската држава погубила најмалку 150 жени кои одбиле да се омажат за џихадисти во Ирак. Во соопштението на ирачкото министерство за човекови права се наведува дека терористите нападнале жени во северната ирачка провинција Ал-Анбар, по што ги ликвидирале и погребале во масовна гробница во Фалуџа. „Најмалку 150 жени, вклучувајќи и трудници, се убиени во Фалуџа. Убиецот е...

Уапсени седум џихадисти во Шпанија и во Мароко

Најмалку седум лица се уапсени во заедничката полициската акција на Шпанија и на Мароко против мрежата за регрутирање жени-џихадистин за радикалната сунитска група Исламска држава (ИСИС). Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека четири лица се уапсени во шпанските енклави Сеута и Мелила во Северна Африка, а едно лице е приведено во Барселона. Во рамките на истата операција, мароканските власти уапсиле...

Конгресот на САД го одобри буџетот за одбрана

Конгресот на САД го одбори буџетот за одбрана за 2015 година, кој изнесува 577 милијарди долари, вклучително и 64 милијарди за воените ангажмани во странство, што ќе овозможи финансирање на обуките на сириските и на ирачките сили за борба против ИСИС, пренесуваат медиумите. Распределбата на средствата предвидува 496 милијарди од основниот буџет да му припаднат на Пентагон, 18 милијарди на...

Сенатот ја одобри војната против ИСИС

Американскиот Сенат ѝ даде зелено светло на Белата куќа за војна против џихадистичката група Исламска држава. Надворешно-политичкиот одбор на Сенатот ја изгласа резолуцијата на сенаторот Роберт Менендез, со која операциите на американската војска се ограничуваат на три години. Во документот се наведува дека ангажирањето на копнените сили е можно само во одредени ситуации.

ИСИС нападна воздухопловна база на сириската војска

Припадниците на Исламска држава вчеравечер ја нападнаа последната поголема сириска воздухопловна база на истокот на земјата, соопшти сириската Организација за набљудување на човековите права. Борбата за базата кај градот Деир ез Зор, на реката Еуфрат, почна со самоубиствен бомбашки напад на околните позиции на сириската војска, соопшти организацијата со седиште во Лондон. Во судирите загинаа 19 припадници на државните сили и седум...

Асад: Воздушните напади на САД не се ефикасни

Сирискиот претседател Башар ал-Асад смета дека воздушните напади на САД врз џихадистите на Исламска држава ниту се сериозни, ниту се ефикасни и оти не постигнале никакви мерливи резултати. Асад, исто така, ја обвини Турција дека продолжува директно да ги помага екстремистите. Тој, во интервјуто за магазинот „Пари мач“, истакна дека тероризмот не може да се сопре со воздушни напади. - Од...

Ирак демантира: Не сме извршиле воздушен напад врз ИСИС

Иран нема извршено воздушни напади против џихадистите на Исламска држава (ИСИС) во Ирак, тврди денеска ирански претставник, демантирајќи го соопштението на Пентагон. Пентагон денеска соопшти дека официјален Техеран извршил воздушни напади против ИСИС, но дека тие не се координирани од САД. - Иран никогаш не бил вклучен во ниту еден воздушен напад против Исламската држава во Ирак. Секоја соработка со САД во такви...

Иран бомбардираше цели на ИСИС во Ирак

Иран почна воздушни напади врз џихадистите на Исламска држава на истокот од Ирак, соопшти денеска Пентагон. Портпаролот на Пентагон, контраадмирал Џон Кирби, соопшти дека САД веруваат оти Техеран првпат извел воздушни напади од Иран на цели во Ирак. - САД не ги контролираат воздушните напади и воените активност на Иран - соопшти Кирби. Иранските воени лидери соопштија дека десетина борци се наоѓаат во Ирак и се борат...

Судот во Египет ја забрани ИСИС

Египетскиот суд го забрани движењето Исламска држава (ИСИС) и ја прогласи за терористичка организација. Судот наведе дека и сите останати групи кои се заколнале на верност на ИСИС, се сметаат за терористички организации. Египетската влада не може да прогласи ниту една група за терористичка без судска пресуда. Минатата недела кабинетот одобри нов закон за борба против тероризмот. Според член 1 од...

Ердоган: САД вршат безобѕирен притисок врз Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД се безобѕирни во притисокот над Анкара да помогне во одбраната на сирискиот град Кобане. Вашингтон врши притисок врз Анкара за користење на воената база Инџирлик во регионот Адана, во Јужна Турција, за американските авиони во воздухопловните напади на екстремистите на Исламска држава. - Сакам да знаете дека сум против безобразлукот, безобѕирноста и бескрајните...

(ВИДЕО) Сирија: 95 убиени во упориштето на ИСИС

Најмалку 95 лица се убиени, а 120 се ранети при вчерашните воздушните напади на сириските воени сили на северниот град Рака, упориште на џихадистите од Исламска држава. Бројот на загинатите се очекува да се зголемува бидејќи повеќето ранети се во критична состојба, соопшти Сирискиот набљудувачки центар за човекови права со седиште во Лондон. Владините воени авиони спровеле 10 воздушни напади во Рака,...

ИРАК: Британски војници во тајни мисии против ИСИС

Британската елитна единица САС, во тајна копнена мисија во Ирак, убила стотина џихадисти на Исламска држава, објави „Раша тудеј“. Како што јавува руската телевизија, британските специјалисти, користејќи специјални возила „квад“, ноќе трагаат по непријателот и успеваат да убијат по осум терористи дневно. Извори од британското министерство за одбрана претходно наведоа дека елитната британска специјална воздушна единица е вклучена само во неборбени...