fbpx
Таг: Исламска држава

таг: Исламска држава

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

Во Мосул убиен еден од водачите на ИСИС

Еден од водачите на ИСИС е убиен во вчерашните воздушните напади врз ирачкиот град Мосул, соопштиле локални извори, пренесува хрватски „Индекс“. Станува збор за Радван Талеб ал-Хамдоуни, водач на радикалната милитантна група во Мосул. Според информациите, тој бил убиен заедно со својот возач, кога во воздушните напади во западниот дел од градот, бил погоден автомобилот во кој се превезувал. Хамдоуни беше гувернер...

Џон Ален: Ќе ги победиме џихадистите во Кобане

Џихадистите на Исламска држава самите се доведоа во позиција да бидат лесна мета, доведувајќи ги своите борци во сирискиот град Кобане, соопшти пензиониранит американски генерал Џон Ален. - На тој начин меѓународната коалиција можеше да ги бомбардира - додаде Ален. Ален, кој е координатор на коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистите во Сирија и во Ирак, вели дека според...

ИСИС има 200.000 борци

ИСИС има повеќе од 200.000 борци, соопшти кабинетот на лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани, а бројката е шестпати поголема од таа што ја соопшти ЦИА. Тој наведе дека големиот број борци ѝ овозможува на милитантната организација да војува на повеќе различни воени полиња. Според Барзани, претходната процена на американските разузнавачи дека ИСИС има 31.500 борци се однесувала на јадрото.  

Обама: Нема да испратам копнени сили против ИСИС

Американскиот претседател Барак Обама повтори дека не сака да испраќа копнени сили во борбата против борците на Исламска држава. Тој наведе дека секогаш постојат околности во кои САД би морале да распоредат копнени сили. Обама наведе дека, хипотетички, ако борците на ИСИС дојдат до нуклеарно оружје, Вашингтон во такво сценарио нема да се двоуми да нареди американската војска да оди во...

ИСИС обезглави уште еден Американец

Милитантната група Исламска држава, која се бори во Ирак и во Сирија, го обезглави американскиот хуманитарен работник Питер Касиг. Касиг е убиен, иако, откако минатата година беше киднапиран во Сирија, премина во ислам, јавува „Би-Би-Си“. ИСИС во октомври објави видеоснимка на која се гледа убиството на британскиот хуманитарен работник Ален Хенинг, а исламистите се заканија дека ќе го обезглават и Касиг. Дваесет...

ОН: ИСИС врши масовни воени злосторства

Џихадистите на Исламска држава се одговорни за злосторства од масовни размери во Сирија, каде вршат терор, обезглавуваат, каменуваат и стрелаат цивили и војници, стои во извештајот на истражителите на Обединетите нации. Извештајот на ОН се темели на разговори со повеќе од 300 мажи, жени и деца кои побегнале или сè уште живеат во упориштата на ИСИС во североисточна Сирија, вклучувајќи го...

САД: Чак Хејгел најави засилување на нападите врз ИСИС

Секретарот за одбрана на САД, Чак Хејгел, денеска најави интензивирање на воздушните напади против ИСИС во Ирак. Хејгел, образложувајќи ја стратегијата на САД во Конгресот, изјави дека ирачките сили се сè поефикасни и дека коалицијата што ја предводат САД, ќе го засили темпото и интензитетот на воздушната кампања против исламските екстремисти. Тој оцени дека борбата против ИСИС во Ирак и во Сирија...

Албанец загина во Сирија

Албанец од редовите на ИСИС загина во Сирија, јавуваат балканските медиуми. Станува збор за албанскиот државјанин Шкелзен Думани од Пешкопеја, кој повеќе од една година се борел во Сирија на страна на екстремистите. Информациите за неговиот идентитет и за загинувањето ги потврдија и неговите роднини. Како што јавува албанскиот весник „Газета тема“, 39-годишниот Шкелзен Думани го финансирал и организирал заминувањето на...

Сирија: Убиени 800 екстремисти

Повеќе од 800 екстремисти и околу 50 цивили загинаа од средината на септември во воздушните напади на коалицијата предводена од САД врз позициите на ИСИС и другите екстремисти, соопшти опозициската Сириска опсервација за човекови права. Како што прецизираше организацијата, чие седиште е во Лондон, меѓу убиените 746 биле припадници на ИСИС, а 68 членови на сирискиот разгранок на терористичката мрежа Ал...

Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС е полоша

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за војната во својата земја и Западот не треба да разговара со него само затоа што Исласката држава е „уште полоша“, изјави денеска советникот на германската канцеларка, Кристоф Хојзген. - Без разлика на фактот што сега постои организација ИСИС, која во поглед на кршењето на хуманитарните и на човековите права е полоша од Асад,...

(ВИДЕО) Припадниците на ИСИС бегаат од Беиџи

Ирачката војска ги принудила џихадистите на Исламска држава да се повлечат од центарот на градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата ирачка рафинерија за нафта. Командантот на воените сили во Беиџи, генерал Абдул Вајаб ал-Сади, изјави дека воените единици ги зазеле зградите на локалната влада и седиштето на полицијата, соопшти државната ирачка телевизија. Градот Беиџи, кој е на 250 километри од...

Со дронови нападнати позициите на ИСИС

Британското министерство за одбрана соопшти дека беспилотни летала првпат се употребени при напади на цели на екстремистите на Исламсистичка држава во Ирак. Дронот „рипер“, за време на викендот, успешно ги нападна припадниците на ИСИС, се наведува во соопштението. Леталото истрелало проектили „хелфајр“ на цели на ИСИС во близина на Бејџија, северно од Багдад, во момент кога екстремистите поставувале импровизирани експлозивни направи. Сè...

Иран му нуди помош на Ирак во борбата протов ИСИС

Владата во Техеран денеска соопшти дека им стои на располагање на ирачките власти во борбата против Исламистичка држава (ИСИС), соопштија иранските медиуми. Потпретседателот на Иран, Ешак Џахагири, го даде ветувањето на поранешниот ирачки премиер, Нури ал Малики, за време на разговорите во Техеран. - Во борбата против тероризмот мора да ги употребиме сите средства. Иран е подготвен да ги стави на...

Ранет е лидерот на ИСИС

Лидерот на Исламистичка држава Абу Бакр ел-Багдади наводно е ранет во воздушниот напад во провинцијата Анбар, но засега не се знае колку сериозни се повредите, велат ирачките служби. Двајца ирачки претставници и ирачката државна телевизија објавија дека во еден од воздушните напади е ранет лидерот на екстремистичката Исламска држава, Абу Бакр ел-Багдади, додека претставниците на Пентагон велат дека немаат информации...

Обама испратил писмо до Иран за заедничка борба против ИСИС

Американскиот претседател Барак Обама му испратил писмо на иранскиот врховен лидер Јаменеи во кое го истакнува заедничкиот интерес на двете земји во борбата против екстремистичкото движење Исламистичка држава, пишува „Вол стрит џурнал“. Весникот, кој се повикува на дипломатски извори, во текстот наведува дека писмото е испратено кон средината на октомври, што претставува преседан во односите на САД и на Иран....

ИСИС зазеде уште едно нафтено поле во Сирија

Борците на исламската држава (ИСИС) во Сирија, денеска соопштија дека заземале нафтено поле во покраината Хомс. Ова е второ плинско поле освоено во последната недела во борбите со владините сили. Радикалната сунитска група на социјалните мрежи објави 18 фотографии на кои се гледа знамето на ИСИС на нафтеното поле во Јаха, како и запленети оружје и возила. Борците на ИСИС, кои држат...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...