fbpx
Таг: Исламска држава

таг: Исламска држава

ИД се закани дека ќе му ја отсече главата на Обама во Белата куќа

Радикалната сунитска група Исламска држава во најнов видеозапис директно му се закани на американскиот претседател Барак Обама, јавува „Фокс њуз“. - Обама, знај дека ќе дојдеме во САД. Ќе ти ја отсечеме главата во Белата куќа, а Америка ќе стане муслиманска провинција - се наведува во видеоснимката. Исламските екстремисти, исто така, ѝ се заканија и на Европа. - Ова е порака за Франција...

ИД за 24 часа ќе ги ликвидира Јапонецот и Јорданецот

Исламска држава се закани дека ќе го убие другиот Јапонец и јорданскиот пилот во следните 24 часа. Во видеозапис, објавен со наслов „Втора јавна порака на Кенџи Гото до неговото семејство и до владата на Јапонија“, јапонскиот новинар држи слика од пилотот и бара помош бидејќи времето за неговата егзекуција изминува. Автентичноста на снимката засега не е верификувана. Екстремистичката сунитска организација бара...

Триполи: ИД држи заложници во хотел

Автромобил-бомба денеска експлодира пред луксузен хотел во Триполи, а вооружените напаѓачи упаднале во зградата, почнале да пукаат и зеле заложници откако убиле тројца припадници на хотелското обезбедување. Менаџерот на хотелот, Хасан ал-Абеј, изјави дека пет маскирани напаѓачи упаднале во хотелот, стрелајќи во воздух и оти најверојатно станува збор за џихадисти, приврзаници на Исламска држава. Хотелот е евакуиран пред напаѓачите во панцири да се судрат...

Портпаролот на ИД повикува да продолжат нападите на Западот

Портпаролот на Исламска држава ги повика муслиманите што живеат во западните земји да изведат уште напади и истакна дека секој кој има можност да „пролее капка крв“, треба да го направи тоа. Во објавениот аудиозапис, Абу Мохамед ал-Аднани ги поздрави неодамнешните напади во Австралија, Белгија и во Франција. Тој, исто така, го пофали вооружениот напаѓач, кој во октомври минатата година уби...

Убиен еден од јапонските заложници, ИД бара размена за другиот

Исламска држава обезглави еден од јапонските заложници и сега бара да се ослободи жена бомбаш-самоубиец од Јордан за да го поштедат животот на другиот заложник. Синоќа беше објавена видеоснимка на која се гледа еден од киднапираните Јапонци, Кенџи Гото, како држи слика од другиот киднапиран Јапонец, Харуна Јукава. Во видеозаписот глас на англиски јазик вели дека јапонскиот премиер Шинзо Абе е виновен...

Нема напредок во ослободувањето на двајцата Јапонци

Владата на Јапонија продолжува со обидите да ги спаси двајцата киднапирани, кои Исламска држава се заканува дека ќе ги убие, но сè уште нема значаен напредок, соопштуваат од владата. „Немаме нови информации, само уште еднаш ја разгледавме постојната ситуација“, рекол јапонскиот министер за внатрешни работи, Фумио Кишида. Во видеопораката објавена во вторникот, еден припадник на ИД на англиски јазик се закани...

Кери: Убиени се половина од лидерите на ИД

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на состанокот на министрите за надворешни работи кои се борат против Исламската држава изјави дека Ирак и партнерите од Меѓународната коалиција оствариле значајни цели во борбата против џихадистите од ИД и дека убиле повеќе од илјада од нивните броци, односно половина од нивните лидери. На состанокот, кој се одржа вчера во Лондон, Кери навел дека...

Јапонија: Немаме никаков глас од ИД за заложниците

Јапонија ги разгледува сите можни начини да се ослободат двајцата заложници што ги држат припадници на Исламската држава, а двајца Јапонци веќе се понудиле да се обидат да преговараат. Групата Исламска држава во вторникот објави видеопорака, со која на јапонските власти им даде рок од 72 часа да им исплатата 200 милиони долари, доколку не сакаат да ги ликвидираат нивните државјани....

Обама бара дозвола од Конгресот за употреба на сила против ИД

Претседателот на САД, Барак Обама, побара Конгресот да усвои резолуција со која се дозволува употреба на сила против екстремистичката сунитска група Исламска држава. Обама изјави дека и понатаму продолжуваат акциите против ИД и истакна дека ќе ја победат, но оти за тоа е потребно време.

Лидерот на ИД ранет при воздушни напади во Ирак

Лидерот на екстремистичката сунитска групата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, е повреден за време на воздушните напади на коалицијата предводена од САД, соопшти ирачкиот премиер, Хајдер ал Абади. Ирачките медиуми јавуваат дека Ал Багдади е ранет за време на бомбардирањето цели на ИД на границата меѓу Сирија и Ирак, но дека го преживеал нападот.

Џихадистите го освојуваат интернетот, може ли некој да ги спречи?

Паралелно со вистинските вооружени пресметки во Париз и со антитерористичките акции кои следуваа потоа во Германија, Франција и во Белгија, во кои се убиени и уапсени повеќе екстремисти, на интернет се води жестока воена пропаганда предводена од џихадистите кои ја контролираат територијата на Исламската држава. Екстремните исламисти кои се борат во Ирак и во Сирија интензивно го користат интернетот, социјалните мрежи и софистицираните...

Трајанов: Службите треба да ги пресретнат џихадистите повратници

Не треба да чекаме нешто да се случи, па потоа да реагираме. Верските заедници, политичките партии, институциите, невладиниот сектор треба да работат на одвраќање на џихадистите повратници од евентуални акции. Од особена важност се и активностите, на превентивен план, контраразузнавачките и разузнавачките служби, во прибирањето информации и во соработкато со силните европски и светски служби и со оние од...

20 терористички ќелии подготвуваат напади во Европа

Околу 180 лица од најмалку 20 терористички ќелии, кои допрва треба да бидат активирани, се подготвени да извршат терористички напади во Франција, Германија, Белгија и во Холандија, јавува американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Разузнавачките агенции од ЕУ и тајните служби од Блискиот Исток откриле дека постои „непосредна опасност“ за напад во Белгија, но и во...

Уапсен Американец кој подготвувал напад на Конгресот

Маж од Охајо, кој тврди дека е симпатизер на Исламска држава, е уапсен синоќа поради напад на Капитол хил, стои во судските документи. Дваесетгодишниот Кристофер Корнет проучувал како се прават импровизирани направи, купил полуавтоматска пушка и 600 парчиња муниција и планирал да отпатува во Вашингтон и таму да го спроведе планот за напад. Корнел на „Твитер“ напишал дека ја поддржува Исламска...

Радио „Исламска држава“: Повторното објавување на карикатурата е крајно глупаво

Радио „Исламска држава“, денеска го оцени како „крајно глупав“ чин тоа што француското сатирично списание „Шарли ебдо“ на својата насловна страница повторно објави карикатира од пророкот Мухамед. - „Шарли ебдо“ повторно објави карикатура на пророкот што е навредливо и е крајно глупав чин - се вели во соопштението на радиото на џихадистичка група, кое се емитува во областите под нивна контрола во Сирија и...

ИД објави снимка на која дете убива наводни руски шпиони

Сунитската екстремистичка група Исламска држава објави седумминутен видеозапис во кој мало дете со пиштол ликвидира двајца мажи, обвинети дека се руски шпиони. Убиените, по распитот, се обвинети дека се инфилтрирани во ИД за да шпионираат, по што десетгодишното момче, по наредба, ги застрелува. https://www.youtube.com/watch?v=xa7y0Wef5yM

Дриан: ИД мора да се елиминира

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ло Дриан, соопшти дека официјален Париз ќе продолжи со операциите против Исламска држава во Сирија и во Ирак и оти борците на џихадистичкото движење треба да бидат уништени. По САД, Франција учествува со најголем број авиони и војници во составот на коалицијата против ИД. Покрај тоа, околу 3.500 француски војници оперираат во реонот на Сахел...

„Билд“: Масакрот во Париз е почеток на нападите во Европа?

Минатонеделните терористички напади во Париз би можеле да бидат првиот бран напади што допрва ќе ја зафатат Европа, јавува германскиот весник „Билд“, цитирајќи извештаи на американската разузнавачка агенција НСА, која успеала да пресретне комуникација меѓу лидерите на Исламска држава. Париз е посочен како прв од серијата планирани напади на европските градови, која го вклучува и Рим, пишува „Билд“, притоа не откривајќи го целиот...

ИД презема одговорност за нападот на „Шарли ебдо“

Абу Сад ал-Ансари, еден од лидерите на Исламска држава (ИД), рекол дека оваа исламска организација стои зад нападот на весникот „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, пренесува „Дојче пресе агентур“ (ДПА). - Почнавме операција во Франција за која преземаме одговорност. Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други земји - рекол Абу Сад ал-Ансари за време на молитвата...

ИД погуби осум лица

Припадниците на екстремистичката сунитска група Исламска држава, во ирачката провинција Салахедин, убија осум лица, од кои четворица полицајци. ИД на интернет објави фотографии од погубувањето. На фотографиите, седуммина од убиените се облечени во портокалова облека, слична на онаа што ја носеа и ликвидираните новинари и хуманитарните работници. ИД контролира голем дел од територијата во Ирак и во Сирија, каде прогласи калифат.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...