fbpx

Кери: Убиени се половина од лидерите на ИД

-

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на состанокот на министрите за надворешни работи кои се борат против Исламската држава изјави дека Ирак и партнерите од Меѓународната коалиција оствариле значајни цели во борбата против џихадистите од ИД и дека убиле повеќе од илјада од нивните броци, односно половина од нивните лидери.

На состанокот, кој се одржа вчера во Лондон, Кери навел дека ирачките копнени трупи, поддржани со 2.000 воздушни напади од коалицијата, повторно зазеле 700 квадратни километри, територија која претходно била освоена од ИД. Кери оценил дека меѓународната коалиција може и подоборо во сопирање на протекот на финансиски средства и глобалното ширење на пропагандата на екстремистичките групи.

Кери на еднодневната конференција се сретна и со британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, со ирачкиот премиер, Хајдер ал Абади, и со претставници на уште 21 земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...