fbpx

ИСИС обезглави уште еден Американец

-

Милитантната група Исламска држава, која се бори во Ирак и во Сирија, го обезглави американскиот хуманитарен работник Питер Касиг.

Касиг е убиен, иако, откако минатата година беше киднапиран во Сирија, премина во ислам, јавува „Би-Би-Си“.

ИСИС во октомври објави видеоснимка на која се гледа убиството на британскиот хуманитарен работник Ален Хенинг, а исламистите се заканија дека ќе го обезглават и Касиг.

Дваесет и шестгодишниот Касиг е поранешен воен ренџер, кој во Турција ја основаше хуманитарната организација СЕРА, за да им помага на бегалците од Сирија и да го снабдува бегалските кампови со храна и со медицинска опрема.

Исламската држава на снимката прикажа и обезглавување на најмалку 15 мажи, за кои тврди дека се припадници на сириската војска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Османи: Оптимист сум дека со новата бугарска влада можеме да отвориме ново поглавје меѓу двете земји

Скрининг процесот со Европската Унија е во тек и се одвива со добра динамика врз основа на што ќе ги добиеме извештаите од скринингот и патоказот за отворање на...
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
free online course
download lava firmware
Premium WordPress Themes Download
online free course