fbpx

Сирија: 20 загинати во неуспешен напад на воена база

-

Најмалку 20 џихадисти, припадници на Исламска држава (ИД), како и двајца припадници на сириската армија, загинаа во вториот по ред неуспешен напад во последниот месец на една воздушна база на истокот на Сирија, соопшти Сириската организација за човекови права (СОЧП).

Деветнаесетте загинати припадници на ИД се Сиријци, а еден е Мароканец.

Џихадистите при повлекувањето со себе однеле и неколку противавионски ракети, соопшти директорот на СОЧП, Рами Абдел Рахман.

Воздухопловната база Деир Езор е еден од последните пунктови на сириската армија на истокот на земјата. Базата се наоѓа на границата со Ирак каде ИД контролира голем дел од територијата. Групата ИД се појави во екот на сирискиот конфликт, пролетта 2013 година, а летоска во голем налет освои делови од Сирија и од Ирак, прогласувајќи „калифат“.

https://www.youtube.com/watch?v=9YnXzX6flC4

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...