fbpx

Асад: Воздушните напади на САД не се ефикасни

-

Сирискиот претседател Башар ал-Асад смета дека воздушните напади на САД врз џихадистите на Исламска држава ниту се сериозни, ниту се ефикасни и оти не постигнале никакви мерливи резултати.

Асад, исто така, ја обвини Турција дека продолжува директно да ги помага екстремистите. Тој, во интервјуто за магазинот „Пари мач“, истакна дека тероризмот не може да се сопре со воздушни напади.

– Од суштинско значење се војниците на теренот, кои ја познаваат земјата и можат да реагираат. Затоа, за два месеци од нападите на меѓународната коалиција, предводена од САД, не се постигнати опипливи резултати – рече Асад.
И силите на Асад и американските воени сили ги бомбардираат позициите на ИСИС во северниот дел на Сирија, но американските претставници велат дека не ги координираат своите напади со сириската влада.

Асад додаде дека американските воздушни напади „секако би помогнале доколку би биле сериозни и ефикасни“.

– Ние водиме копнена битка против Исламска држава и не забележавме никаква промена, особено затоа што Турција и понатаму им дава директна помош на тие региони кои се под контрола на ИСИС – рече Асад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...