fbpx
Таг: инфлација

таг: инфлација

Нов план за „борба“ со јавниот долг – задолженоста ќе се намалува, нови заеми преку нови обврзници!

„Се утврдува лимитот на вкупниот јавен долг на среден и долг рок којшто не треба да надмине ниво од 60 отсто од БДП“, се посочува во новата ревидирана Фискална стратегија 2022-2024 (со изгледи до 2026), а намалување на долговите се предвидени и во ревидираната Стратегија за управување со Јавниот долг. Но, оваа граница веќе е пробиена во текот на...

Инфлацијата во САД годинава се искачи на 6,8 отсто, највисока досега од 1982 година

Во САД во текот на 2021 година е регистрирана стапка на инфлација од 6,8 отсто и истата е на највисоко ниво во периодот од 1982 година до денес, јавува весникот Гардијан. Цените на нафтените деривати, храната, кириите и други производи и услуги растат во САД веќе шест месеци по ред, покажува извештајот на Одделот за труд. Инфлацијата во ноември се...

За една година цените на мало пораснале за 6,2 отсто, стопанството предлага мерки

Индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4,8 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6,2 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика. И кај ноември во споредба со октомври 2021 година, трошоците на живот се зголемени за 0,7 отсто, додека цените...

Проекцијата на Народната банка за годинешната инфлација скокна од 2,2 на 3,1 проценти

Најавите за зголемување на процентот на инфлација се остварија на најновата седница на Советот на Народната банка, на која бил разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај за макроекономските проекции. Наместо досегашната проекција од 2,2 проценти, ревидирана е стапката на инфлација на 3,1 проценти до крајот на годинава, информираат од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Тие велат дека инфлацијата...

Нацевска: Денарот е стабилен, „подгревањето“ на инфлацијата е нешто што може да доведе до раст на цените

Денарот е стабилен, уверуваат од Народната банка. Вицегувернерката Емилија Нацевска, објасни дека поскапувањата кои се случуваат во изминатиов период се случуваа заради растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. „Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а „подгревање“...

Анализа на Порталб: Ценовен притисок – поскапи горива, метали, увозни производи, НБРСМ засега нема да интервенира

Инфлацијата ќе се зголемува, но просечната стапка нема да надмине 3 отсто. Ова се очекувањата на аналитичарите наведени во новото анкетно истражување на Народната банка. Јасно е дека и Македонија не е поштедена од ценовното цунами – поскапи горива, метали, увозни производи, пишува „Порталб“. Дали овој бран е од привремен карактер и дали Владата има план за ублажување на...

ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, намалување следи во 2022 година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед очекува дека инфлацијата во земјава во просек ќе достигне ниво од 3,1 проценти во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2 проценти во 2022 година, информираат од Народна банка. На средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со тимот од Одделот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен...

Цените на мало во септември зголемени за 5,6 отсто, трошоците на живот со раст од 3,7 проценти

Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Зголемување на трошоците на животот и цените на мало се забележува и во споредба на септември во однос на...

Митреска: Одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економија

 „Исто како и во еврозоната, и во земјите од регионот, одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економиј“, посочи Ана Митреска, вицегувернерка на НБРСМ, на панел- дискусија организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“. „Засега, слично како и другите централни банки, овие глобални движења ги оценуваме како привремени, поттикнати од растот на цените на примарните производи и...

Анализа на „Порталб.мк“: Поскапи бензини, „подгреана“ инфлација!

На почетокот од септември литар Еуросупер од 95 октани се продаваше за 72 денари а Еуросупер од 98 октани за цели 74 денари по литар. Изминатите неколку години ова се практично и највисоки цени на нафтените деривати во земјава, пишува „Порталб.мк“.  Во август годинава во споредба со истиот месец лани измерена е и една од повисоките стапки на ценовен раст...

Фајнанс Тинк: Воведувањето на еколошката такса за нафтените деривати да се одвива постепено

Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк смета дека еколошката такса за нафтените деривати може да има еднократен краткорочен ефект врз инфлацијата кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти. Тие сметаат дека долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен, од 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени. Токму поради...

НБРСМ: Домашната инфлација ќе зависи од увозните цени, но не се очекуваат големи ценовни притисоци

Ана Митреска, вицегувернер фото: НБРСМ
Висината на инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји од регионот, ќе зависи од промените на увозните цени. Тоа се глобални фактори коишто се оценети како привремени. А, иако се можни преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оценките за отсуство на притисоци од побарувачката, нема потреба од промени во...

ММФ: Инфлацијата и натаму ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори

Монетарната политика е соодветна и треба уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората половина од годината. Се очекува...

Анализа на Порталб.мк: Храната со повисоки цени од оние пред седум години-доаѓа ценовен бран

фото: порталб
Ценовното цунами на светските берзи ја зафати и Северна Македонија. Најновите  податоци  за мај покажуваат раст на цените, а со тоа и пораст на трошоците на живот. Народната банка на РСМ за годинава веќе ја зголеми проекцијата за инфлација на 2,2 отсто, пишува „Порталб“. Цените на маслото за јадење и натаму растат. По март, и во април статистичките податоци регистрираа зголемени трошоци на живот за...

АНАЛИЗА: Инфлацијата се „подгрева“ – можно поскапување на увозните производи!

Килограм шеќер 44 денари, литар масло за јадење 95 денари. Цените на основните прехранбени производи растат од почетокот на оваа година. На крајот од кварталот, Државниот завод за статистика и официјално потврди дека трошоците на живот во март во споредба со истиот месец лани се зголемени за 2,1 отсто, пишува Порталб.мк. Дел од трговците со увозна стока – пластика,...

НБРМ: Поумерени ефекти од ковид кризата во четвртиот квартал лани

Во првите три квартали од лани во просек, економијата бележи реален пад од 5,9 проценти, што е во согласност со очекувањата, информираат од Народна банка. „Тековно расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2020 година упатуваат на поповолни движења во домашната економија и поумерени негативни ефекти од здравствената криза во споредба со претходниот квартал, во услови на релативно брзо закрепнување...

Порталб анализа: Поскапуваат храната и нафтата – дали ценовниот бран се ближи кон Македонија?

Цените на горивата во земјава веќе се враќаат на ниво од пред почетокот на корона кризата, храната, односно пченката и пченицата веќе се со повисоки цени на светските пазари, поскапуваат и железото и другите метали. Трендовите на светските пазари укажуваат на тоа дека посткризно-следува ценовен бран, пишува Порталб.мк. Домашната статистика веќе регистрираше раст на цените на мало за 1,6 отсто. Во...

Економските аналитичари очекуваат пораст на инфлацијата

Економските аналитичари очекуваат зголемување на инфлацијата и незначителни промени на бруто домашниот производ оваа и следната година, покажува новата анкета на Народната банка спроведена во декември. „Економските аналитичари ги објаснуваат ваквите движења кај инфлацијата и БДП главно со ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на ковид-19 и од мерките за справување со неа. Во однос на инфлацијата, малку се...

Народна банка: Годишниот пад на БДП е 6,4 отсто ризиците од ковид-19 сè уште постојат

Расположливите макроекономски показатели упатуваат на годишен пад на домашниот бруто-производ во првата половина од годината од 6,4 проценти, информираат од Народна банка по одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. „Во однос на априлската проекција на Народната банка, ова претставува малку послабо остварување од очекувањата главно како резултат на отстапувањето за првиот квартал, додека остварувањето...

Анкета на НБРМ: Инфлацијата стабилна, економијата годинава ќе оди во минус 4,3 отсто

Народната банка на Северна Македонија ги објави резултатите од анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на бруто домашниот производ, спроведена во септември годинава. Анкетираните економски аналитичари изјавиле дека и понатаму очекуваат умерена, ниска и стабилна инфлација, а во однос на економскиот раст, нивните очекувања се дека ќе има постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата во...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...