fbpx

ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, намалување следи во 2022 година

-

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед очекува дека инфлацијата во земјава во просек ќе достигне ниво од 3,1 проценти во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2 проценти во 2022 година, информираат од Народна банка. На средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со тимот од Одделот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефицата на Мисијата, Берглјот Баркбу, било потенцирано дека тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања.

„Најголемиот двигател на неодамнешното зголемување на инфлацијата се глобалните цени на енергенсите, пред сѐ на нафтата и гасот. Притоа, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и „тесните грла“ вршат притисок врз цените на трајните добра, особено по брзото закрепнување на побарувачката. Ефектот од повисоките цени на енергенсите и неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката се очекува да се исцрпи во 2022 година. Дополнително, ниту еден од овие фактори нема да реагира на промените во монетарната политика. Сепак, централните банки, вклучително и Народната банка, ќе треба внимателно да го следат развојот на настаните за да осигураат дека евентуални повисоки очекувања за инфлацијата нема да предизвикаат продолжен раст на платите,“ било истакнато на средбата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакнала дека „со олабавената монетарна политика, како и со сите одлуки и мерки коишто ги донесе од избувнувањето на корона-кризата наваму, Народната банка дава значаен придонес за поддршка на финансиската стабилност и на македонската економија во целина.“

„Поставеноста на монетарната политика засега е соодветна. Сепак, неопходно е внимателно следење на инфлациските движења, а особено инфлациските очекувања и можните пренесени ефекти во контекст на растот на платите,“ изјавила Ангеловска-Бежоска, која истакнала дека Народната банка будно ги следи движењата во македонската економија.

„Бидејќи неизвесноста и натаму е присутна, Народната банка е подготвена соодветно одговори на случувањата, во рамките на своите надлежности и своите одлуки да ги комуницира на транспарентен начин,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...