петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: ИЦЕДА | 68 резултати

ДЕБАТА: Без технологија не можеме, прашањето е како ги користиме социјалните мрежи

5 април 2023

Самите треба да го исфилтрираме околниот свет во интернетот со кој комуницираме, а на лично ниво треба да создадеме сила за да се бориме против сите темни страни на социјалните мрежи. На нив треба да гледаме како на алатки зад кои стојат луѓе, кои мрачните работи ги вршеле и пред појавата на социјалните мрежи, само […]

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Земјите од Западен Балкан немаат капацитети за заштита од кибер напади

5 април 2023

Земјите од Западен Балкан имаат недостиг на капацитети за заштита од кибер напади, а владите немаат политичка волја да ги предводат процесите на ова поле. Ова, меѓу другото, беше констатирано на панел-дискусијата „Заедница отпорна на кибер напади“, во рамки на вториот ден од меѓународната конференција во организација на Фондацијата Метаморфозис „Дигитална трансформација за граѓаните“. Извршниот […]

Вештачката интелигенција може да им помогне на луѓето, но и да ја загрози нивната приватност

5 април 2023

Вештачката интелигенција има за цел да им помогне на луѓето и да ги забрза услугите и процесите во многу општествени сфери, но, сепак таа носи и големи ризици кои можат сериозно да влијаат на нарушувањето на приватноста и достоинството, како и на поткопувањето на слободата на граѓаните. Ова е заклучокот од денешната сесија посветена на […]

Јашари: Политичките партии – извор на дезинформации во Северна Македонија

5 април 2023

Главните извори на дезинформации во Северна Македонија се политичките партии и истите стануваат уште поопасни кога се комбинираат со дезинформации од странски агенти. Ова го посочи директорот на Фондацијата Метаморфозис – Бардил Јашари при гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21. Во Косово, според Шкелзен Османи од порталот за  проверка на фактите Хибрид.инфо, дезинформациите главно доаѓаат […]

Кибер отпорноста почнува со лична дигитална „хигиена“

5 април 2023

Кога се зборува за кибер безбедноста, односно справувањето со кибер нападите и справувањето со дезинформациите, мерките за безбедност треба почнат со она што се нарекува основна лична дигитална хигиена, а потоа да се оди повисоко. Тоа подразбира, за секој поединец – ставете заштита, заклучување на телефонот или лаптопот; редовно ажурирајте го софтверот, инсталирајте заштитен софтвер […]

Дигитализацијата треба ги намали бариерите и да го олесни пристапот на граѓаните до услугите

4 април 2023

Технологијата треба да се искористи да им се олесни животот на граѓаните, да се намалат бариерите и да се обезбеди полесен пристап до услугите. За тоа треба да се обезбедат потребни услови и да се развијат соодветни алатки, но тоа да се направи подеднакво за сите граѓани и точно да најде решение за нивните потреби, […]

Дигиталниот јаз во Западен Балкан може да се надмине од граѓаните за граѓаните

4 април 2023

Вклучувањето на граѓанското општество во процесот на дигиталната трансформација на државите, но пред сè обучувањето на граѓаните е од посебна важност, затоа што со поголемо учество на организациите полесно може да се надмине дигиталниот јаз. Ова го истакнаа претставници на граѓански организации од Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора на панел дискусијата […]

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Потребно е да се гради култура за дигитален напредок

4 април 2023

Дигиталната трансформација на општеството е многу важна тема. Мора да се работи на отпорот кон промена, институците треба да ги имплементират секојдневно дигиталните процеси. Сите во општеството треба да ги имаат потребните вештини за да ги користат услугите кои институциите (ќе) ги нудат. Ова се главните заклучоци на говорниците на отворањето на меѓународната конференција „Дигитална […]

Утре започнува меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

3 април 2023

Во хотелот „Мериот“ во Скопје утре и задутре ќе се одржи меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат, при што дел од учесниците ќе ја имаат можноста физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и Facebook Live. Конференцијата ќе […]

Неделата на проверката на факти во 2023 во знак на борбата против дезинформации на различни фронтови

3 април 2023

Фондацијата Метаморфозис и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април – Денот на проверката на факти, при што во текот на целата оваа недела ќе се одржат редица настани за проверката на факти и во земјава и на меѓународно ниво.   ПРЕГЛЕД Овогодишниот Ден за проверка на факти поминува во период на засилен […]

Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата

29 март 2023

Послаби постигања и недостаток на знаења, пад во концентрацијата, анксиозност и стрес и кај учениците и кај наставниците. Ова се последиците врз учениците до кои доведоа лажните дојави за бомби, кои со месеци речиси секојдневно го прекинуваа образовниот процес. Изминативе неколку недели дојави нема, откако училишните раководства почнаа да го применуваат новото упатство од Министерството […]

Шемата на лажните дојави за бомби: 905 закани, oсум градови, 76 електронски адреси [инфографик]

28 март 2023

Пишуваат: Мери Јордановска и Антонија Поповска   Осум градови, вкупно 905 лажни дојави за бомби, од кои 876 биле во основни и во средни училишта. Речиси третина од дојавите се случиле во среда, а најретко дојави имало во понеделник. Февруари бил месец на најмногу дојави – само пет дена во текот на училишната недела (без […]

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

27 март 2023

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично, односно со физичко присуство. Од друга страна, има нагорен тренд кај бројот на граѓани кои закажуваат термин за издавање на лична карта или патна исправа преку […]

Дебата за млади „Мрачната страна на социјалните медиуми“ на 5 април во „Јавна соба“

27 март 2023

Следната среда, на 5 април, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Мрачната страна на социјалните медиуми – коегзистирање со доброто и злото“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. Главна тема на настанот ќе бидат социјалните мрежи, со фокус на нивната „темна страна“ и негативните ефекти што ги имаат врз корисниците на […]

ДЕБАТА: Испит уште полагаме со хартиена пријава, дигиталните алатки во наставата се реткост

17 март 2023

За да се запишеш на факултет, мора да ги однесеш документите во хартиена форма на студентски прашања, мора да имаш и хартиена пријава за да полагаш испит кај професор, а за да извадиш билет за бесплатен јавен превоз во ЈСП мора да однесеш хартиена потврда дека си студент. Од друга страна, користењето на дигиталните алатки […]

Конференцијатa „Дигитална трансформација за граѓаните“ ќе се одржи на 4 и на 5 април

16 март 2023

Фондацијата „Метаморфозис“ и мрежата ИЦЕДА се организатори на меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“, што ќе се одржи на 4 и на 5 април во хотелот „Мериот“ во Скопје. Конференцијата ќе биде во хибриден формат. Некои од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите учесници ќе можат да ги проследат сесиите […]

Дебата за млади „Дигитализација во образованието“ ќе се одржи на 16 март во „Јавна соба“

7 март 2023

Наредниот четврток, на 16 март, со почеток од 18 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Дигитализација во образованието“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. На настанот ќе се зборува за можностите и предизвиците што ги носи дигитализацијата на образованието и за тоа дали и колку образовниот систем во земјава е […]

ДЕБАТА: Во ChatGPT не треба да гледаме опасност, туку можности за нов развој

23 февруари 2023

Сме читале книги и филмови од научната фантастика во која вештачката интелигенција ја надминува човечката или успева да го потчини човекот, но во реалноста дигиталните асистенти базирани на конверзациската вештачка интелигенција може да бидат од полза за натамошен развој на компетитивните општества. Некои креативни професии би можеле да бидат загрозени од ChatGPT во иднина, но […]

Познати соговорниците на дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“

20 февруари 2023

Дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“ ќе се одржи на 22 февруари (среда), со почеток од 18 часот, во Јавна соба во Скопје. Настанот е од отворен тип, а на него ќе говорат Тамара Димитрова – предавач на Brainster Next College, Петар Фидановски – советник за ИТ стандардизација во Министерството за информатичко општество […]

Има ли разбирачка со чет-ботови – дознајте на дебатата за млади

13 февруари 2023

Чет-ботовите се компјутерски програми дизајнирани да симулираат разговор со друг човек на Интернет. Како такви, можат  да бидат интегрирани на вебсајтови, платформи за пораки и мобилни апликации и да обезбедат брзи и автоматизирани услуги за клиентите, да извршуваат рутински задачи или едноставно да нудат информации и препораки. Последните неколку години, а особено по лансирањето на […]

Страна 1 од 4